Калајџиско оро
Изглед

Калајџиско — машко македонско оро, кое кореографски потекнува од Велешко.[1]
Ова е умерено брзо оро кое кон крајот се забрзува. Се одликува со мирни движења и балансирани чекори. Се игра со потскоци и ниски потклекнувања. Обилува со драмски елементи, својствени на калајџискиот занает. Играчите се во полукруг, со лицето свртени кон центарот на кругот. Се држат за рамо. Ритамот е 11/16. Постојат две варијанти на ова оро.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Михаило Димоски: Македонски народни ора, Наша Книга, Скопје, 1977, стр. 200-203
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| Оваа статија оро или играорство е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |