Прејди на содржината

Сол Кембел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сол Кембел
Лични податоци
Роден на 18 септември 1974(1974-09-18)(51 г.)
Роден во Плејстоу, Лондон, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Играчки податоци
Позиција одбрана
Повлекување 2011 (36 г.)
Младинска кариера
Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
Тотенхем Тотенхем
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992-2011 Тотенхем Тотенхем 255 (10)
2001-2006 Арсенал Арсенал 135 (8)
2006-2009 Портсмут Портсмут 95 (2)
2009 Нотс Каунти Нотс Каунти 1 (0)
2009 Арсенал Арсенал 11 (0)
2010-2011 Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 7 (0)
Репрезентација
1994-1996 Англија Англија 21 11 (2)
1996-2007 Англија Англија 73 (1)
Раководител на екипите
2017–2018 Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго (асистент)
2018–2019 Маклесфилд Таун Маклесфилд Таун
2019–2020 Саутенд Јунајтед Саутенд Јунајтед

Салзир Џеремаја Кембел (роден на 18 септември 1974 година, во Плејстоу) — англиски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од одбраната.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Сол Кембел е роден во Плејстоу, дел од лондонскиот кварт Њуам,[1] на 18 септември 1974 година, како дете на Сивел, железнички работник,[2] и Вилхелмина Кембел, вработена во локална фабрика на Форд,[2] и двајцата по потекло од Јамајка.[2] Тој бил најмладиот од дванаесетте деца на неговите родители, од кои девет биле момчиња.[2] И покрај тоа што го поминал своето детство во сиромашна населба со семејство со големи финансиски тешкотии,[2][3] Кембел успеал да се држи настрана од криминалот кој владеел во предградијата, исто така благодарение на строгото образование што му го наметнале неговите родители.[2][3]

„Станав осаменик во мојата сопствена куќа. Станав изолиран затоа што дома немаше простор да се расте или да се развива, сè беше тесно и немаше простор ниту за дишење. Луѓето не сфаќаат како тоа влијае на вас како дете. Не ми дозволуваа да зборувам, па затоа мојот израз беше фудбалот.[3][4]

Кембел за своето детство.

Кембел учел во основното училиште Портвеј во Плејстоу,[5] а средно училиште завршил во училиштето во Листер Комјунити.[6] Тој бил необичен талент и бил делумно образован во Школата за извонредност на ФА во Лилешал, каде се запознал со пинг-понг играчот, а подоцна фудбалски агент Скај Ендрју.[7] Кембел имал краток престој во Вест Хем Јунајтед, започнувајќи ја својата кариера како напаѓач.[3] Ја напуштил програмата за млади на Аптон Парк откако тренерот се пошегувал дека Кембел ќе биде задоволен кога ќе слушне дека Западна Индија ја победила Англија во крикет; Кембел сметал дека ова е навредливо.[8]

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Кембел бил комплетен играч,[9] обдарен со голема физичка сила и одличен стопер,[9] иако одбранбен играч честопати се наоѓал во улога на стрелец на гол и бил одличен во изнесувањето на топката. Не бил особено брз или технички надарен играч, но најголемите предности на неговиот репертоар биле отпорноста,[9] одлуката кога да стартува на топка[9] и играта со глава, поради што секогаш се сметал за опасен при прекини.[9]

Тотенхем Хотспар

[уреди | уреди извор]

Почетоците и пристигнувањето во младинската академија на Тотенхем (1989-1992)

[уреди | уреди извор]

По неговото искуство во Вест Хем Јунајтед, Кембел не сакал да се приклучи на младинската програма на друг професионален клуб, но по два месеци упорноста на главниот скаут на Тотенхем Хотспар, Лен Чисрајт, се исплатела и тој на крајот се приклучил на академијата на Спарс.[10] Менаџерот на младинскиот тим Кит Волдон подоцна потсетил дека неговата физичка, а не техничка способност го истакнала како добра перспектива за иднината.[11] На 14-годишна возраст, тој бил еден од 16-те млади фудбалери кои биле прифатени на тренинг програмата во Лилешал Хол.[12] Валдон му понудил да го постави капитен на младинскиот тим, но Кембел ја одбил понудата бидејќи сакал да се концентрира на сопствената игра.[13]

Деби во Премиер лигата, афирмација и капитен (1992-2001)

