Премиер лига на Англија 2001-2002
Премиер лига на Англија 2001-2002 Barclaycard Premiership 2001-2002 | |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||
Натпреварување | Премиер лига на Англија | ||||
Спорт | ![]() | ||||
Издание | 103-то | ||||
Период | од: 18 август 2001 до: 11 мај 2002 | ||||
Држава | ![]() | ||||
Резултати | |||||
Шампион | ![]() 12. титула | ||||
Лига на шампиони | 4. клуба | ||||
Куп на УЕФА | 4. клуба | ||||
Интертото куп | 2. клуба | ||||
Испаднале | ![]() ![]() ![]() | ||||
Статистика | |||||
Најдобар стрелец | ![]() (24 гола) | ||||
Одиграни натпревари | 380 | ||||
Постигнати голови | 1.001 (2,63 по натпревар) | ||||
Хронологија на натпреварувањето | |||||
|
Премиер лига на Англија 2001-2002 била 103-тото издание на највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, односно 10-тата сезона на Премиер лигата, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната започнала на 18 август 2001, а завршила на 11 мај 2002, со триумф на екипата на Арсенал.
Екипата на Манчестер Јунајтед влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Фулам, Блекбурн Роверс и Болтон Вондерерс биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Првата дивизија 2000-2001. Тие ги замениле Манчестер Сити, Ковентри Сити и Брадфорд Сити, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во понизок ранг.
Арсенал ја освоил титулата на 8 мај 2002 година после победата во директниот дуел со најблискиот гонител, Манчестер Јунајтед, на Олд Трафорд, во претпоследниот натпревар од сезоната. Поразот на црвените ѓаволи освен што ги оставил без ниту теоретски шанси во борбата за титулата во последното коло, туку воедно воочи него тие ја загубиле втората позиција на табелата и му дозволиле на Ливерпул, кој истиот ден го совладал Блекбурн Роверс, да ги престигне на табелата. Во последното коло немало промени на водечките позиции па Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед ги задржале исти своите позиции какви што биле и пред тоа и заедно со четвртиот, Њукасл Јунајтед, обезбедиле место во Лигата на шампионите за следната сезона.
Петтопласираниот Лидс Јунајтед, заедно со победникот на Лига купот, Блекбурн Роверс, се квалификувале за Купот на УЕФА за следната сезона. Бидејќи победникот на ФА Купот, Арсенал, веќе се пласирал за европските купови преку првенството, поразениот тим во финалето, екипата на Челси, исто така изборила пласман во Купот на УЕФА. Четвртиот и последен англиски клуб кој стекнал право да учествува во ова натпреварување за следната сезона била екипата на Ипсвич Таун која се квалификувала како победник на рангирањето на УЕФА за ферплеј.
Астон Вила и Фулам биле двата англиски клуба кои учествувале во Интертото купот 2002.
Ипсвич Таун, Дарби Каунти и Лестер Сити биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.
Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Тјери Анри од шампионот Арсенал со 24 постигнати гола.
Општо
[уреди | уреди извор]Формула
[уреди | уреди извор]Сезоната 2001-2002 во Премиер лигата на Англија, била првото издание на првенството спонзорирано од Барклис, една од најголемите банки во Велика Британија. Почнувајќи од оваа сезона, лигата добила уште едно место во Лигата на шампионите, па така од оваа сезона во елитното европско клупско натпреварување можеле да се квалификуваат 4 англиски екипи наместо дотогашните 3. Причина за тоа бил фактот што лигата ја надминала по коефициентот германската Бундеслига на рангирањето на УЕФА. Според тоа, на крајот од сезоната двете првопласирани екипи ќе се квалификуваат директно за групната фаза на Лигата на шампионите, додека третиот и четвртиот ќе играат во последното квалификациско коло за натпрвеварувањето. Петто рангираната екипа и победниците на ФА Купот и Лига купот ќе играат следната година во Купот на УЕФА. Трите последни екипи на крајот од сезоната испаѓаат во Првата дивизија.
Новини
[уреди | уреди извор]Пред почетокот на сезоната, Саутхемптон се преселиле на својот нов стадион Сент Мери, напуштајќи го нивниот дотогашен домашен терен Дел по 103 години играње на него.
