Комитско оро

Од Википедија — слободната енциклопедија

Комитско е машко македонско оро. Кореографски потекнува од Кочанско.[1]

Орото се игра на цели стапала и живо. Штом ќе се забрза, орото станува полетно. Орото го играле комитите без песна и свирка за да не ги чуе непријателот. Орото има варијанта, при која на забрзан ритам играорците ги пуштаат рацете и се фаќаат за појас.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ганчо Пајтонџиев: Македонски народни ора, Македонска книга, Скопје, 1973, стр. 318