Кралица

Кралица е женски монарх кој владее над држава, додека царица е женски монарх кој владее над царство (империја). Машката верзија на кралица е крал. Меѓутоа, многу почесто во историјата, оваа титула е куртоазна наместо владејачка, и едноставно означува дека жената е сопруга на владетелот.
Историја
[уреди | уреди извор]Во древен Египет, Античка Персија, Азијиските и Пацифичните култури, и некои европски земји, на женските монарси им била доделена титулата крал. Византиската царица Ирина понекогаш себеси се нарекувала basileus (βασιλεύς) - "цар", отколку basilissa (βασίλισσα) - "царица“, и Јадвига од Полска била крунисана како Rex Poloniae - кралот на Полска.
Меѓу Давидските Монарси од Јудејското царство, се споменува само една кралица, Готолија, иако во Хебрејската Библија таа е негативно прикажана. Многу подоцна Хасмонејската кралица Салома Александра (Shlom Tzion) била многу популарна.
Наследството може да биде матрилинеално, патрилинеалното, или и двете. Правото на наследство можат да го имаат и мажите и жените, или да е ограничено само за мажите или само за жените.
Во 2011 година, Британскиот Комонвелт се согласи да го отстрани владеењето на патрилинеалното првородство.
Источна Азија
[уреди | уреди извор]Во Кина, Ву Зетиан станала кинеска царица и ја формира Џоу династијата по отпуштањето на нејзините синови. Треба да се напомене дека, сепак, царицата Ву ја користела титулата huangdi ("цар") што е спротивно на huanghou ("царица") и била често нарекувана, и во азиски и европски извори, женски император, а во еден била наречена царица. Слично на тоа, неколку децении порано во Кореја, кралиците Сеондеок од Сила и Јиндеок од Сила го развиле терминот yeowang ("женски крал") за себе наместо терминот hwanghu, што обично се преведувало како "кралица" и се однесувал на сопругата на кралот или царот.
Иако Хризантемскиот престол на Јапонија во моментов е забранет за жени, ова не било секогаш случајот; во текот на јапонската историја имало осум царици. Во Јапонскиот јазик се користи терминот josei tennō ("женски цар") наместо "царица", а терминот kōgō се користи за сопругата на царот.
Кралицата како тема во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Кралицата како тема во книжевноста
[уреди | уреди извор]- „Сиромашната девојка која станала кралица“ – полска народна приказна.[1]
- „За принцезата маѓепсана во змија“ – полска народна приказна.[2]
- „За проколнатата принцеза“ – полска народна приказна.[3]
- „Марцика и проколнатата принцеза“ - унгарска народна приказна.[4]
- „Портрет на инфантата“ - песна на рускиот поет Павел Антокољски.[5]
- „Вештерката“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[6]
- „Принцезата и пенисот“ — кус расказ на британската писателка Џоана Волш од 2015 година.[7]
- „Мртвата кралица“ - книга на францускиот писател Анри де Монтерлан.
- „Кралицата и шутот“ - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1901 година.[8]
- „Принцезата Брамбила“ - роман на германскиот писател Е. Т. А. Хофман.[9]
- „Принцеза“ - песна на полскиот поет Збигњев Херберт.[10]
Кралицата како тема во музиката
[уреди | уреди извор]- „Павана за мртвата принцеза“ (француски: Pavane pour une infante defunte) - композиција на францускиот композитор Морис Равел.[11]
- „Нејзиното височество“ (англиски: Her Majesty) - песна на британската поп-рок група Битлси од 1969 година.[12]
- „Господе, спаси ја кралицата“ (англиски: God Save the Queen) — песна на британската панк-рок група The Exploited од 1983 година.[13]
- „Кралица-Кучка“ (англиски: Queen Bitch) - песна на британскиот поп-рок-музичар Дејвид Боуви од 1971 година.[14]
- „Планетарна кралица“ (англиски: Planet Queen) - песна на британската рок-група Т. Рекс (T.Rex) од 1971 година.[15]
- „Господе, спаси ја кралицата“ (англиски: God Save the Queen) - песна на британската панк-рок група Секс пистолс (Sex Pistols).[16]
- „Тетоважите на кралицата“ (англиски: Queen's Tattoos) - песна на британската група Ацтек камера (Aztec Camera) од 1983 година.[17]
- „Кралицата и војникот“ (англиски: The Queen and the Soldier) - песна на американската поп-музичарка Сузан Вега (Suzanne Vega) од 1985 година.[18]
- „Кралицата е мртва“ (англиски: The Queen is Dead) - песна од истоимениот албум на британската поп-рок група Смитс (The Smiths) од 1986 година.[19][20]
- „Кралица“ - песна на македонската рок-група The John од 2012 година.[21]
Кралицата како тема во сликарството
[уреди | уреди извор]- „Хлебинската кралица под ѕвездите“ (Hlebinska kraljica pod zvijezdama) - слика на хрватскиот уметник Јосип Генералиќ од 1989 година.[22]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 77-81.
- ↑ Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 87-93.
- ↑ Пољске бајке. Београд: Народна књига, 1974, стр. 23-27.
- ↑ Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 92-97.
- ↑ Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 185-187.
- ↑ Џоана Волш, Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс. Скопје: Темплум, 2019, стр. 15-19.
- ↑ Џоана Волш, Набави си муда: 9 и 1 / 2 бајки за секс. Скопје: Темплум, 2019, стр. 25-33.
- ↑ Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 129-133.
- ↑ Влада Урошевиќ, „Хофман - писателот што го открил клучот на фантастиката“, во: Е. Т. А. Хофман, Фантастични раскази. Скопје: Македонска книга 2002, 2002, стр. 182-183.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 16.
- ↑ YouTUbe, Maurice Ravel - Pavane for Dead Princess (пристапено на 9.11.2017)
- ↑ DISCOGS, The Beatles – Abbey Road (пристапено на 9.4.2020)
- ↑ [https://www.discogs.com/master/53281-The-Exploited-Lets-Start-A-War-Said-Maggie-One-Day Discogs, The Exploited – Let's Start A War... ...Said Maggie One Day (пристапено на 7.10.2022)]
- ↑ YouTube, Queen Bitch - David Bowie (пристапено на 4.5.2017)
- ↑ DISCOGS, T. Rex – Electric Warrior (пристапено на 8.3.2018)
- ↑ YouTube, Sex Pistols - God Save The Queen (пристапено на 21.12.2016)
- ↑ YouTube, Orchid Girl - Aztec Camera (пристапено на 21.12.2016)
- ↑ YouTube, The Queen and the Soldier ~ Suzanne Vega (Lyrics) (пристапено на 21.6.2017)
- ↑ YouTube, The Smiths - The Queen is Dead (пристапено на 21.12.2016)
- ↑ The Smiths, The Queen Is Dead, KL-1738, Založba kaset in plošč, RTV Ljubljana.
- ↑ The John, Waufvw!!!, PMG Recordings #76, 2012.
- ↑ Središnja Hrvatska - Dvori s pogledom, Hrvatska turistička zajednica, 2009.
|