Прејди на содржината

Мохамед Диаме

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мохамед Диаме
Лични податоци
Роден на 14 јуни 1987(1987-06-14)(38 г.)
Роден во Кретил, Франција
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција дефанзивен среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед
Број 15
Младинска кариера
Ланс Ланс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2007 Ланс Б 83 (11)
2007-2008 Линарес 2 (0)
2008-2009 Рајо Ваљекано Рајо Ваљекано 12 (0)
2008-2012 Виган Атлетик Виган Атлетик 96 (5)
2012-2014 Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 71 (7)
2014-2016 Хал Сити Хал Сити 50 (13)
2016-2019 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 97 (5)
Репрезентација
2011-2017 Сенегал Сенегал 36 (1)

Мохамед Диаме исто така познат како Момо Диаме (роден на 14 јуни 1987) — сенегалски фудбалер, играч од средниот ред на англискиот клуб Њукасл Јунајтед и на сенегалската репрезентација.

Иако е роден во Франција, Диаме избрал на репрезентативно ниво да ја претставува сенегалската репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Почетоци

[уреди | уреди извор]

Роден во Кретил, Диаме ја започнал својата професионална кариера во 2003 година со екипата на Ланс, но тој го напуштил клубот четири години подоцна, откако се соочувал со здравствени проблеми. По целосното закрепнување, тој потпишал за шпанскиот нисколигаш Линарес во 2007 година, а следната година се преселил во Рајо Валјекано, помагајќи му на клубот од Мадрид да стигне до средината на табелата во Сегунда дивисион, откако избориле промоција сезона пред тоа. Во текот на неговото време во Рајо било објавено дека екипите од Примера Дивисион, гигантите Реал Мадрид и Барселона биле заинтересирани за ангажирање на Диаме во својте редови, како и англискиот клуб Арсенал.

Виган Атлетик

[уреди | уреди извор]
Диаме со Виган во 2010 година

Во август 2009 година, Диаме го комплетирал својот трансфер во Премиер лигата откако потпишал за екипата на Виган Атлетик, за кого клубот исплатил 3.800.000 евра на екипата на Рајо, во договор во кој исто така, бил вклучен одбранбениот играч на Латикс Антонио Амаја, кој заминал во спротивен правец од Диаме. Трансферот претходно привремено бил ставен на чекање, по наводните проблеми со срцето кој му биле пронајдени. Диаме го направил своето деби на истиот ден кога го завршил неговиот трансфер, во поразот со 5-0 на неговиот нов тим од Манчестер Јунајтед. Тој го постигна својот прв гол за Виган против Сандерленд на 6 февруари 2010 година. По крајот на сезоната 2011-2012 тој беше ослободен од Виган и станал слободен играч во летото.

Вест Хем Јунајтед

[уреди | уреди извор]

На 20 јуни 2012 тој потпишал три-годишен договор со Вест Хем Јунајтед. По доаѓањето во клубот одбрал да го носи дресот со број 21., кој претходно го носел неговиот сонародник Папа Буба Диоп. Диаме го направил своето деби за Вест Хем на 18 август 2012 година во победата со 1-0 над Астон Вила. Својот прв гол за чеканите го постигнал во поразот со 3-1 од Арсенал на 6 октомври 2012 година. Вкупно за клубот одиграл 79 натпревари и постигнал 7 гола.

На 1 септември 2014, Диаме потпишал три-годишен договор со Хал Сити. Две недели подоцна, го направил своето деби за клубот на Кеј-Си стадионот, постигнувајќи еден од головитепротив својот поранешен клуб Вест Хем Јунајтед во ремито 2-2.

Диаме играјќи за Хал Сити против Евертон во 2014

На 28 мај 2016, Диаме го постигнал единствениот гол со кој Хал го совладал Шефилд Венздеј со 1-0 во финалето на плејофот на Чемпионшип лигата и успеал да избори промоција во Премиер лигата веднаш откако испаднале во претходната сезона.

Њукасл Јунајтед

[уреди | уреди извор]

На 3 август 2016, потпишал три-годишен договор со Њукасл Јунајтед.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

На 22 март 2011 година, Диаме бил повикан да игра за селекцијата на Сенегал, за која имал квалификации бидејќи неговиот татко е роден во Дакар Диаме го направил своето репрезентативно деби подоцна во месецот.

Во јули 2012 година, Диаме беше најавен како еден од трите играчи кој ја надминуваат старосната границата за настап на ЛОИ 2012 во Сенегалскиот тим. Диаме играше во сите четири натпревари (три во групната фаза и во четвртфиналето) на својата репрезентација, но Сенегал испадна во четвртфиналето каде беа поразени од Мексико со 4-2 по продолженија.

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 24 октомври 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2005-2006Франција Ланс БАШФ281---------281
2006-2007АШФ-----------00
Вкупно Ланс Б281------281
2007-2008Шпанија Линарес2ªБ31+11+0КШ11------332
2008-2009Шпанија Рајо Валјекано351КШ20------371
2009-2010Англија Виган АтлетикаПЛ341ФАКуп+ЛК2+10------371
2010-2011ПЛ361ФАКуп+ЛК3+12+0------403
2011-2012ПЛ263ФАКуп+ЛК--------263
Вкупно Виган Атлетик96572----1037
2012-2013Англија Вест Хем ЈунајтедПЛ333ФАКуп+ЛК1+00------343
2013-2014ПЛ354ФАКуп+ЛК0+60------414
авг. 2014ПЛ30ФАКуп+ЛК0+10------40
Вкупно Вест Хем Јунајтед71780----797
авг. 2014-2015Англија Хал СитиПЛ124ФАКуп+ЛК--------124
2015-2016ЧЛ38+39+1ФАКуп+ЛК1+30------4510
Вкупно Хал Сити501340----5413
2016-2017Англија Њукасл ЈунајтедЧЛ222ФАКуп+ЛК0+40+3------265
Вкупно во кариерата33330266----35936

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]