[уреди | уреди извор]

Кембел дебитирал за првиот тим на Тотенхем на 5 декември 1992 година, под водството на менаџерот Тери Венеблс против Челси на Вајт Харт Лејн, постигнувајќи гол во поразот со 1-2 по влегувањето во игра како замена на местото на Ник Бармби.[14] И покрај овој добар почеток на неговата кариера, тој не бил избран од менаџерот Венеблс повторно во текот на остатокот од сезоната 1992–1993. На почетокот од сезоната 1993-1994 под водството на новиот менаџер Освалдо Ардилес, Кембел играл како лев бек на местото на повредениот Џастин Единбург, пред да биде префрлен на позицијата десен бек на местото на Дин Остин.[15] По завршувањето на сезоната, тој потпишал нов четиригодишен договор со лондонскиот клуб.[16]

Следната сезона, водени од клупата од новиот менаџер Гари Франсис Спарс имале цел да освојат трофеј и стигнале далеку во ФА купот 1994-1995;[17] сепак, Кембел поради повреда не бил во можност да му помогне на својот клуб во полуфиналето против Евертон одиграно во Лидс во кое тие биле елиминирани со 4-1.[17] Потоа следувале серија разочарувачки резултати, во кои клубот не успеал да стигне до значајни пласмани во Премиер лигата,[18] во кои Сол Кембел нуди одлични настапи во прилично просечен контекст, заобиколувајќи ја хиерархијата и редовно носејќи ја капитенската лента на Тотенхем.[19] Во следната сезона, како резултат на неговиот контроверзен став тој имал неколку вербални пресметки со неговите менаџери, особено со Кристијан Грос и Џорџ Греам за време на сезоната 1997-1998. На 21 март 1999 година, со победата со 1-0 против Лестер Сити во финалето на Лига купот одиграно во Лондон, тој станал првиот црномурест капитен кој го подигнал трофејот на Вембли.[20] Триумфот во Лига купот автоматски му донел на Тотенхем пласман во Купот на УЕФА, каде тие биле елиминирани во второто коло од Кајзерслаутерн. Во 2000 година, тој бил обвинет за скршеница на раката на стјуард по натпреварот против Дарби Каунти, одбивајќи го советот на неговиот адвокат да го направи случајот врзан (тој немало да биде осуден, под услов да изјави дека го сторил делото),[21] но случајот подоцна бил отфрлен.[22] Недостатокот на заштита од страна на Тотенхем, лошиот однос со менаџерите и неуспесите постигнати во лигата го навеле Кембел да се дистанцира сè повеќе и повеќе од клубот.[21]

Тој бил надвор од терените три месеци во текот на сезоната 2000-2001, поради дислоцираното рамо за време на натпреварот од Лига купот со Брентфорд на Грифин Парк (0-0).[23] Последниот настап во дресот на Спарс го имал на 8 април 2002 година, во полуфиналето на ФА Купот 2000-2001, кое тие го загубиле со 2-1 од Арсенал на Олд Трафорд. Менаџерот Глен Ходл признал дека е ризик Кембел да игра, бидејќи дефанзивецот не бил подготвен 100%, и тој го повреди глуждот при еден двобој со Реј Парлор пред да биде заменет од Ледли Кинг. Сепак, пред да биде извршена замената, Патрик Виера погодил со глава за Арсенал додека Кембел бил надвор од теренот и му се укажувала лекарска помош.[24]

Трансферот во Арсенал (2001)

[уреди | уреди извор]

Во летото 2001 година, договорот на Кембел со Тотенхем истекол. Свесни за Босмановото правило и тоа што се случило со Стив МекМанаман (првиот британски фудбалер кој претходно преминал со слободен трансфер од Ливерпул во Реал Мадрид), од Тотенхем му понудиле нов договор кој ќе го направи Кембел најскапо платениот играч на клубот,[25] но по повеќемесечни преговори и неколку јавни уверувања дека ќе остане во Спарс, Кембел изјавил дека има потреба да го напушти клубот за да игра во Лигата на шампионите, за што го советувал и и селекторот на Англија, Свен-Јоран Ериксон.[26] Неколку врвни континентални клубови како Барселона и Милан изразиле интерес да го потпишат, но тој одлучил да му се приклучи на Арсенал - најголемите соперници на Тотенхем - со слободен трансфер. Одлуката на Кембел, предизвикала голема врева откако претходно самиот тој изјави во интервју за списанието Spurs Monthly дека никогаш нема да игра за топџиите.[27] Интересно било тоа што за време на прес-конференцијата на клубот во јули 2001 година, британските медиуми биле убедени дека требало да се одржи презентацијата на новиот голман на Арсенал, Ричард Рајт, но место него се појавил Кембел.[28]

Успесите со „топџиите“, освојување на двојната круна и финалето во Лигата на шампионите (2001-2006)

[уреди | уреди извор]
Сол Кембел и Рикардо Фулер за време на првенствениот натпревар Арсенал-Стоук Сити (3-0).

Трансферот на Кембел во Арсенал бил еден од најдискутираните и најспорните трансфери во историјата на фудбалот.[29][30] Неговите поранешни навивачи веднаш го етикетирале како Јуда,[27][31] имало бројни вандалски акти против него, демонстрации, па дури и смртни закани.[32] Во јануари 2009 година, на четири навивачи на Тотенхем им било забрането да присуствуваат на спортски натпревари во Велика Британија бидејќи биле прогласени за виновни за пеење и скандирање навредлива расистичка содржина на адреса на Кембел.[33][34] Играчот изјавил дека решил да потпише за топџиите поради недостаток на заштита од неговиот поранешен клуб во правни работи во кои бил вклучен во минатото.

Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер бил задоволен со доведувањето на Кембел, објаснувајќи како неговата динамичност била таква што неговите напаѓачи не можеле да го минат како што можеле другите играчи.[35] Дебитирал за топџиите на 18 август, во првото коло од Премиер лигата за сезоната 2001-2002, во победата со 4-0 над Мидлсбро на Риверсајд.[36] Во текот на сезоната, Кембел бил партнер на стоперските позиции на Тони Адамс (кој ќе се повлече на крајот на сезоната) или Мартин Кион.[37] На 17 ноември 2001, тој го направил своето враќање на Вајт Харт Лејн (1-1), и иако одиграл добар натпревар, тој останал шокиран кога го видел неговиот постар брат Тони во публиката како ги поддржува Спарс, додека навивачите извикувале навреди и расистички скандирања кон него.[38] На 26 декември, Кембел го постигнал својот прв гол во дресот на Арсенал, во победата со 2-1 на домашен терен над Челси во лонодонското дерби. Веќе во својата прва сезона на Хајбери, Кембел му донел успех на Арсенал, помагајќи му на клубот да освои двојна круна по успесите во Премиер лигата и ФА купот.

За време на сезоната 2002-2003, Арсенал имал разочарувачка кампања во Лигата на шампионите завршувајќи ги настапите во групната фаза, но останале во игра за одбрана на титулите во Премиер лигата и ФА купот, стигајќи до финалето во второто натпреварување. Сепак, Кембел не можел да му помогне на својот тим во завршниот марш од сезоната поради суспензија, откако судијата Марк Халси му покажал директен црвен картон за удирање со лакт на Оле Гунар Солшер од Манчестер Јунајтед за време на натпреварот со црвените ѓаволи.[39] Клубот вложил жалба на суспензијата, но одлуката не била променета.[40] Tој бил принуден да ги пропушти сите натпревари од првенството до крајот на сезоната каде топџиите на крајот завршиле на второто место неуспевајќи да ја одбранат титулата, како и финалето на ФА купот, каде Арсенал го совладал Саутхемптон со 1-0 и го задржал трофејот. Неговите настапи му донеле место во ПФА Тимот на годината, заедно со соиграчите Лоран, Ешли Кол, Патрик Виера, Робер Пирес и Тјери Анри.[41] Следната сезона тој бил столб на одбраната на таканаречените The Invincibles (непобедливите), прекар кој играчите на Арсенал го добиле откако ја освоиле титулата во Премиер лигата без ниту еден пораз.[42] Титулата математички била осигурана на поранешниот домашен стадион на Кембел, Вајт Харт Лејн, по ремито 2-2 против Тотенхем на 25 април 2004.[42] Исто така, за втора година по ред тој бил избран во ПФА Тимот на годината.[41] Во текот на оваа сезона заедно со Коло Туре, формирале едно од најцврстите одбранбени партнерства во историјата, што било основа за рекордот за непобедливост на топџиите кој траел 49 последователни натпревари, сè до поразот со 2-0 од Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд во октомври 2004. На 19 декември 2004, Кембел го постигнал еден од најнезаборавните голови во својата кариера во победата со 1-0 на гостувањето кај Портсмут, по одлична соло-акција во која тргнал од средината на теренот стигајќи до дваесеттина метри од противничкиот гол каде со силен удар по земја ја затресол мрежата на домаќините.[43]

