Танец (ансамбл)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Лого на „Танец“
Женско оро во изведба на „Танец“
Машко оро во изведба на „Танец“

„Танец“aнсамбл за народни игри и песни на Македонија, основан во 1949 година. Со своето долгогодишно постоење, „Танец“ е симбол на македонската култура и уметност, и претставува најважниот презентер на македонското фолклорно творештво.

Историја[уреди | уреди извор]

Историјата на „Танец“ започнала во 1949 година, со одредбата на македонската влада за основање на Државниот aнсамбл за народни игри и песни на Народна Република Македонија. Одредбата била издадена на 3 март 1949, а била објавена во „Службен весник на Македонија“ на 4 април 1949 година.

Според член 2, Ансамблот за народни игри и песни ги има следните задолженија:

  1. Да ги одржува, развива и негува уметничките вредности на народните игри
  2. Да ги одржува, обработува и развива народните песни
  3. Да гради програм со фолклорни народни танци и песни и на уметнички начин јавно да ги презентира

Од 2 јуни 1953 година, ансамблот го носи денешното име: Ансамбл за народни игри и песни на Македонија „Танец“.

Културна мисија[уреди | уреди извор]

„Танец“ е име кое со децении е симбол на македонската култура и уметност, амбасадор и презентер на македонското фолклорно творештво на сите континенти на земјината топка. Покрај негувањето на фолклорното творештво, народните обичаи, игри, песни и носии, преку успешните кореографски постановки, „Танец“ ги преточува во колорит и префинет израз на играње, пеење и презентирање на убавите оригинални носии изработени пред повеќе децении, кои представуваат амблем на македонската култура.

Од посебно значење е првото претставување надвор од Македонија, поточно на меѓународниот фестивал во Ланголен, Англија во 1950 год. и добивањето на првата награда, што е историски настан за Ансамблот, но и за македонската култура. Всушност, овој настан е потврда за ансамблот во успешното презентирање на македонското фолклорно богатство.

Ансамблот има настапено на над 3.500 концерти, фестивали и други културни приредби, со над осум милиони посетители. За успешноста на „Танец“ зборуваат големиот број награди, дипломи, благодарници и признанија добивани по разни поводи, концерти и сл., меѓу кои и наградите: „11 Октомври“, „Климент Охридски“ и „13 Ноември“.

Како доказ на уметничкиот квалитет на играњето, пеењето, музиката и колоритот на носиите се големиот број позитивни критики, афирмативните написи и статии од врвни стручњаци од областа на фолклорот, во разни списанија, радио и телевизиски емисии и слично, од кои дел пренесуваме во оваа Монографија.

Во овие изминати децении со програмите се опфатени голем број народни ора, песни и обичаи од повеќе краишта на Македонија меѓу кои и „Тешкото“, како симбол на македонското оро: „Невестинско“, „Комитско“, „Чифте“, „Калајџиско“, „Тресеница“, „Осоговка“, „Драчевка“ и други.

„Танец“ е во постојана и тесна соработка со македонските иселеници во дијаспората. Во таа смисла се организирани и голем број концерти во сите земји каде што живеат македонски иселеници. Тој континуирано ги помага културно-уметничките друштва во земјава и во странство во квалитетното поставување и пренесување на играорната традиција.

Во склоп на „Танец“ работи и детското младинско студио, во кое од најмала возраст кај децата се развива љубовта кон негувањето и презентирањето на фолклорното творештво.

Со цел да се зачува од пропаѓање, а истовремено и да се збогати фундусот на народни носии се врши и откуп на оргинални носии од повеќе краишта во Македонија.

„Танец“ бил организатор на низа семинари за раководители на играорни друштва. Од формирањето до денес во ансамблот работеле над 200 вработени. Денес има 42 редовно или повремено вработени во уметничкиот дел (9 надворешни), како и 9 вработени вклучени во реализацијата на програмите.

Познати уметници[уреди | уреди извор]

Ова се некои од познатите уметници кои работеле во ансамблот Танец:

Концертни настапи и музички изданија[уреди | уреди извор]

Дискографија[уреди | уреди извор]

По повод 65-годишното постоење на ансамблот, во декември 2014 година, „Танец“ го издал првото комерцијално музичко и видео издание (CD и DVD), под етикетата на „Југотон рекордс“. На музичкиот компакт-диск се наоѓаат 25 оригинални аудио-снимки, додека дигиталниот видео-диск содржи снимки од 12 концерти на ансамблот, во траење од 12 минути.[1]

Концерти[уреди | уреди извор]

На 16 декември 2014 година, во салата на Македонската опера и балет, „Танец“ го изведол завршниот годишен концерт, под наслов „Танец низ времето“.[2] На 4 март 2015 година, во Македонската опера и балет бил одржан хуманитарен концерт на „Танец“, наменет за помош на поплавените подрачја во Македонија. На програмата биле оратаЖетварка“, „Сретсело“, „Преспански игри“, „Малешевка“, како и оркестарските изведби „Шапкарево-касапско оро“, „Мерак тамбура оро“ и „Моминско оро“. Како солисти настапиле: Марјан Стојановски, Сузана Спасовска, Билјана Јосифова и пејачки групи на „Танец“.[3]


На 29 јануари 2015 година, по повод 65 годишнината од основањето, била претставена монографијата „Танец - душата на Македонија (1949-2014)“ чии автори се Родна Величковска и Марко Китевски.[4]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Танец со прво комерцијално цеде и дивиди“, Дневник, година XVIII, број 5643, вторник, 16 декември 2012, стр. 19.
  2. „Танец со прво комерцијално цеде и дивиди“, Дневник, година XVIII, број 5643, вторник, 16 декември 2012, стр. 19.
  3. „Концерт на „Танец“ и МОБ за помош на поплавените“, Утрински весник, година XVI, број 4724, вторник, 3 март 2015, стр. 15.
  4. „Танец 65 години ги бранува емоциите на публиката“, Дневник, година XIX, број 5679, петок, 30 јануари 2015, стр. 18.