Венсан Компани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Венсан Компани
Vincent Kompany.jpg
Лични податоци
Роден на 10 април 1986 (1986-04-10) (33 г.)
Роден во Укел, Брисел, Белгија
Држава Белгија Белгија
Висина 1.93
Позиција Одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Сити Манчестер Сити
Број 4
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2006 Андерлехт Андерлехт 73 (6)
2006–2008 Хамбургер Хамбургер 29 (1)
2008– Манчестер Сити Манчестер Сити 264 (18)
Репрезентација
2002 Белгија Белгија 16 3 (0)
2004 Белгија Белгија 17 2 (0)
2008- Белгија Белгија 87 (4)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Венсан Жан Мпуа Компани (француски изговор: [vɛ̃sɑ̃ kɔ̃pani]; роден на 10 април, 1986 година) е белгиски фудбалер, играч од одбраната на Манчестер Сити и на белгиската репрезентација.

Може да игра како централен бек и како дефанзивец поставен во средниот ред. За време на сезоната 2011/2012 на нему му е доделено капитенството на тимот на ФК Манчестер Сити и таа сезона тој го предводи тимот до освојувањето на првата Премиер лига по 44 години. Тој е претсетадел на фудбалскиот клуб БХ Брисел , како и сопственик, односно раководител на два белгиски спортски барови со име „Гуд Компани“. Компани ја започна неговата фудбалска кариера во ФК Андерлехт и во белгискиот клуб остана 3 години пред да се пресели во Германската Бундеслига, во 2006 година во клубот ФК Хамбургер во 2006 година. За време на летото 2008 година, на возраст од 22 години, се комплетира трансферот со кој Компани станува член на неговиот сегашен клуб, тимот на ФК Манчестер Сити од Англиската Премиер Лига. По ова тој постепено станува суштински дел од составот на ФК Манчестер Сити како и еден од најефтините трансфери од револуцинерната ера на ФК Манчестер Сити. Компани беше дел од Тимот на Годината во Премиер Лигата (Premier League Team of the Year) два пати по ред, односно во 2011 и 2012 година, а тоа повторно се случи и во 2014 година а и ја има освоено наградата за играч на годината во Премиер Лигата во 2012 година. Компани го зазема 23-то место во листата на „Најдобрите 100 Играчи во Светот“ која е направена од Гардиан.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

ФК Андерлехт[уреди | уреди извор]

Компани е роден во Укел, Брисел и неговата кариера ја започнува во ФК Андерлехт на возраст од 17 години и добива неколку награди за неговите успеси, од кои може да се издвојат Белгиската Златна Копачка и Белгиската Абоновина Копачка. Аруна Диндан, уште еден фудбалер, се одлучил да го носи бројот 27 на неговиот дрес при неговото пристигнување во ФК Ленс, во чест на Компани.

ФК Хамбургер[уреди | уреди извор]

Компани со тимот на ФК Хамбургер

Меѓутоа, на 9 јуни 2006 година, се објави неговото откупување од страна на ФК Хамбургер, по цена од 10 милиони евра, со што тој го замени Даниел Ван Бујтен кој замина од клубот. Во неговата дебитантска сезона, тој како стартер во тимот се појавува само 6 пати по што тој ја повредува Ахиловата тетива во ноември, што претставува крај на неговата сезона. Без разлика на неговото неучествување во престојната сезона, тој е избран како дел од привремениот состав од 30 играчи кој се натпреваруваше во Европскиот Фудбалски Шампионат за играчи до 21 година на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) .

ФК Манчестер Сити[уреди | уреди извор]