Кембел со Арсенал во 2010, заедно со Карлос Тевес од Манчестер Сити.

Кон крајот на сезоната 2004-2005, Венгер го оставил Кембел на клупата давајќи им предност на Филип Сендерос и Паскал Сиган да играат до Коло Туре во центарот на одбрната.[44] Како резултат на ова, тој останал неискористена замена и во финалето на ФА Купот, во кое Арсенал го победил Манчестер Јунајтед по изведување пенали.[45] Кембел останал надвор од терените и на почетокот од сезоната 2005-2006, како резултат на слабата форма во комбинција со повреди.[46][47] Сепак, набргу по враќањето во игра тој придонел за победата со 2-0 над Евертон постигнувајќи ги двата гола за лондонскиот клуб. Сепак, во поразот на Арсенал на домашен терен од Вест Хем Јунајтед (2-3) на 1 февруари, Кембел бил директен виновник за првите два гола на чеканите пред да биде заменет на полувремето на свое барање.[48] Невообичаено, тој потоа го напуштил стадионот, не останувајќи да го гледа второто полувреме. Неговиот соиграч Робер Пирес искоментирал дека Кембел се соочува со „голема грижа“ во врска со неговиот приватен живот,[49] а Кембел не остварил никаков контакт со клубот неколку дена. Тој ја напуштил дури и земјата и поминал една недела со пријател во Брисел за да го среди својот живот.[50]

На 6 февруари 2006, тој се вратил на тренинзите со екипата, додека на 25 април играл како стартер во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Виљареал, во натпревар што завршил 0-0 помагајќи англискиот клуб да ја сочува предноста од првиот натпревар и да се пласира во финалето.[51] На 17 мај 2006 година, на Стад де Франс во Париз, Арсенал се појавиле во финалето на најсилното европско клупско натпреварување за прв пат во нивната историја,[37] каде што на другата страна ги чекала Барселона на Франк Рајкард.[37] Во 37-мата минута од првото полувреме, Кембел им донел водството на топџиите со удар со глава по нафрлената топка од слободен удар на Анри.[52] Сепак, Арсенал со играч помалку неиздржале и на крајот загубиле со 2-1, иако Кембел бил избран за Најдобар дефанзивец на турнирот откако ја предводел одбраната на Арсенал до најдобрата дефанзивна серија на било кој тим во историјата на ова натпреварување, без примен гол на десет последователни натпревари или вкупно 995 минути (од голот на Маркус Розенберг за Ајакс во групната фаза до голот на Самуел Ето во финалето).[53] Покрај тоа, тој стана шестиот англиски фудбалер во историјата, по Теди Шерингам, Стив МекМанаман, Стивен Џерард, Френк Лампард и Вејн Руни, кој успеал да постигне гол во финалето на Лигата на шампионите.

Портсмут

[уреди | уреди извор]

Последниот трофеј во кариерата (2006-2009)

[уреди | уреди извор]
Кембел пред почетокот на натпревар со Портсмут во 2008.

Во летото 2006, Кембел се додворувал на италијанскиот клуб Јувентус, но нивниот тренер Дидје Дешам ги затворил преговорите. Кембел потоа ја одбил понудата на турскиот гигант Фенербахче,[54] пред да одлучи да остане во Англија и да му се приклучи на друг клуб од Премиер лигата, Портсмут, со кој потпишал двегодишен договор во август 2006 година.[55] Неговиот период со Помпеј започнал добро, откако тој формирал успешно партнерство во центарот на одбраната со Линвој Прајмус и му помогнал на клубот да сочува пет последователни суви мрежи. Тој го постигнал својот прв гол во дресот на Портсмут во победата со 3-1 над Шефилд Јунајтед на 23 декември 2006.[56] Својата прва сезона на Фратон Парк, ја завршил со 34 настапи (32 во лигата и 2 во ФА купот) и 1 гол.

Пред почетокот на сезоната 2007-2008, Кембел бил назначен за капитен на Портсмут од страна на менаџерот Хари Реднап. На 29 септември 2007, Кембел ги одиграл сите 90 минути во победата со 7-4 над Рединг - што до денес е натпреварот со најмногу постигнати голови во историјата на Премиер лигата; во истиот натпревар Кембел постигнал автогол во четвртата минута од продолжението. На 17 мај 2008, Кембел го освоил ФА купот со Портсмут, после победата со 1-0 над Кардиф Сити на Вембли. Како капитен на клубот, тој ја имал честта да го подигне трофејот.

Клубот паднал во сериозни финансиски тешкотии, а менаџерот Реднап поднел оставка, но Кембел останал и му помогна на Портсмут да избегне испаѓање во сезоната 2008-2009.[57]

„Уживав во мојот престој во Портсмут; тоа беше како да се враќам во друго време. Сите беа против тоа, подбивајќи се.”

Кембел за своето време во Портсмут.[58]

Нотс Каунти и враќање во Арсенал (2009-2010)

[уреди | уреди извор]

Во август 2009, Кембел потпишал петгодишен договор со екипата од четвртата англиската дивизија позната како Лига Два, Нотс Каунти.[59] Тој признал дека неодамнешното назначување на поранешниот селектор на Англија, Свен-Јоран Ериксон на позицијата спортски директор на Нотс Каунти одиграла „голема улога“ во неговата одлука да му се приклучи на клубот. Тој дебитирал за Каунти во поразот со 2-1 од Морекамб на Кристи Парк на 19 септември.[60] Сепак, само три дена подоцна тој го напуштил клубот, а на 24 септември договорот му бил раскинат со взаемна согласнот.[61]

Кон средината на октомври 2009 година, Кембел започнал да тренира со екипата на Арсенал во обид да ја задржи својата кондиција пред јануарскиот преоден рок.[62] На 15 јануари, тој повторно потпишал со клубот за кој играл од 2001 до 2006 година,[63] земајќи го дресот со број 31.[64] Девет дена подоцна, тој го направи своето второ деби за топџиите во поразот од Стоук Сити во ФА купот. На 18 февруари, тој го постигнал својот прв гол во својот втор престој во Арсенал со удар со глава против Порто во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.[65] Поради повредите на белгиецот Томас Вермален и французинот Вилијам Галас, тој бил многу често користен од менаџерот Арсен Венгер во последните два месеци од сезоната.

Њукасл Јунајтед

[уреди | уреди извор]

Последната сезона и завршување на кариерата (2010-2011)

[уреди | уреди извор]
Камбел во дресот на Њукасл Јунајтед против Челси во 2010.

Откако договорот со Арсенал не му бил продолжен, на возраст од 35 години Кембел одново станал слободен играч и решил да му се приклучи на Њукасл Јунајтед со кој потпишал едногодишен договор, откако претходно ја одбил понудата на шкотскиот Селтик. Со своето деби за стрчките, на 3 октомври во натпреварот против Манчестер Сити, Кембел станал вториот играч по Рајан Гигс, кој играл во секоја од првите 19 сезони во Премиер лигата.[66] Во текот на сезоната 2010-2011, тој не бил прв избор во одбраната на Њукасл и настапите му биле многу ограничени, забележувајќи само 8 настапи - 7 во лигата и 1 во Лига купот.

Во мај 2011 година, договорот со Њукасл Јунајтед не му бил продолжен.[67] Набргу потоа Кембел објавил дека ја завршува својата играчка кариера.[68]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Млади репрезентации

[уреди | уреди извор]

Сол Кембел го носел дресот на различни англиски младински репрезентации, освојувајќи го својот прв континентален трофеј со репрезентацијата за играчи под 19 години, станувајќи европски шампион со победата над Турција со 1-0 во финалето на Европското првенство во 1993 година.[9]

Сениорска репрезентација

[уреди | уреди извор]

Деби и Европско првенство 1996

[уреди | уреди извор]

