Јован Атанацковиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован Атанацковиќ
Роден 24 март 1848
Неготин, Србија
Починал 9 август 1921
Белград Кралството СХС

Јован Атанацковиќ бил српски генерал, еден од основачите на Српскиот комитет на четничката акција и воен министер [1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој е роден во Неготин, на тромеѓето меѓу Србија, Бугарија и Романија. Во родното место го завршил основното училиште, а во 1865 година се запишал при Воената академија во Белград. По завршувањето на академијата минал низ бројни гарнизони низ Србија постојано напредувајќи во кариерата, а во 1879 година станал кралски офицер ордонанас. Во 1900 година станал воен министер.

Го прифатил повикот на Милорад Гоќевац и учествувал во формирањето на Српскиот комитет на четничката акција и во него извршувал највисоки функции. Тој најверојатно бил врската меѓу српската влада и Комитетот.

Ја преживеал Првата светска војна и остварувањето на неговата замисла, припојување на Вардарска Македонија кон Србија, односно кон Кралство на Србите, Хрватите и Словенците.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Пешић, Миодраг Д. Стари четници. Крагуевац: Нови Погледи, 2000