Грант Холт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грант Холт
Лични податоци
Роден на 12 април 1981(1981-04-12)(42 г.)
Роден во Карлајл, Англија
Висина &100000000000001830000001,83 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Астон Вила Астон Вила
Број 29
Младинска кариера
Карлајл
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999 Воркингтон
1999-2001 Халифакс 6 (0)
2001Соренто(позајмен)
2001Бороу (позајмен) 10 (4)
2001 Сенгканг Марин 17 (12)
2001-2003 Бороу 59 (31)
2003-2004 Шефилд Венздеј 24 (3)
2004-2006 Рочдеил 75 (34)
2006-2008 Нотингем Форест 96 (21)
2008Блекпул (позајмен) 4 (0)
2008-2009 Шрусбери 43 (20)
2009-2013 Норич Сити 154 (68)
2013- Виган Атлетик 16 (2)
2014-Астон Вила (позајмен) 4 (0)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Грант Холт (роден на 12 април 1981) — англиски фудбалер кој во моментов настапува за Астон Вила во Премиер лигата. Неговата позиција е напаѓач.

Кариера[уреди | уреди извор]

Холт играл за голем број на тимови од не професионалната Нон-Лига и за професионални клубови од подолните англиски дивизии, за да во 2006 година пристигне во Нотингем Форест каде што речиси имал 100 првенствени настапи. Во 2008 потпишал за Шрусбери Таун каде што стана врвен голгетер и набрзо потоа преминал во редовите на Норич Сити во 2009 година. Овој потег беше непосреден успех: сезоната 2009-10, Холт ја завршил со освојувањето на наградата за играч на тимот, откако постигнал 30 гола во 44 настапи за клубот (24 во лигата) и беше еден од водечките напаѓачи во Лига Еден. Во сезоната 2010-11, Холт продолжил да биде плоден стрелец, и заврши како втор во изборот за наградата за Играч на годината во лигата.

Сезоната 2011-12 беше најдобрата во кариерата на Холт. Макар, и на 30 години тој беше клучен играч на Норич во нивната прва сезона во Премиер лигата по пауза од шест години. Холт постигнал 15 гола и со своето однесување како водач на теренот многу му помогна на тимот да опстане во лигата и да заврши на одличното 12-то место. Неговите голови против тимовите од големата четворка Манчестер Јунајтед, Челси, Арсенал и Ливерпул, практично го направија популарен "преку ноќ" овој играч кој никогаш претходно не играл во елитната дивизија. Холт беше и во поширокиот избор на селекторот на Англија, Рој Хоџсон, но сепак на крајот не беше помеѓу 23-цата избрани за настап на Евро 2012. По завршувањето на сезоната Холт заедно со соиграчите Адам Друри и Вес Хулахан како и менаџерот Пол Ламберт беа сместени во "Куќата на славните" на Норич Сити.

Следната сезона не беше толку успешна како претходната, но сепак Холт останал стартер и кај новиот менаџер Крис Хјутон. Со 8 постигнати гола во 34 првенствени настапи, бил најдобар клупски стрелец и му помогнал на клубот да опстане во Премиер лигата. Неговите погодоци во победите над Манчестер Сити и Вест Бромвич Албион во последните две кола, му носат на клубот пласман на 11. место на крајот од сезоната.

На 8 јули 2013 Холт му се приклучил на Виган Атлетик потпишувајќи тригодишен договор со клубот, кој за неговиот трансфер платил сума од 2 милиони £. На своето деби на 3 август Холт постигнал гол во победата против Барнсли со 4-0. Сепак, во Виган не биле задоволни од неговите перформанси откако во првиот дел од сезоната не бил продуктивен во нападот, постигнувајќи само 2 гола во 16 натпревари во лигата, и ниту еден погодок во Лига Европа. Тој останал надвор од плановите на новиот менаџер Уве Реслер и на 14 јануари 2014 го напуштил клубот приклучувајќи и се на Астон Вила на неговиот поранешен менаџер, Пол Ламберт, на заем до крајот од сезоната 2013-14.[1]

Титули[уреди | уреди извор]

Англија Норич Сити[уреди | уреди извор]

Хет-трик[уреди | уреди извор]

Досега во својата кариера Холт има постигнато три хет-трика, а интересно е тоа што сите тие се во периодот кога настапувал за екипата на Норич Сити.

Натпревари во кој постигнал хет-трик[уреди | уреди извор]



Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Holt hoping to boost Villa after completing loan move“. Aston Villa FC. 14 јануари 2014.