Дебитирал за сениорска репрезентација на 18 мај 1996 година, во победата со 3-0 против Унгарија во пријателски натпревар.[69] Подоцна Тери Венебалс го повикал и на Европско првенство 1996, иако претходно дотогаш тој имал само еден настап за сениорската репрезентација.[70]

Светското првенството 1998 и Европското првенство 2000

[уреди | уреди извор]

Со доаѓањето на Глен Ходл тој бил користен многу почесто во одбраната, заедно со Гарет Саутгејт и Тони Адамс. Играјќи во повеќето натпревари во квалификациите, Кембел придонел за пласманот на англичаните на Светското првенство 1998. На 29 мај 1998 година, на возраст од 23 години и 248 дена, Кембел стана вториот најмлад капитен на Англија по Боби Мур[71] во ремито 0-0 против Белгија.

Откако бил повикан за Мундијалот во Франција, Кембел ги одиграл сите четири натпревари на Гордиот Албион на турнирот во кое биле елиминирани од Аргентина во осминафиналето.[72] Во натпреварот против јужноамериканците (завршил 2-2), тој постигнал гол (погодувајќи со глава по корнер) за 3-2 што судијата Ким Милтон Нилсен го поништил поради фаул на Алан Ширер над противничкиот голман, па по изведувањето на пеналите Англија била елиминирана.[73]

Кембел бил прв избор на стоперската позиција во англиската репрезентација во текот на успешната квалификациска кампања за Европското првенство 2000 под водство на новиот шеф Кевин Киган, и играл на сите три натпревари од групната фаза.

Светското првенството 2002 и Европското првенство 2004

[уреди | уреди извор]

По пензионирањето на Тони Адамс, Кембел бил партнер на Рио Фердинанд во успешната англиска квалификациска кампања за Светското првенство 2002, што се одржало во Јапонија и Јужна Кореја. Тој го постигнал неговиот единствен сениорски погодок за Англија токму на овој турнир, стрелајќи со удар со глава по корнерот на Дејвид Бекам во воведниот натпревар од групата против Шведска.[74] Партнерството на Кембел со Фердинанд било составен дел од силниот перформанс на одбраната во текот на целиот турнир, и тој бил единствениот играч на Англија кој беше избран во Ол-стар тимот на првенството. Англија се пласирала во четвртфиналето, каде загубиле од подоцнежниот шампион Бразил и покрај тоа што ги одиграле последните нешто повеќе од 30 минути со играч повеќе.[75]

Кембел го задржал своето место во центарот на одбраната, помагајќи Англија да се пласира на Европското првенство 2004, а потоа бил повикан од Свен-Јоран Ериксон за завршниот турнир одигран во Португалија што за него било третото европско првенство на кое учествувал. Англичаните стигнале до четвртфиналето во кое се сретнале со домаќинот на турнирот кога при нерешен резултат 1-1, Кембел постигнал гол со глава кој требало да ги одведе островјаните во следната фаза.[76] Сепак, судијата Урс Мејер го поништил голот, досудувајќи прекршок на Џон Тери над португалскиот голман Рикардо.[76] Натпреварот отишол во продолженија каде пак завршил нерешено 2-2, а потоа Англија била елиминирана по изведување на пенали.[76]

Светското првенството 2006 и повлекување од репрезентацијата

[уреди | уреди извор]

Иако бројот на настапи за репрезентацијата по Европското првенство во Португалија дрестично му се намалил, сепак во 2006 тој бил повикан да игра на своето трето Светско првенство во кариерата. На Светското првенство 2006 во Германија, Кембел бил трет избор на стоперската позиција, зад тандемот Тери-Фердинанд. Сепак, по повредата на Фердинанд, Кембел влегол како замена во натпреварот од групната фаза против Шведска, што го направило првиот играч што ја претставувал Англија играјќи на шест последователни меѓународни турнири.[77] По заминувањето на Ериксон од функцијата, новиот селектор Стив Мекларен многу ретко го користел Кембел; тој одиграл само 4 натпревари под водството на Мекларен, меѓу кои и неговиот последен во дресот на Гордиот Албион - на 21 ноември 2007 во поразот со 2-3 од Хрватска на Вембли, кој ги чинел неуспех да се квалификуваат на Евро 2008.

