Повратено оро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Повратено е женско македонско оро, кое кореографски потекнува од Скопско.[1]

Ова е умерено брзо оро кое се игра со преминување на чекорите од цело на полустапало. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Играчите се држат за појас. Ритамот е двочетвртински.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 66-69