Осоговка
Изглед

Осоговка е народно оро од Кочанско, кое географски потекнува од селата на Осоговските планини.
Тоа е типично темпераментно машко народно оро, со изразито балансирање, потскокнување, доскокнување и остри движења со двете нозе. Се игра со голема екстраваганција и одважност и на одредени моменти со гласни извици на играорците [1]. Карактеристично за орото Осоговка е што во еден момент во играта еден од играорците го подигнува другиот повисоко од своите раменици, за што е потребна извесна умешност и сила.
Целта на ваквите ора била да се прикаже силата на играорците кои го играле, како и нивната ритмичност заради релативно брзиот ритам и разиграни чекори.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Кореографии, КУД Таше Милошевски“. Архивирано од изворникот на 2009-11-02. Посетено на 2009-12-06.
|
![]() | Оваа статија оро или играорство е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |