Потрчулка
Изглед
Потрчулка е македонско оро кое потекнува од Овче Поле, а се игра и во Кочанско Поле. Орото во првиот дел од образецот се завлекува со нозете, а потоа следат благи потскоци и баланси. Ги играат жени. Се игра во отворен круг. Орото при играње се движи во десно. Жените ги држат рацете во полузавиен став во пределот на лактите. Според карактерот, орото е соборско.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|