Ристо Ѓорѓевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Ристо Трпев Ѓорѓевски (Теарце, тетовско, 24 март 1919 – Скопје, 16 април 1996) — македонски психолог и универзитетски професор.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Ѓорѓевски е роден во тетовското село Теарце на 24 март 1919 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје во 1950 година. Со титулата доктор на психолошки науки се стекнал на Филозофскиот факултет во Загреб во 1955. Бил инспектор за просвета и раководител на Одделението за школство при Министерството за просвета на ФРМ од 1944 до 1951 година. За асистент по психологија на Филозофскиот факултет во Скопје е избран во 1951, а за редовен професор во 1969 година. На Институтите за педагогија и психологија ги предавал предметите: Општа психологија, Детска психологија и Педагошка психологија. Основач е на Катедрата (Институтот) за психологија и бил нејзин прв раководител. Бил декан на Филозофскиот факултет (19691973)[2], претседател на Здружението на психолози на СФРЈ (19721976). Држел предавања на повеќе универзитети во СФРЈ, а бил визитинг професор на Универзитетот Чико, Калифорнија, САД (19731974).

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Улога квалитета разреда, скале оцјена и класификационих периода у школском оцењивању, зб. Методолошки проблеми процењивања знања и особина ученика, Београд, 1969, стр. 25-54;
  • Зависност оцена од пола ученика (коавтор Нада Божановиќ), „Зборник Филозофског факултета у Приштини“, В, стр. 447-452;
  • О школским оценама сеоске и градске деце, „Зборник Филозофског факултета у Приштини“, VI;
  • Кохезија наставних предмета, „Зборник Филозофског факултета у Приштини“, V, 1968, стр. 71-83;
  • Оцјене ученика и ученице из појединих предмета, „Психологија“, Београд, 2, 1969, атр. 288-302.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, 10. VI 1970; Филозофски факултет: 1946–1996, Скопје, 1996, 91.
  2. „Институт за Филозофија - Историјат“ (на македонски). Филозофски Факултет Скопје. http://www.fzf.ukim.edu.mk/filozofija/istorijat.htm. посет. 31 октомври 2009 г.