Премиер лига на Англија 2011-2012

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сезоната 2011-12 во Премиер лигата беше 20-та сезона од основањето на Премиер лигата во 1992. Сезоната започнала на 13 август 2011, а завршила на 13 мај 2012.

Титулата ја освоила екипата на Манчестер Сити, нивна прва по 1968 година. Во драматичен крај на првенството Сити станал шампион благодарение на подобрата гол-разлика од градскиот соперник Манчестер Јунајтед иако двата тима биле изедначени со по 89 освоени бодови. Во последното коло од првенството, Сити на домашен терен ги победиле Квинс Парк Ренџерс со 3-2, со два гола за пресврт во судиското продолжение постигнати од страна на Един Џеко и Серхио Агуеро. Оваа била една од најизвесните и надраматичните сезони во Премиер лигата, бидејќи шампионот не беше познат до самиот крај на натпреварите од последното коло. Исто така за првпат во историјата на Премиер лигата гол-разликата го одредила шампионот. За Манчестер Сити ова е трета титула во Англискиот фудбал и прва титула во Премиер лигата, со што станале петтиот тим кој ја освоил титулата. Сезоната е прогласена за најдобра од сите претходни 20.

Покрај Манчестерските соперници, во шампионската лига се пласирале и екипите на Арсенал и Челзи (благодарение на титулата освоена во оваа сезона). Од лигата испаднале Болтон, Блекбурн и Вулверхемптон.

Најдобар стрелец бил Робин ван Перси од Арсенал со 30 постигнати гола.

Завршна табела[уреди | уреди извор]

Поз
Екипа
Оди
П
Н
И
ДГ
ПР
ГР
Бод
Квалификации или испаѓање
1 Манчестер Сити Манчестер Сити (C) 38 28 5 5 93 29 +64 89 УЕФА Лига на Шампиони 2012–13 Групна фаза
2 Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 38 28 5 5 89 33 +56 89
3 Арсенал Арсенал 38 21 7 10 74 49 +25 70
4 Тотенхем Тотенхем 38 20 9 9 66 41 +25 69 УЕФА Лига Европа 2012–13 Групна фаза 1
5 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 38 19 8 11 56 51 +5 65 Лига Европа 2012–13 Плеј-оф рунда
6 Челси Челси 38 18 10 10 65 46 +19 64 УЕФА Лига на Шампиони 2012–13 Групна фаза 1
7 Евертон Евертон 38 15 11 12 50 40 +10 56
8 Ливерпул Ливерпул 38 14 10 14 47 40 +7 52 Лига Европа 2012–13 Трета рунда квалификации 2
9 Фулам Фулам 38 14 10 14 48 51 −3 52
10 Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион 38 13 8 17 45 52 −7 47
11 Свонзи Сити Свонзи Сити 38 12 11 15 44 51 −7 47
12 Норич Сити Норич Сити 38 12 11 15 52 66 −14 47
13 Сандерленд Сандерленд 38 11 12 15 45 46 −1 45
14 Стоук Сити Стоук Сити 38 11 12 15 36 53 −17 45
15 Виган Атлетик Виган Атлетик 38 11 10 17 42 62 −20 43
16 Астон Вила Астон Вила 38 7 17 14 37 53 −16 38
17 КПР КПР 38 10 7 21 43 66 −23 37
18 Болтон Болтон (R) 38 10 6 22 46 77 −31 36 Чемпионшип лига 2012-13
19 Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс (R) 38 8 7 23 48 78 −30 31
20 Вулверхемптон Вулверхемптон (R) 38 5 10 23 40 82 −42 25

Извор: Barclays Premier League
Правила за рангирање: 1st points; 2nd goal difference; 3rd number of goals scored.
1Челзи ја освои Лигата на шампионите 2011–12 и се квалификува за фазата по групи во ова натпреварување за следната сезона како бранител на титулата. Во врска со то Тотенхем ќе игра во Лигата на Европа во сезоната 2012–13, бидејќи само четири тима од Премиер лигата можат да настапуваат во Лигата на шампионите.
2Ливерпул го освоил Лига купот и се квалификувал за третата квалификациона рунда во Лига Европа.
(C) = Шампион; (R) = Испаѓа; (П) = Промоција; (О) = Плејоф победник; (A) = Се пласирал во следната рунда.
Применливо само кога сезоната не е завршена:
(Q) = Квалификуван за наведената фаза на турнирот; (TQ) = Квалификуван за турнирот, но сѐ уште не е наведена одредена фаза; (DQ) = Дисквалификуван од турнирот.

Список на стрелци[уреди | уреди извор]

Робин ван Перси најдобар стрелец во сезоната со 30 постигнати гола.
Гол Пенали Играч Клуб
30 2 [[File:Предлошка:Naz/HOL|class=noviewer|Предлошка:Naz/HOL|20x16px]] Робин ван Перси Арсенал Арсенал
27 6 Англија Вејн Руни Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
23 3 Аргентина Серхио Агуеро Манчестер Сити Манчестер Сити
17 0 САД Клинт Демпси Фулам Фулам
17 3 [[File:Предлошка:Naz/TOG|class=noviewer|Предлошка:Naz/TOG|20x16px]] Емануел Адебајор Тотенхем Тотенхем
17 4 Нигерија Јакубу Ајегбени Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс
16 2 Сенегал Демба Ба Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед
15 2 Англија Грант Холт Норич Сити Норич Сити
14 0 Босна и Херцеговина Един Џеко Манчестер Сити Манчестер Сити
13 3 Италија Марио Балотели Манчестер Сити Манчестер Сити
13 0 Сенегал Папис Сисе Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед
12 0 Шкотска Стивен Флечер Вулверхемптон Вулверхемптон
12 1 Англија Дани Греам Свонзи Сити Свонзи Сити
11 0 Англија Џермејн Дифо Тотенхем Тотенхем
11 3 Англија Френк Лампард Челси Челси

20.000-тиот гол[уреди | уреди извор]

На 21 декември во поразот со 2-1 од Арсенал на Вила Парк, Марк Олбрајтон од Астон Вила официјално го постигнал 20.000-тиот гол од формирањето на Премиер лигата во 1992 година. Нему му биле доделени £20,000 од спонзорот на лигата Баркли да ги донира за добротворни цели по неговиот избор. Тој го избрал Acorns Children's Hospice, кои го спонзорирале дресот на Астон Вила.

Награди[уреди | уреди извор]

Премиер лига играч на годината[уреди | уреди извор]

За Премиер лига играч на годината бил избран Робин ван Перси.[2]

Премиер лига млад играч на годината[уреди | уреди извор]

За Премиер лига млад играч на годината бил избран Кајл Вокер.[3]

Премиер лига тим на годината[уреди | уреди извор]

Голман: Џо Харт (Манчестер Сити)
Одбрана: Кајл Вокер (Тотенхем), Венсан Компани (Манчестер Сити), Фабрисио Колочини (Њукасл Јунајтед), Лејтон Бејнс (Евертон)
Среден ред: Давид Силва, Јаја Туре (двајцата од Манчестер Сити), Скот Паркер, Гарет Бејл (Тотенхем)
Напад: Робин ван Перси (Арсенал), Вејн Руни (Манчестер Јунајтед)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. O'Rourke, Pete (22 April 2012). „City quarter in PFA team“. Sky Sports. Посетено на 22 April 2012.
  2. O'Rourke, Pete (22 April 2012). „Van Persie takes PFA prize“. Sky Sports. Посетено на 22 April 2012.
  3. O'Rourke, Pete (22 April 2012). „Walker wins PFA award“. Sky Sports. Посетено на 22 April 2012.