Ангус Јанг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ангус Јанг
На концерт - Келн, Германија 2001
На концерт - Келн, Германија 2001
Основни податоци
Роден(а)3 март 1955
Шкотска Глазгов, Шкотска
ПотеклоГлазгов, Велика Британија
Жанр(ови)Рокенрол, Хард рок, Хеви метал, Блус рок
Занимање/њагитарист, текстописец, продуцент
ИнструментиГитара
Години на активност1973 - до сега
Продукциска куќа/ќиEMI, Епик Рекордс, Атлантик Рекордс, Albert
Мрежно местоacdc.com

Ангус МакКинон Јанг (англиски: Angus McKinnon Young; р. 31 март 1955) — главен гитарист, песнописец и еден од основачите на австралиската хард рок група AC/DC. Тој е познат по своите диви, енергични настапи на сецената и својата школска униформа со која настапува. Тој е рангиран на 96-то место на Роулинг Стоуновата список на „100 Најдобри Гитаристи на Сите Времиња“.

Животопис[уреди | уреди извор]

Јанг е роден во Шкотска, како едно од седумте деца на Вилијам и Маргарет Јанг. Во 1963 година заедно со фамилијата се преселуваат во Австралија каде на 15 годишна возраст завршува со школување. Под влијание на неговиот брат се развива во него желбата за музика. Сѐ започна кога неговата мајка за Божиќ им купи акустични гитари нему и на неговиот постар брат Малколм. Јанг се посветил на гитарата и напорно вежбал

, свирејќи познати хитови на легендите како Чак Бери, Елвис Присли и Роберт Џонсон. Поканет од неговиот брат Малколм да му се придружи на новоформираната група, тој се согласува.

Ангус Јанг со Бон Скот, 1979

Хоби на Ангус му е цртање на пејзажи. Тој е голем противник на спортот и дрогата, единствено е пушач на цигари. За време на концерти тој го презентира својот „пајкин ôд“(„duck-walk“), преземен од Чак Бери. Огромно влијание врз неговиот начин на свирење имаа гитаристи како Чак Бери и Мади Вотерс. Тој е еден од пониските гитаристи, висок е само 157 сантиметри.

Иако е сметан за еден од најдобрите гитаристи во светот , тој признава дека неговиот брат Малколм е подобар. Во еден од разговорите со него тој вели дека не видел посилна десна рака од Малколмовата.

Опрема[уреди | уреди извор]

Јанг користи две „Гибсон СГ Стандард“(Gibson SG) гитари, едната е од 1964, а другата од 1968 година. Марката на жиците кои ги користи се „Ерни“(Ernie Ball RPS Power Slinky 9 - 42 ). Засилувачот му е марка „Маршал“(Marshall JMP 100Watt Master Volume Head) и звучниците „Marshall 1960A Slant Cabinet / 4x12, Marshall 1960B Straight Cabinet / 4x12“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]