Промена на екипи
[уреди | уреди извор]Вкупно 20 клубови учествувале во Премиер лигата на Англија за сезоната 2001-2002, вклучувајќи ги 17-те екипи од претходната сезона 2000-2001, двата прво пласирани клуба од Првата дивизија 2000-2001, и победникот на плејофот од истата лига. Новите екипи во оваа сезона биле Фулам, кои се вратиле во највисокото фудбалско ниво во Англија после цели триесет и три години отсуство по нивното испаѓање во сезоната 1967-1968, потоа Блекбурн Роверс, кои се вратиле по две година отсуство и испаѓањето во сезоната 1998-1999, и Болтон Вондерерс, кој како победник на плејофот е повратник во "елитното друштво" по три години отсуство, поточно за првпат по сезоната сезоната 1997-1998, кога испаднале само поради полошата гол-разлика од Евертон. Тие ги замениле трите екипи кои испаднале во претходната сезона Манчестер Сити, Ковентри Сити и Брадфорд Сити.
Настани
[уреди | уреди извор]Првото издание на Премиер лигата спонзорирано од Барклис, донело отворена борба за титулата како никогаш порано,[1] а потстрек повеќе затоа бил и фактот што лигата ја надминала германската Бундеслигата на рангирањето на УЕФА и добила уште едно место во Лигата на шампионите (4 места наместо досегашните 3). Цели шест екипи се нашле во отворена битка за титулата, сè до неколку кола пред крајот.
После првите три кола, единствената екипа со максимален учинок во лигата била Болтон Вондерерс. Тие го држеле првото место до петтото коло, кога после поразот на домашен терен од Саутхемптон (кои во тој натпревар ги освоиле своите први бодови во сезоната) им дозволиле на Њукасл Јунајтед и Лидс Јунајтед да ги престигнат и да го преземат врвот. Во осмото коло е виден еден од најзаборавните натпревари и пресврти во историјата на Премиер лигата, во натпреварот помеѓу Тотенхем и Манчестер Јунајтед: домаќините воделе со 3-0 на полувремето, но Црвените ѓаволи не се откажале и со пет голови во второто полувреме во мрежата на Спарс успеале да се вратат и да забележат победа од 3-5. Успехот ги донел до второто место на табелата со еднаков број на бодови со Арсенал и три бода помалку од лидерот Лидс Јунајтед. Лидс останале лидери до 14-тото коло, кога нивниот киск и ремито 1-1 на домашен терен со Астон Вила, го искористил Ливерпул за да изедначи со нив на врвот. Истото коло донело и пресметка во Лондон помеѓу двете екипи кои доминирале во англискиот фудбал во последните неколку години, Арсенал и Манчестер Јунајтед; иако губеле на полувремето со 1-0, топчиите успеале да направат целосен пресврт во второто полувреме и со головите на Фредрик Јунгберг и два на Тјери Анри да го победат лутиот ривал. Во следното коло, новото реми на Лидс и победата на Ливерпул им овозможува на црвените на Жерар Улије да останат осамен лидер на табелата по 15 кола, со два бода повеќе од белите, три од Њукасл Јунајтед и четири од Арсенал. Манчестер Јунајтед после уште еден тежок пораз, овојпат на домашен терен со 0-3 од Челси се чини се повеќе заостанува во борбата за титулата и ќе му биде многу тешко да го одбрани насловот освоен во претходната сезона. За време на Boxing Day, Ливерпул влегува во криза, а првенството добива нов лидер, Њукасл Јунајтед. На половина од првенството, токму тие останале во водство, но по поразот во последното коло играно во 2001 година од Челси, по 20 кола заедно со нив на врвот на табелата се изедначил Арсенал. Зад водечкиот тандем се наоѓале Лидс на -1, Ливерпул на -2, Манчестер Јунајтед на -3 и Челси на -6. На дното на табелата исто така се водела голема битка: Дарби, Ипсвич и Лестер биле трите клуба во зоната за испаѓање, додека пред нив со три бода повеќе биле Саутхемтпон, Мидлсбро, Болтон и Блекбурн.
