Томо Софрониевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Томо Софрониевски (Тетово, 18 април 1920 - Скопје, 18 ноември 2007) бил македонски првоборец и политичар[1].


Биографија[уреди | уреди извор]

Софрониевски бил роден во Тетово на 18 април 1920 година во сиромашно и работничко семејство. Како припадник на работничкото движење во 1938, бил и член на КПЈ (1940). Тој бил еден од организаторите на НОБ во Тетово и Тетовско (1941). Ја извршувал и функцијата секретар на МК на КПЈ и бил член на Воениот штаб на МК на КПЈ во Тетово. Подоцна бил и член на ОК на КПЈ (од 1942 до 1943) и на Првиот областен комитет на КПМ, заменик политички комесар на Штабот на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ, политички комесар на НО баталјон „Орце Николов“ во 1943 година и командант на Военото подрачје за Кичево и Тетово (1944). По Ослободувањето извршувал разни општествени функции. Бил претседател на СЗБ од НОВМ. Носител е на Партизанска споменица 1941[2]. Починал во Скопје во на 18 ноември 2007 година[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. (на македонски) Македонска енциклопедија. II (прво издание). Скопје: МАНУ. ISBN 978-608-203-024-2. 
  2. ДАРМ - Скопје, ракописна биографија, ф. „Биографии“
  3. „ПОСЛЕДЕН ЗБОР Томо Софрониевски“ (на македонски). вторник, 20 ноември 2007. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=2D670EFE5E746849B12F75D5E0F70DDE. конс. 27 октомври 2009 г.