Компани како настапува за ФК Манчестер Сити во сезоната 2010/11

На 22 август 2008 година, клубот на ФК Манчестер Сити, кој се натпреварува во Премиер Лигата, го потврди трансферот на Компани од ФК Хамбургер во нивниот тим на 4-годишен договор, неотркивајќи ја исплатената сума која е проценета на околу 6 милиони фунти. Два дена потоа, Компани го имаше неговиот дебитантски настап против тимот на ФК Вест Хем Јунајтед. На 28 септември, Компани го постигна својот прв погодок на поразот на гости од тимот ФК Виган Атлетик. На 28 декември 2008, тој се појави како стартер на натпреварот со ФК Блекбурн Роверс на Ивуд Парк и играше како дефанзивен играч за врска и го одигра целосниот натпревар од 90 минути кој заврши со резултатот 2-2. На 19 октомври 2009 година, Компани потпиша нов петгодишен договор со ФК Манчестер Сити, со што тој ќе остане дел од клубот до 2014 година. Го постигна неговиот втор погодок во лигата на победата од 2-0 против тимот на ФК Портсмут, а третиот го постигна на победата од 6-1 против ФК Барнли на нивниот стадион Турф Мур. Компани го доби дресот со број 4 во сезоната 2010/11 со тимот на ФК Манчестер Сити откако Недум Онуоха, кој претходно го носеше бројотј 4, замина на позајмица во тимот на ФК Сандерленд. На 14 август 2010 година, тој беше стартер на првиот закажан натпревар од Премиер Лигата против ФК Тотенхем Хотспар на Вајт Харт Лејн и ги одигра 90-те минути од натпреварот заедно со Коло Туре во одбраната и заработи жолт картон од судијата Андре Маринер. Натпреварот заврши нерешено со резултат од 0-0. На победата од 1-0 против Челси, Компани одигра натпревар во кој беше прогласен за најдобар играч на натпреварот кој беше одигран на 25 септември на Градскиот стадион на Манчестер. Компани го започна манчестерското лигашко дерби против тимот на ФК Манчестер Јунајтед кое се одигра на Градскиот стадион на Манчестер и го одигра целиот натпревар од 90 минути кој заврши без голови. Беше стартер на натпреварот од Премиер лигата против ФК Манчестер Јунајтед кој се одигра на Олд Трафорд на 12 февруари 2011 година и го одигра целиот натпревар заедно со Џолеон Лескот во одбраната. На разочарување на играчите и фановите, натпреварот заврши со пораз од 2-1. Тој продолжи да ја носи капитенската лента на натпреварот со ФК Блекбурн Роверс кој се одигра на Ивуд Парк во отсуството на напаѓачот Карлос Тевез, кој беше ѕвезда во тимот во овој период, и ги одигра полните 90 минути со Џолеон Лескот во одбраната. Натпреварот заврши со триумф од 1-0, за што заслужен беше Един Џеко кој постигна доцен погодок во 75-та минута. На 16 април, Компани повторно го предводеше тимот на ФК Манчестер Сити на победата над нивниот ривал, ФК Манчестер Јунајтед, во полуфиналето од ФА Купот од сезоната 2010/2011 кое се одигра на Стадионот Вембли. Манчестер Сити го доби натпреварот со резултат од 1-0. Истиот ден беше прогласен за дел од Тимот на годината во Премиер Лигата заедно со неговиот соиграч Карлос Тевез. На крајот од сезоната 2010/2011, Роберто Манчини, кој беше менаџер на тимот, го пофали Компани за неговата неверојатна сезона и изјави дека со ставот и менталитетот кој го покажува Компани, тој може да биде еден од најдобрите одбранбени играчи во Европа. На крајот од сезоната доби повеќе награди и беше изгласан за најдобар играч за сезоната 2010/2011 од страна на навивачите и од страна на играчите на ФК Манчестер Сити. Исто така, Компани беше прогласен и за најдобар играч во Премиер Лигата поради неговото одлично играње во престојната сезона, со одиграни 50 натпревари во сите натперварувања и 37 натпревари во Премиер Лигата на кои тој се појавил како стартер. На 30 април, тој постигнува погодок со главата од изведениот корнер на Давид Силва во манчестерското дерби со тимот на ФК Манчестер Јунајтед. Натпреварот заврши 1-0 за Манчестер Сити и по победата тие го заземаа првото место поради подобрата гол разлика на само два натпревари пред крајот на сезоната. На 13 мај, последниот ден од сезоната на Премиер Лигата, Комапни беше капитен на тимот кој ја освои Премиер Лигата во сезоната 2011/2012 која заврши со победа од 3-2 за Манчестер Сити и со победата над тимот на ФК Квинс Парк Ренџерс, тој помогна на тимот во освојувањето на трофејот. Џои Бартон, кој е играч од средината на Квинс Парк Ренџерс, се обиде на истиот натпревар да го удри Компани со главата. На 25 јули, Компани потпиша шестгодишен договор со Манчестер Сити, што е најдолг ваков договор во историјата на клубот. Во сезоната 2012/13, тој имаше доста проблеми со повторното појавување на неговата повреда на коленото.


Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Компани како игра Фудбалската Репрезентација на Белгија во ноември 2011 година.
Компани (лево) заедно со неговите соиграчи од Фудбалската Репрезентација на Белгија, Симон Мињоле (средина) и Кевин де Брујн (десно), пред егзибиционен натпревар против Фудбалската Репрезентација на САД на 29 мај 2013 година.

Компани своето деби за Фудбалската Репрезентација на Белгија го направи на возраст од само 17 години, на натпреварот против националниот фудбалски тим на Франција и е еден од најмладите играчи кои го направиле ова. Фудбалската Федерација на Белгија го повикаа Компани за Летните олимписки игри во Пекинг. Отпрвин, ФК Хамбургер одлучи да не го дозволи неговото заминување бидејќи Олимпијадата не е официјален турнир на ФИФА. Откако заврши расправата помеѓу Компани и ФК Хамбургер, тимот одлучи да дозволи тој да игра на турнирот, под услов да се врати по првите два натпревари на националниот тим на Белгија од групната фаза. Првиот натпревар на националниот тим на Белгија на Олимпијадата во Пекинг беше натпреварот со националниот тим на Бразил, каде што Компани доби црвен картон и Белгија загуби со 1-0, што значеше дека турнирот за Компани е завршен бидејќи црвениот картон не дозволува тој да игра на вториот натпревар од групната фаза. Поради неочекуваниот развој на настани, Компани одлучи да не се враќа во Германија со надеж дека ќе игра на последниот натпревар од групната фаза и дека ќе може да помогне во квалификацијата на неговата репрезентација во нокаут фазата. ФК Хамбургер се придржуваа кон нивниот став дека тој треба да се врати назад и поради тоа Фудбалската Асоцијација на Белгија се одлучи да го ослободи. По ова, тој се појави на првиот натпревар од сезоната за ФК Хамбургер против тимот на ФК Баерн Минхен. Се смета дека лошите односи помеѓу ФК Хамбургер и Компани играа голема улога во трансферот на Компани во Манчестер Сити. Во ноември 2009, Компани се скара со менаџерот на Белгија, Дик Адвокат. Во понеделникот пред одржувањето на пријателскиот меч со националниот тим на Катар кој требаше да се одржи на 18 ноември 2009 година, Компани доби дозвола да присуствува на погребот на баба му доколку се врати во хотелот каде што беше сместен тимот до 16:00 часот попладне. Наспроти ова, тој се врати дури околу полноќ. Дик Адвокат збесна и целосно го повлече Компани од составот, но на 24 февруари 2010 година Дик Адвокат повторно го повика Компани во белгискиот состав за пријателскиот натпревар против Хрватска. Компани постигна гол во 90-тата минута што и ја донесе победата на Белгија над Фудбалската репрезентација на Бугарија на пријателскиот напревар одигран на 19 мај 2010 година. На 10 ноември 2011 година, ден пред пријателскиот натпревар против националниот тим на Романија, Гергес Ликенс му ја даде капитенската лента на националниот фудбалски тим на Белгија на Венсан Компани со што тој го наследи Томас Вермален. Компани го предводеше тимот на Белгија на победата против националниот фудбалски тим на Србија во квалификацискиот натпревар за Светското Првенство одигран на 7 јуни 2013 година. Откако се судри со српскиот голман Владимир Стојковиќ, неговата повреда долго се лекуваше и големи количини крв истекоа низ неговиот нос. Откако се преврза, Компани ги доигра останатите 60 минути од натпреварот. По натпреварот тој беше одведен во болница каде што беше дијагностициран со скршен нос, пукнатина во очната шуплина и благ потрес на мозокот.


