Беранче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Беранче е македонско оро со ритам 18/16 (2, 2, 3, 2, 2, 2, 2, 3). Се игра со држење на китките на рацете, кои се малку свиткани во лактите. Ова е типично машко борбено оро, со високи балансирања во бавниот дел, а со потскоци, доскоци и остри движења во брзиот дел. Во вториот дел се игра и во парови, при што левиот играч го подигнува десниот високо над себе (раце за раце). Во минатото најчесто се играло во Битолско, како што и самото име потекнува според селото Беранци.

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]