Анка Гиева

Од Википедија — слободната енциклопедија
Анка Гиева
Роден(а)1938
Скопје, Македонија.
Занимањапејачка
Период на активност1957 - 2013

Анка Гиева ( 1938 во Скопје) — македонска изведувачка на македонски народни песни.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Гиева е позната како изведувач на македонски народни песни. Била професионално вработена во Македонскиот народен театар, а потоа во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ во Скопје. Снимила голем број антологиски песни за потребите на Радио Скопје, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, "Да сум бистра вода", "Отвори ми бело Ленче" и др.

Во 2022 година добива "Орден за заслуги" на Република Македонија од претседателот "Стево Пендаровски".

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Анка Гиева“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 355–356. Text "series " ignored (help)