На почетокот на 2002 година, трката за титулата останала широко отворена, со Арсенал, Манчестер Јунајтед, Њукасл Јунајтед и Лидс Јунајтед како најсериозни кандидати, а од позадина демнеле Ливерпул и Челси. Во 23-тото коло, Манчестер Јунајтед за првпат излегол на чело на табелата со бод повеќе од Арсенал. Кризата е се повоочлива во редовите на Лидс кој на почетокот на февруари веќе заостанале со повеќе од 10 бодови зад лидерот. Како одминувало времето се подалеку од битката за титулата останале и Њукасл Јунајтед и Челси, кои не можеле да го следат темпото кое го наметнале Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул. Јунајтед останале лидери сè до 30-тото коло, кога по неочекуваниот кикс и поразот на домашен терен со 1-0 му ја предале лидерската позиција на Арсенал. Тоа значело и крај на нивните шампионски амбиции затоа што топџиите од тој момент не го испуштиле водството и го завршиле првенството со импресивна низа од 13 победи. За да биде се уште подобро за Арсенал и нивните навивачи, титулата била математички потврдена на едно коло пред крајот, кога на Олд Трафорд тие го совладале токму својот главен конкурент за титулата со 1-0 благодарение на голот на Силван Вилтор. Поразот на Црвените ѓаволи освен што ги оставил без ниту теоретски шанси во борбата за титулата во последното коло, туку воедно воочи него тие ја загубиле втората позиција на табелата и му дозволиле на Ливерпул, кој истиот ден го совладал Блекбурн Роверс, да ги престигне на табелата. На крајот Арсенал прв со седум бода пред Ливерпул и тие заедно со третиот Манчестер Јунајтед и четвртиот Њукасл Јунајтед се пласирале во Лигата на шампионите, додека Лидс Јунајтед и Челси како петти односно шестти избориле пласман во Купот на УЕФА. На другиот крај од табелата во понизок ранг се преселиле Ипсвич, Дарби и Лестер Сити, како трите последнопласирани екипи.
Екипи
[уреди | уреди извор]Екипи учеснички
[уреди | уреди извор]Арсенал
Астон Вила
Блекбурн Роверс
Болтон
Вест Хем Јунајтед
Дарби Каунти
Евертон
Ипсвич Таун
Лестер Сити
Ливерпул
Лидс Јунајтед
Манчестер Јунајтед
Мидлсбро
Њукасл Јунајтед
Сандерленд
Саутхемптон
Тотенхем
Фулам
Чарлтон
Челси
Стадиони и локации
[уреди | уреди извор]Личности и спонзори
[уреди | уреди извор]Завршна табела
[уреди | уреди извор]Поз. | Екипа | Бод | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]() |
1. | ![]() |
87 | 38 | 26 | 9 | 3 | 79 | 36 | +43 |
2. | ![]() |
80 | 38 | 24 | 8 | 6 | 67 | 30 | +37 | |
3. | ![]() |
77 | 38 | 24 | 5 | 9 | 87 | 45 | +42 | |
4. | ![]() |
71 | 38 | 21 | 8 | 9 | 74 | 52 | +22 | |
5. | ![]() |
66 | 38 | 18 | 12 | 8 | 53 | 37 | +16 | |
[3] | 6. | ![]() |
64 | 38 | 17 | 13 | 8 | 66 | 38 | +26 |
7. | ![]() |
53 | 38 | 15 | 8 | 15 | 48 | 57 | -9 | |
8. | ![]() |
50 | 38 | 12 | 14 | 12 | 46 | 47 | -1 | |
9. | ![]() |
50 | 38 | 14 | 8 | 16 | 49 | 53 | -4 | |
[4] | 10. | ![]() |
46 | 38 | 12 | 10 | 16 | 55 | 51 | +4 |
11. | ![]() |
45 | 38 | 12 | 9 | 17 | 46 | 54 | -8 | |
12. | ![]() |
45 | 38 | 12 | 9 | 17 | 35 | 47 | -12 | |
13. | ![]() |
44 | 38 | 10 | 14 | 14 | 36 | 44 | -8 | |
14. | ![]() |
44 | 38 | 10 | 14 | 14 | 38 | 49 | -11 | |
15. | ![]() |
43 | 38 | 11 | 10 | 17 | 45 | 57 | -12 | |
16. | ![]() |
40 | 38 | 9 | 13 | 16 | 44 | 62 | -18 | |
17. | ![]() |
40 | 38 | 10 | 10 | 18 | 29 | 51 | -22 | |
[5] ![]() |
18. | ![]() |
36 | 38 | 9 | 9 | 20 | 41 | 64 | -23 |
![]() |
19. | ![]() |
30 | 38 | 8 | 6 | 24 | 33 | 63 | -30 |
![]() |
20. | ![]() |
28 | 38 | 5 | 13 | 20 | 30 | 64 | -34 |
Легенда:
|
Нотес:
Дополнување:
|
Шампионскиот тим
[уреди | уреди извор]Формација | Играчи (настапи) |
---|---|
![]() | |
![]() | |
![]() | |
![]() | |
![]() | |
![]() | |
![]() | |
![]() | |
![]() | |
![]() | |
![]() | |
Менаџер: ![]() | |
Останати играчи: Денис Бергкамп (33), Жил Гриманди (26), Нванкво Кану (23), Џовани ван Бронкхорст (21), Олег Лужни (18), Еду (14), Метју Апсон (14), Ли Диксон (13), Ричард Рајт (12), Тони Адамс (10), Стјуарт Тејлор (10), Френсис Џеферс (6), Игорс Степановс (6), Жереми Алијадиер (1). |
Резултати
[уреди | уреди извор]Табеларен приказ
[уреди | уреди извор]Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.
