Прејди на содржината

24 март

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< март >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
31
2024

24 март — 83-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (84-и во престапна година). Остануваат 282 денови до крајот на годината.

Настани:

1783  Шпанија ја призна независноста на САД.
1882  Германскиот бактериолог Роберт Кох објави дека го изолирал бацилот на туберкулозата.
1923  Грција станува република.
1949  Во Скопје е основан Државниот ансамбл на народни игри и песни на Народна Република Македонија, од 1953 г. наречен „Танец“.
1972  Велика Британија воспостави директна контрола во Северна Ирска за да ги спречи конфликтите на паравоените групи на римокатолиците и протестантите.
1976  Во Аргентина е извршен воен удар против претседателката Исабел Перон.
1980  Салвадорскиот надбискуп Оскар Ромеро е убиен од страна на десничарски терористи.
1990  Шри Ланка ја напуштија 2.000 индиски војници, последни од контигентот од 50.000, кои две и пол години безуспешно се обидуваа да помогнат во напорите за ставање крај на вооруженото востание на тамилските герилци против централните власти во Коломбо.
1993  Езер Вајцман е избран за седми претседател на Израел.
1997  Во Скопје започна главната Конференција за првата мултинационална воена вежба, што се одржа во Република Македонија од 11 до 17.05.1997 година - „Спасител '97“.
1997  Генералниот секретар на НАТО, Хавиер Солана допатува во прва официјална посета на Република Македонија.
1999  Започна бомбардирањето на СР Југославија во воената операција „Сојузничка сила“ со која силите на НАТО алијансата ја протераа југословенската војска и полиција од територијата на српската покраина Косово.
1999  39 луѓе загинаа кога белгиски транспортен камион кој превезувал брашно и маргарин се запалил во тунелот Монблански тунел.

Родени:

1494  Георгиј Агрикола — германски научник.
1782  Орест Кипренски — руски уметник.
1820  Александар Бекерел — француски физичар.
1834  Вилијам Морис — англиски писател.
1848  Јован Атанацковиќ — српски генерал.
1870  Петар Кушев — македонски лекар.
1874  Хари Худини — американски илузионист.
1887  Роско Арбакл — американски глумец и режисер.
1897  Вилхелм Рајх — австриски психоаналитичар.
1911  Џозеф Барбера — американски аниматор и режисер.
1919  Ристо Ѓорѓевски — македонски психолог.
1921  Василиј Смислов — советски шахист.
1926  Дарио Фо — италијански писател.
1930  Стив Меквин — американски глумец.
1937  Фејзи Бојку — македонски писател за деца.
1938  Холгер Шукај — германски рок-музичар.
1944  Воислав Коштуница — српски премиер.
1946  Клаус Дингер — германски рок-музичар.
1956  Стив Балмер — американски бизнисмен.
1963  Џо Думарс — американски кошаркар.
1973  Владимир Шмицер — чешки фудбалер.
1978  Томаш Ујфалуши — чешки фудбалер.
1981  Адам Вилер — американски борач.
1984  Крис Бош — американски кошаркар.
1986  Наталија Дил — бразилска глумица.
1988  Клас Лодевик — белгиски велосипедист.
1989  Андреј Семенов — руски фудбалер.
1996  Валентино Лазаро — австриски фудбалер.
2001  Вилијам Салиба — француски фудбалер.

Починале:

1603  Елизабета I — англиска кралица
1905  Жил Верн — француски писател.
1946  Александар Алехин — руски шаховски велемајстор, еден од најголемите шахисти во историјата.
1971  Арне Јакобсен — дански архитект.
1980  Оскар Ромеро — салвадорски архиепископ.
2008  Борис Дворник — хрватски глумец.
2008  Ричард Видмарк — американски глумец.
2016  Јохан Кројф — холандски фудбалер.
2018  Јосип Ваништа — хрватски сликар.
2021  Власта Велисављевиќ — српски глумец.
2024  Мирко Попов — македонски радио-водител, дикс-џокеј и музичар.