Пеце Атанасовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пеце Атанасовски
Споменик на Пеце Атанасоски во Прилеп (4).JPG
Роден 25 октомври 1925
Долнени, Кралство СХС (денес Македонија)
Починал 14 септември 1996
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Занимање играорец, гајдаџија


Пеце Атанасовски[б 1] (Долнени, 25 октомври 1925Скопје, 14 септември 1996, Скопје) — македонски играорец и инструменталист, кој се смета за најпознат македонски гајдаџија и еден од најплодните собирачи на македонски народни песни и ора.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

[[Податотека:]] Пеце Атанасовски е роден на 25 октомври 1925 во селото Долнени. Неговите први музички настапи започнале на Радио Скопје во 1946 година, како и во ансамблот „Танец“ во 1950 година. Во периодот од 1959 до своето пензионирање бил раководител на Оркестарот на народни инструменти во Радио Скопје и кореограф на повеќе од дваесет културно-уметнички друштва во Македонија. Од Од 1966 година, па во текот на следните 29 години, раководел со Фолклорната школа за странци во Отешево. Во 1973 година го основал и бил директор на Долненскиот фестивал. Со своите гостувања со разни културно-уметнички друштва низ светот ги афирмирал високите достоинства на македонскиот мелос. Како светски признат народен инструменталист држел часови на повеќе универзитети низ светот, меѓу кои и во Лос Анџелес и Токио. Починал на 14 септември 1996 година во Скопје.[1]

Награди[уреди | уреди извор]

Атанасовски бил носител на 19 меѓународни награди на светските фестивали во Ланголен, Англија, Брно, Чешка итн. Во конкуренција на 1.800 гајдаџии од целиот свет, тој го освоил првото место и наградата „Златна гајда“ на фестивалот во Ериче, Италија во 1968 година.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Во текот на својата кариера, Атанасовски собрал фолклорна збирка од околу 20.000 народни песни и ора.[1] Освен нив, компонирал и новосоздадени фолклорни песни, меѓу кои се издвојуваат „Ајде чудо, чудо“ и „Като, Като, Катерино“.[2]

Чествување[уреди | уреди извор]

Долненскиот фестивал по смртта на Пеце Атанасовски бил именуван во негова чест и го добил името Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Споменици во негова чест се подигнати во родното село Долнени и во Прилеп.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Некои извори, како на пример Македонска енциклопедија, неговото презиме го посочуваат како „Атанасоски“. Сепак, на натписната плоча приложена кон неговиот споменик во Долнени, неговото презиме се споменува како „Атанасовски“.]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Македонска енциклопедија. I (изд. I.). Скопје: МАНУ. стр. 101-102. ISBN 978-608-203-024-1.
  2. Duet Branko i Ljube Biškoski, Ja podajmi mome tenka puška, Jugoton, EPY-44567.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]