Последно ажуриање: 28 јануари 2022.
Екипа | АРС | АСВ | БЛЕ | БОЛ | ВХЈ | ДАР | ЕВЕ | ИПС | ЛЕС | ЛИВ | ЛИД | МНЈ | МИД | ЊУК | САН | САУ | ТОТ | ФУЛ | ЧАР | ЧЕЛ |
Арсенал | –––– | 2-0 | 0-0 | 1-0 | 2-1 | 3-0 | 2-1 | 2-1 | 4-2 | 5-0 | 1-1 | 2-1 | 4-1 | 3-2 | 1-1 | 2-0 | 2-1 | 0-0 | 2-1 | 2-1 |
Астон Вила | 0-2 | –––– | 2-2 | 0-2 | 1-1 | 3-2 | 0-0 | 3-1 | 0-0 | 2-0 | 0-2 | 1-1 | 0-2 | 0-0 | 2-1 | 1-0 | 1-0 | 3-0 | 2-1 | 3-2 |
Блекбурн | 0-3 | 0-0 | –––– | 0-4 | 2-0 | 2-2 | 3-0 | 0-1 | 0-3 | 4-1 | 1-2 | 2-1 | 3-1 | 1-1 | 2-0 | 2-1 | 1-0 | 2-2 | 1-2 | 0-0 |
Болтон | 0-2 | 0-2 | 1-1 | –––– | 3-4 | 5-1 | 2-1 | 1-0 | 1-3 | 1-2 | 1-0 | 2-3 | 2-2 | 1-1 | 1-2 | 1-1 | 1-0 | 0-2 | 0-1 | 2-3 |
Вест Хем Јунајтед | 1-1 | 2-2 | 0-1 | 2-2 | –––– | 1-1 | 2-0 | 2-2 | 2-2 | 4-1 | 1-2 | 1-3 | 2-0 | 1-0 | 1-0 | 0-0 | 2-0 | 0-2 | 0-0 | 0-2 |
Дарби | 1-3 | 0-4 | 1-1 | 2-2 | 1-2 | -––– | 2-1 | 4-3 | 1-1 | 3-1 | 1-0 | 1-0 | 2-0 | 1-1 | 0-0 | 1-4 | 0-2 | 2-1 | 0-4 | 0-5 |
Евертон | 1-1 | 2-0 | 1-0 | 0-1 | 1-2 | 2-0 | –––– | 3-2 | 0-3 | 4-0 | 3-4 | 0-0 | 1-1 | 2-2 | 1-0 | 0-0 | 3-1 | 3-1 | 0-1 | 0-1 |
Ипсвич | 1-1 | 0-5 | 0-2 | 2-0 | 1-1 | 0-0 | 1-1 | –––– | 0-0 | 4-0 | 1-4 | 1-1 | 0-0 | 1-1 | 3-1 | 2-2 | 1-2 | 0-2 | 1-1 | 0-4 |
Лестер Сити | 1-2 | 1-0 | 3-1 | 4-0 | 3-1 | 1-0 | 0-0 | 2-1 | –––– | 3-1 | 1-2 | 2-1 | 2-0 | 1-1 | 3-0 | 1-2 | 0-0 | 0-0 | 0-1 | 1-2 |
Ливерпул | 1-4 | 0-0 | 0-2 | 2-1 | 0-2 | 4-1 | 1-1 | 3-2 | 2-2 | –––– | 0-1 | 2-1 | 0-3 | 2-2 | 1-2 | 0-0 | 0-1 | 3-2 | 3-3 | 1-1 |
Лидс Јунајтед | 0-0 | 4-0 | 3-0 | 2-1 | 4-0 | 1-0 | 3-2 | 1-0 | 0-1 | 1-1 | –––– | 3-1 | 2-3 | 0-0 | 3-0 | 3-2 | 3-0 | 1-3 | 2-0 | 1-1 |
Манчестер Јунајтед | 1-2 | 4-1 | 0-0 | 1-1 | 6-2 | 3-3 | 5-1 | 0-3 | 2-2 | 1-1 | 4-1 | –––– | 0-1 | 1-0 | 1-1 | 1-3 | 0-0 | 0-0 | 1-1 | 0-1 |
Мидлсбро | 0-4 | 1-2 | 5-3 | 0-1 | 2-0 | 2-0 | 1-0 | 3-3 | 0-0 | 2-3 | 0-1 | 2-1 | –––– | 0-1 | 0-0 | 3-1 | 1-0 | 2-1 | 0-0 | 1-2 |
Њукасл Јунајтед | 0-0 | 1-1 | 0-1 | 0-1 | 0-0 | 1-1 | 4-2 | 3-1 | 1-1 | 1-0 | 1-2 | 3-0 | 2-1 | –––– | 3-0 | 1-0 | 4-0 | 3-1 | 3-1 | 2-1 |
Сандерленд | 1-1 | 2-1 | 3-1 | 1-2 | 4-0 | 0-0 | 1-2 | 0-2 | 1-0 | 6-1 | 1-0 | 4-2 | 5-1 | 1-1 | –––– | 1-0 | 2-0 | 1-1 | 1-2 | 0-2 |
Саутхемптон | 0-1 | 1-1 | 0-0 | 2-0 | 1-2 | 2-0 | 3-3 | 0-0 | 2-0 | 2-1 | 1-0 | 0-2 | 0-1 | 3-3 | 3-0 | –––– | 1-0 | 0-0 | 3-2 | 0-1 |
