Југозападно играорно подрачје
Под Југозападни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат од Брсјачката етнографска целината, а тоа се регионите: Дебрца, Малесија, Железник, Порече, Струшки Дримкол, Струшко Поле, Мариово, Тиквеш, Прилепско Поле, Битолско Поле, Цапарско Поле, Горни битолски села, Кичевија и Охридско Поле.
Одлики на ората
[уреди | уреди извор]Од аспект на традиционалната игра, Брсјаците во однос на нивните соседи, Мијаците, секогаш биле поимани коко многу послободни во изразувањето на традиционалната игра. Главен инструмент во придружба на играта е гајдата, која може да се свири соло, а може и во пар. Брсјаците биле особено талентирани за инстументот гајда, така што во едно село можеле да се сретнат и до дваесет гајдаџии.
Женски стилски одлики на ората од ова подрачје се: поголема слобода во играчкото изразување, посложени играчки чекори, ситни и умерени метро-ритмички обрасци, балансирани чекори, држење за раце во долна позиција или подигнати во висина на половината.
Машки стилски одлики на ората од ова подрачје се: чекори со подскоци, скокови, сложени играчки обрасци, држење за рамо и за подигнати раце во висина на гради.
Оваа статија за македонскиот фолклор е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Оваа статија оро или играорство е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
[уреди | уреди извор]
|