Западно играорно подрачје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Под Западни ора се подразбираат македонските народни ора што потекнуваат од: Горни Полог (или Гостиварско), Долни Полог (или Тетовско), селата под Сува Гора, Мала, Долна и Горна Река - Мијаци, Дебарско Поле, Дебарски Дримкол и пределите Голо Брдо и Гора.

Карактеристики на ората[уреди | уреди извор]

Жени играат оро на Галичката свадба

Главна специфика на западното играорно подрачје во однос на орската традиција е големиот број на ороводни песни. Ова играорно подрачје во споредба со другите играорни подрачја има помал број на ора кои се изведуваат со инструментална придружба. Главни инструменти се зурлата и тапанот. Можеби поради недостигот на инструменталисти, во ова играорно подрачје се сретнуваат голем број на ороводни песни. Во западното играорно подрачје се забележани пет глувонеми ора, односно ора без музичка придружба, кои во другите играорни подрачја се вистинска реткост.

Женските ора се елегантни и грациозни, а машките ора се тешки и со многу комплексни движења. Ора од овој регион се: Тешкото, Невестинското, Чамче, Меткалистето и други.