Тотенхем | 2-2 | 2-1 | 4-1 | 1-0 | 0-1 | 5-2 | 3-0 | 4-4 | 2-1 | 2-1 | 1-2 | 3-5 | 0-0 | 1-0 | 4-3 | 1-3 | –––– | 0-3 | 0-1 | 0-1 |
Фулам | 0-1 | 1-2 | 0-0 | 3-4 | 2-1 | 0-0 | 2-1 | 2-0 | 1-2 | 2-0 | 1-1 | 2-2 | 3-2 | 2-3 | 2-0 | 2-0 | 2-1 | –––– | 2-0 | 0-1 |
Чарлтон | 1-1 | 1-2 | 1-1 | 3-2 | 1-2 | 2-0 | 2-2 | 2-2 | 3-2 | 0-1 | 0-2 | 0-3 | 1-0 | 0-0 | 1-1 | 2-1 | 2-4 | 3-1 | –––– | 4-2 |
Челси | 1-2 | 1-0 | 0-0 | 2-2 | 1-2 | 5-2 | 0-0 | 2-1 | 0-1 | 1-0 | 1-0 | 1-0 | 0-0 | 5-0 | 3-0 | 4-0 | 4-2 | 2-1 | 1-0 | –––– |
Статистика
[уреди | уреди извор]Екипна
[уреди | уреди извор]Лидери на табелата
[уреди | уреди извор]Извор:[6]
Болтон Вондерерс | Лидс Јунајтед | Ливерпул | Њукасл | Арсенал | Манчестер Јунајтед | Арсенал | |||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1ª | 2ª | 3ª | 4ª | 5ª | 6ª | 7ª | 8ª | 9ª | 10ª | 11ª | 12ª | 13ª | 14ª | 15ª | 16ª | 17ª | 18ª | 19ª | 20ª | 21ª | 22ª | 23ª | 24ª | 25ª | 26ª | 27ª | 28ª | 29ª | 30ª | 31ª | 32ª | 33ª | 34ª | 35ª | 36ª | 37ª | 38ª |
Факти и бројки
[уреди | уреди извор]- Најголем број на победи: Арсенал (26)
- Најмал број на порази: Арсенал (3)
- Најдобар напад: Манчестер Јунајтед (87 постигнати гола)
- Најдобра одбрана: Ливерпул (30 примени гола)
- Најдобра гол-разлика: Арсенал (+43)
- Најголем број на нерешени: Астон Вила, Фулам и Чарлтон (14)
- Најмал број на нерешени: Манчестер Јунајтед (5)
- Најголем број на порази: Дарби Каунти (24)
- Најмал број на победи: Лестер Сити (5)
- Најслаб напад: Сандерленд (29 постигнати голови)
- Најслаба одбрана: Ипсвич Таун и Лестер Сити (64 примени голови)
- Најлоша гол-разлика: Лестер Сити (-34)
Поединечна
[уреди | уреди извор]Листа на стрелци
[уреди | уреди извор]Извор:[2]
Гол | Пенали | Играч | Клуб | |
---|---|---|---|---|
24 | 4 | ![]() |
![]() | |
23 | 3 | ![]() |
![]() | |
23 | 4 | ![]() |
![]() | |
23 | 5 | ![]() |
![]() | |
19 | 1 | ![]() |
![]() | |
17 | 0 | ![]() |
![]() | |
15 | 2 | ![]() |
![]() ![]() | |
14 | 1 | ![]() |
![]() | |
14 | 1 | ![]() |
![]() | |
13 | 0 | ![]() |
![]() ![]() | |
12 | 0 | ![]() |
![]() | |
12 | 0 | ![]() |
![]() | |
12 | 0 | ![]() |
![]() | |
12 | 2 | ![]() |
![]() | |
12 | 2 | ![]() |
![]() | |
Листа на асистенти
[уреди | уреди извор]Извор:[7]
Асистенции | Играч | Клуб | ||
---|---|---|---|---|
15 | ![]() |
![]() | ||
12 | ![]() |
![]() | ||
12 | ![]() |
![]() | ||
11 | ![]() |
