Густав Хусак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Густав Хусак
Густав Хусак


Мандат
29 мај 1975 – 10 декември 1989
Претходник Лудвик Свобода

Роден 10 јануари 1913(1913-01-10)
Дубравка, Кралство Унгарија денешна Словачка
Починал 18 ноември 1991(1991-11-18) (возр. 78)
Братислава, Чехословачка
Партија Комунистичка партија на Чехословачка.

Густав Хусак (словачки: Gustáv Husák) — чехословачки политичар и последниот социјалистички претседател на комунистичка Чехословачка.

Тој е роден на 10 јануари 1913 година во Дубравка (денеска дел од градот Братислава), Кралство Унгарија, денешна Словачка. Во Комунистичката партија на Чехословачка се приклучил во 1933 година. Во времето на Втората светска војна, тој бил уапсен поради ширењето на антифашистичката пропаганда. По крајот на војната, тој се вклучил во политичкиот живот на земјата, но во 1950 година бил обвинет дека практикува буржоазен национализа, и уапсен во 1951 година. Во 1954 година бил осуден на доживотен затвотр. Во 1960 година бил амнестиран, а во 1964 година му било одобрено повторно неговото членство во партијата.

Во 1975 година Хусак бил избран за претседател на Чехословачка. На таа позиција останал во 1989 година, кога поднелч оставка. Починал по две години во Братислава.