Левото

Од Википедија — слободната енциклопедија

Левото е македонско оро, кое потекнува од Костурско. Орото е женско, се игра во кружна форма, при што првите две играорки можат да отстапат од кружната форма и да продолжат во паровидна игра, со тоа што втората играорка се држи за танецот поточно со третата играорка (односно според локалниот термин се крепат).

На орото по природен пат се надоврзува песната Крена Мартината:

Кренa Мартината, мори мила мамо, фати планината,
Ај фати планината, мила мамо, ојду на Локвата,
Та-на-на-на-на-на, танана-нана-на-на, ојду на Локвата
Таму се собрале, мори мила мамо, от три села чупи,
Ај от три села чупи, мила мамо, от пет села деци,
Та-на-на-на-на-на, танана-нана-на-на, от пет села деци,
Чупите Д’мбенски чупите Смрдечки не се теку лепи,
Ај не се теку лепи, мила мамо, лепи му се речи,
Та-на-на-на-на-на, танана-нана-на-на, лепи му се речи,
Гласо му се крена, мори мила мамо, многу на далеку,
Ај многу на далеку, мила мамо, до Солуна града,
Та-на-на-на-на-на, танана-нана-на-на, до Солуна града,
Енаш те опулве, мори мила мамо, и те опијанве,
Ај енаш шом запее, мила мамо, умо ти го креве,
Та-на-на-на-на-на, танана-нана-на-на, умо ти го креве.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]