Добротворна работа[уреди | уреди извор]

Компани е официјален амбасадор на ФИФА и учествува во добротворните цели како што е помагањето на децата од селата во Обединетото Кралство. Има наследство од Конго и е претставник на Демократската Република Конго, која е земјата на потекло на неговиот татко. Компани инвестира и учествува во проекти кои имаат за цел да овозможат образование и безбедно живеење и сместување за децата кои живеат во сиромаштија. Во март 2013 година, Комапни го откупи клубот ФК Блеид кој се бореше за опстанок. Покрај тоа што ова го направи како филантропски акт, оваа инвестиција за него беше „општествена обврска кон младите од Брисел“.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Татко му на Компани, Пјер, е имигрант кој ја напуштил Демократската Република Конго за да замине во Белгија и има улога на застапник на Компани. Мајка му, Жоселин, е од Белгија. Брат му, Франсоа, моментално игра за ФК Син Никлас а играл и за ФК Беерсхот и ФК Маклсфилд Таун. Компани има и постара сестра. Тој има и пријатели од фудбалскиот свет како што се поранешниот голман на Челси, Ивес Ма-Каламбај и поранешниот одбранбен играч на ФК Манчестер Јунајтед, Флориберт Н'Галула, и со двајцата се консултирал пред да замине во Англија и да игра за ФК Манчестер Сити. На 11 јуни 2011 година, Компани се зема со неговата девојка од Манчестер, Карла Хигс, која е доживотен навивач на Манчестер Сити и на 10 јуни 2010 се роди нивната ќерка, Сиена, а во октомври 2013 се роди нивниот син, Кеј. Компани има доста активности и интереси со кои се занимава во неговото слободно време надвор од фудбалскиот свет. Се интересира за политика и е вонреден студент на Училиштето за Бизнис во Манчестер, каде изучува Администрација.

Податоци за кариерата[уреди | уреди извор]

Клуб[уреди | уреди извор]

Клуб Сезона Лига Куп Лига куп Европа Друго Вкупно
Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
ФК Андерлехт 2003–04 29 2 5 0 9 0 43 2
2004–05 32 2 1 0 7 0 40 2
2005–06 12 1 1 0 6 1 19 2
Вкупно 73 5 7 0 22 1 102 6
ФК Хамбургер 2006–07 6 0 0 0 5 0 11 0
2007–08 23 1 4 0 11 2 38 3
Total 29 1 4 0 16 2 49 3
ФК Манчестер Сити 2008–09 34 1 1 0 1 0 9 0 45 1
2009–10 25 2 3 0 4 0 0 0 32 2
2010–11 37 0 8 0 0 0 8 0 53 0
2011–12 31 3 1 0 0 0 10 0 1 0 40 3
2012–13 26 1 4 0 0 0 6 0 1 0 37 1
2013–14 14 3 1 0 2 0 2 0 19 3
Вкупно 167 10 17 0 7 0 34 0 2 0 226 10
Вкупно во кариерата 267 16 28 0 7 0 72 3 2 0 377 19

Репрезентација[уреди | уреди извор]

Резултати ги прикажуваат дадените голови на Белгија на прво место.
Број Датум Стадион Противник Единечен резултат Конечен резултат Натпреварување
1. 19 мај 2010 Стадион на кралот Баудоуин, Брисел, Белгија  Бугарија
2–1
2–1
Пријателски натпревар
2. 7 октомври 2011 Стадион на кралот Баудоуин, Брисел, Белгија  Казахстан
3–0
4–1
Квалификации за Европско Првенство во фудбал 2008, Група А
3. 7 септември 2012 Градски Стадион Кардиф, Кардиф, Велс  Велс
1–0
2–0
Квалификации за Светско Првенство во фудбал 2014, Група А
4. 16 октомври 2012 Стадион на кралот Баудоуин, Брисел, Белгија  Шкотска
2–0
2–0
Квалификации за Светско Првенство во фудбал 2014, Група А

Признанија и награди[уреди | уреди извор]

Компани со трофејот од Премиер Лигата од сезоната 2011/2012.
Андерлехт
  • Белгиска Прва Дивизија (2): Белгиска Прва Дивизија 2003–04, 2005–06]]
Хамбургер
  • Интертото Куп (1): 2007
Манчестер Сити
Лични награди
  • Белгиска Златна Копачка: 2004
  • Млад Белгиски Играч на Годината: 2004, 2005
  • Белгиска Абоновина Копачка: 2004, 2005
  • Белгиски Играч на Годината (во странство): 2010
  • Играч на Сезоната во Премиер Лигата: 2011–12
  • Тим на Годината во Премиер Лигата: 2010–11, 2011–12, 2013–14
  • Играч на Годината Според Навивачите на ФК Манчестер Сити: 2010–11
  • Играч на Годината Според Играчите на ФК Манчестер Сити: 2010–11