Прејди на содржината

Марко Коловски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Марко Коловски роден е на 25.11.1957 година во Струга. Средно музичко училиште завршил во Битола, а во 1977 година се запиша на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Студира паралелено Музичка теорија и педагогија и Музикологија. Во 1981 година дипломира на МТП, а во 1983 година на одделот за Музикологија, во класата на Проф. Драгослав Ортаков. Од 1985 година работи во музичката програма на Македонско радио. Во 1987 година станува Уредник не Редакцијата за класична музика, а од 1989 до 2000 година е Уредник на Музичката програма на Македонското радио. Сиве овие години пројавува значајна активност во Сојузот на композиторите на Македонија. Повеќе наврати бил секретар, а еднаш и потпретсседател на СОКОМ. Во 1994 година ја доби наградата „Панче Пешев„ за најуспешно остварување во областа на музичкото творештво и музикологија, за книгата „Македонски композитори и музиколози„. Од 1997 година е главен и одговорен уредник на списанието „Музика„. Во декември 2002 година е именуван за Директор на Ансамблот за народни песни и игри на Македонија - Танец. Од 2007 година е Претседател на Сојузот на композиторите на Македонија. Автор е на делот за музиката во Мултимедијалната Enciklopedija Macedonika. Член е на една од редакциите на МАНУ за изработка на Енциклопедијата на Македонија.

Книги:

- Македонски композитори и музиколози, Скопје, 1993

- Корени и цутови, - Фолклорот во творештвото на Властимир Николовски, Скопје, 1996, ракопис

- Ex tempore - Охридско лето 1991 - 2001, Скопје, 2001,

- Macedonian music: во: "MUSIC IN THE BALKANS". Tirana, 2001

- Охридско лето 1961 - 1996 (делот за музиката), 1996

- All Infinito - Есеи за македонската музика, Скопје, 2009

Учество во мултимедијални ЦД проекти:'

- ENCIKLOPEDIA MACEDONIKA - Семос мултимедиа, 1999; 2002; 2003;

- МУЛТИМЕДИЈАЛНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ МУЗИЧКИ ФОЛКЛОР

- Мултимедијална енциклопедија „Културата на Македонија на 20-от век“ - Министерство за култура, Семос Мултимедија, 2004 г.

(Ко)Автор во енциклопедиски проекти:

Енциклопедија Британика - македонско издание, 2005

Општа енциклопедија, МИ-АН, 2005

Македонска енциклопедија (107 одредници), Скопје, 2009

„Музика - Опера- Балет, Кратка Мианова енциклопедија, Скопје, 2009 (соавтор)

Студии и статии:

Музиката во Стара Грција, 1978, ракопис

Вокалната драматургија на Мусоргоски во операта "Борис Годунов", 1979 (ракопис)

"Тешкото" во творештвото на Властимир НиколовскиИ, Реферат на музиколошкиот симпозиум во рамките на Средбите на музичките академии, Приштина, 1980

Вагнеровата концепција на музичката драма, 1980, ракопис

Музиката како семиотичен систем, Македонско радио, Трета програма, 1981

Варијанти на песни од ракатките на Мокрањац во печатените збирки со македонски народни песни, "Современост", бр. 1-2, Скопје, 1982

Проекција на примената на социолошките методи во областа на социологијата на музиката, Македонско радио, Трета програма, 1982 Фолклор и поединечното музичко стваралаштво, "Звук", бр. 2, Сараево, 1986

За теориските аспекти на музичката критика, "Современост" бр. 6-7, Скопје, 1986.

Ментална организација на звучното поле, Реферат на музиколошкиот симпозиум на 12 Струшка музичка есен, Струга, 1986

Информациските аспекти на дивертиментото за флејта и гудачи од Властимир Николовски, 13-та "Струшка музичка есен", Струга, 1987

Рационалистички елементи во музичкото творештво, Струшка музичка есен, 1988

Сончевите врвови на човештвото, "Лик", Нова Македонија, Скопје, 1991

Генијот и злосторството, "Лик", Нова Македонија, 1991

"Убијте го тој пес...", "Лик", Нова Македонија, 1993

50 години СОКОМ, "Музика" бр. 1, октомври - Декември, 1997, стр. 1 - 12

Од звукот кон музиката, "Музика" бр. 1, октомври - Декември, 1997, стр.

Стилот во музиката, "Стожер", бр. 26, Октомври-Ноември 1998, стр. 46 - 48

Македонската музика на програмата на Радио Скопје, "Замп" бр. 2, 1998, стр. 26 - 29

Малите ангели, "Олимписка ревија" бр. 2. 1998

Рацианлистички елементи во музичкото творештво, "Музика" бр. 2 - 3, јануари - Јуни, 1998, стр.

Тома Манчев - Скица за творечки портрет, Скопје, 1999

Macedonian music, Macedonian music, No. 1, SOCOM, 1999

Првите македонски симфоничари: Смокварски - Ивановски - Македонски, Зборник на МАНУ,, 2004

Драгослав Ортаков: Многустран творец и љубопитен истражувач на македонската музичка култура, Музика, бр.12., 2005

За музичката чувствителност на Македонците, Струшка музичка есен 2007

"Кога живеел Јоан Кукузел" - Струшка музичка есен 2008

"Искушенијата на современото македонско музичко творештво" - Музика, бр. 15. Скопје, 2009

"Томе Манчев: На изворот на поската школа на дваесеттиот век" - 2009

Осврти:

Единаесетта струшка музичка есен, Трета програма, бр. 24, Скопје, 1985

Денови на македонската музика, Трета програма, бр. 24, Скопје, 1985

Дванаесетта струшка музичка есен, Трета програма, бр. 27, Скопје, 1986

"Современа македонска музика" од Тома Прошев, "Современост" бр. 9, Скопје, 1986

Значаем дострел на македонската музикологија, Осврт кон книгата од Драгослав Ортаков „Арс нова Мацедоника„, Трета програма, бр. 29, Скопје, 1987

Трибина на југословенското музичко творештво, Трета програма, бр. 36, 1988

Охридско лето, 1996, "Збор", бр. , Скопје, 1996


М. Коловски е автор на неколку стотини рецензии и критики објавени во печатот, стручните списанија и електронските медиуми во Македонија.