18 ноември

Од Википедија — слободната енциклопедија

Предлошка:Ноември 2024 18 ноември — 322-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (323-и во престапна година). Остануваат 43 денови до крајот на годината.

Настани:

1903  САД потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал.
1991  Српските сили го освоија хрватскиот град Вуковар, по 87-дневна опсада.
1997  Делегација на Армијата на Република Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Црешовото топче е пронајдено во Воениот музеј на Армијата на Турција.
2012  Теодор III избран за патријарх на Коптската православна црква.

Родени:

1874  Крсте Петков Мисирков — македонски лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист и политички борец за македонската национална афирмација.
1905  Јован Поповиќ — српски и југословенски писател.
1906  Клаус Ман — германски писател.
1928  Александар Ежов — македонски книжевен критичар.
1936  Дон Чери — американски џез-музичар.
1939  Маргарет Етвуд — канадска писателка, критичарка и есеистка.
1950  Греам Паркер — англиски поп-пејач.
1960  Александар Донски — литературен преведувач, писател и историчар.
1960  Ким Вајлд — англиска поп-пејачка.
1962  Кирк Хамет — американски гитарист, член на групата „Металика“ (Metallica).
1963  Петер Шмајхел — дански фудбалер.
1966  Зоран Савиќ — српски кошаркар.
1968  Овен Вилсон — американски глумец.
1983  Мајкл Доусон — англиски фудбалер.
1985  Алисон Феликс — американска атлетичарка.

Починале:

1922  Марсел Прустфранцуски писател и академик.
1936  Ганчо Хаџипанзов — македонски револуционер и поет, учесник во Шпанската граѓанска војна.
1952  Пол Елијар — француски поет.
1962  Нилс Бор — дански теоретски физичар — основач на теоријата за структурата на атомот.
1976  Мен Реј — американски фотограф.
1986  Љупчо Арсов — македонски политичар.
1991  Густав Хусак — претседател на Чешка.
1994  Кеб Келовеј — американски џез-пејач.
2002  Џејмс Кобурн — американски глумец.
2005  Ангел Чемерски — македонски револуционер и политичар.
2007  Томо Софрониевски — македонски првоборец и политичар.
2008  Бранко Гапо — македонски филмски режисер.
2017  Наим Сулејманоглу — турски кревач на тегови.