![]() | ||
9 | ![]() |
![]() | ||
9 | ![]() |
![]() | ||
9 | ![]() |
![]() | ||
8 | ![]() |
![]() | ||
8 | ![]() |
![]() ![]() | ||
8 | ![]() |
![]() | ||
Награди
[уреди | уреди извор]Месечни награди
[уреди | уреди извор]Месец | Менаџер на месецот | Клуб | Играч на месецот | Клуб |
---|---|---|---|---|
Август | ![]() |
Болтон | ![]() |
Фулам |
Септември | ![]() |
Астон Вила | ![]() |
Манчестер Јунајтед |
Октомври | ![]() |
Тотенхем | ![]() |
Лидс Јунајтед |
Ноември | ![]() |
Ливерпул | ![]() |
Ливерпул |
Декември | ![]() |
Њукасл Јунајтед | ![]() |
Манчестер Јунајтед |
Јануари | ![]() |
Саутхемптон | ![]() |
Ипсвич Таун |
Февруари | ![]() |
Њукасл Јунајтед | ![]() |
Манчестер Јунајтед |
Март | ![]() ![]() |
Ливерпул | ![]() |
Арсенал |
Април | ![]() |
Арсенал | ![]() |
Годишни награди
[уреди | уреди извор]ПФА Тим на годината |
Награда | Добитник | Клуб |
---|---|---|
Менаџер на сезоната во Премиер лигата | ![]() |
Арсенал |
Играч на сезоната во Премиер лигата | ![]() |
Арсенал |
ПФА Фудбалер на годината | ![]() |
Манчестер Јунајтед |
ПФА Млад играч на годината | ![]() |
Њукасл Јунајтед |
АФН Фудбалер на годината | ![]() |
Арсенал |
ПФА Тим на годината | ||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голман | ![]() | |||||||||||
Одбрана | ![]() |
![]() |
![]() |
![]() | ||||||||
Среден ред | ![]() |
![]() |
![]() |
![]() | ||||||||
Напад | ![]() |
![]() |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Резиме на сезоната Архивирано на 4 ноември 2008. Премиер лига на Англија 2001-2002, на официјалниот сајт
- ↑ 2,0 2,1 „Premier League 2003/2004 .:. Top scorers“ (англиски). worldfootball.net. Посетено на 26 март 2020.
- ↑ Се квалификува за првото коло на Купот на УЕФА 2002-2003 како вицешамион на ФА Купот, откако победникот (екипата на Арсенал) веќе се квалификувал за европските купови преку првенството.
- ↑ Се квалификува за Купот на УЕФА 2002-2003 како победник на Лига купот 2001-2002.
- ↑ Се квалификува за првото коло на Купот на УЕФА 2002-2003 како победник на рангирањето на УЕФА за ферплеј.
- ↑ Premier League 2001/2002 .:. 38. Round
- ↑ „Statistical Leaders – 2002“. Premier League. Архивирано од изворникот 24 June 2017. Посетено на 5 May 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- rsssf.com (уред.). „England 2001-02“ (англиски).
- „Premier League 2001/2002“.
|