Вкупно за англиската репрезентација одиграл 71 натпревар и постигнал 1 гол.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
18-5-1996ЛондонАнглија Англија3 – 0Унгарија УнгаријаПријателска-влегол во игра 75'
15-6-1996ЛондонШкотска Шкотска0 – 2Англија АнглијаЕвро 1996 - Прва фаза-влегол во игра 85'
9-11-1996ТбилисиГрузија Грузија0 – 2Англија АнглијаКвал. за СП 1998-
12-2-1997ЛондонАнглија Англија0 – 1Италија ИталијаКвал. за СП 1998-
30-4-1997ЛондонАнглија Англија2 – 0Грузија ГрузијаКвал. за СП 1998-
24-5-1997МанчестерАнглија Англија2 – 1Јужна Африка Јужна АфрикаПријателска-влегол во игра 89'
31-5-1997КраковПолска Полска0 – 2Англија АнглијаКвал. за СП 1998-
7-6-1997ПаризФранција Франција0 – 1Англија АнглијаПријателска-
10-6-1997БордоБразил Бразил1 – 0Англија АнглијаПријателска-добил жолт картон во 65-тата минута 65'
10-9-1997ЛондонАнглија Англија4 – 0Молдавија МолдавијаКвал. за СП 1998-добил жолт картон во 89-тата минута 89'
11-10-1997РимИталија Италија0 – 0Англија АнглијаКвал. за СП 1998-добил жолт картон во 17-тата минута 17'
15-11-1997ЛондонАнглија Англија2 – 0Камерун КамерунПријателска-
11-2-1998ЛондонАнглија Англија0 – 2Чиле ЧилеПријателска-
22-4-1998ЛондонАнглија Англија3 – 0Португалија ПортугалијаПријателска-
27-5-1998РабатМароко Мароко0 – 1Англија АнглијаПријателска-
29-5-1998БриселБелгија Белгија0 – 0Англија АнглијаПријателска-, заменет 76'
15-6-1998МарсејАнглија Англија2 – 0Тунис ТунисСП 1998 - Прва фаза-добил жолт картон во 88-мата минута 88'
22-6-1998ТулузРоманија Романија2 – 1Англија АнглијаСП 1998 - Прва фаза-
26-6-1998ЛансКолумбија Колумбија0 – 2Англија АнглијаСП 1998 - Прва фаза-
30-6-1998Сент-ЕтјенАргентина Аргентина2 – 2 прод.
(6 – 5 пен.)
Англија АнглијаСП 1998 - Осминафинале-
5-9-1998СолнаШведска Шведска2 – 1Англија АнглијаКвал. за ЕП 2000-заменет 75'
10-10-1998ЛондонАнглија Англија0 – 0Бугарија БугаријаКвал. за ЕП 2000-
14-10-1998ЛуксембургЛуксембург Луксембург0 – 3Англија АнглијаКвал. за ЕП 2000-
18-11-1998ЛондонАнглија Англија2 – 0Чешка ЧешкаПријателска-
27-3-1999МанчестерАнглија Англија3 – 1Полска ПолскаКвал. за ЕП 2000-
5-6-1999ЛондонАнглија Англија0 – 0Шведска ШведскаКвал. за ЕП 2000-
9-6-1999СофијаБугарија Бугарија1 – 1Англија АнглијаКвал. за ЕП 2000-добил жолт картон во 52-рата минута 52'
13-11-1999ГлазговШкотска Шкотска0 – 2Англија АнглијаПријателска-
17-11-1999ЛондонАнглија Англија0 – 1Гана ГанаПријателска-
23-2-2000ЛондонАнглија Англија0 – 0Аргентина АргентинаПријателска-
27-5-2000МанчестерАнглија Англија1 – 1Бразил БразилПријателска-
31-5-2000ЛондонАнглија Англија2 – 0Украина УкраинаПријателска-
3-6-2000Та КалиМалта Малта1 – 2Англија АнглијаПријателска-
12-6-2000АјндховенПортугалија Португалија3 – 2Англија АнглијаЕвро 2000 - Прва фаза-
17-6-2000ШарлроаАнглија Англија1 – 0Германија ГерманијаЕвро 2000 - Прва фаза-
20-6-2000ШарлроаАнглија Англија2 – 3Романија РоманијаЕвро 2000 - Прва фаза-
2-9-2000МарсејФранција Франција1 – 1Англија АнглијаПријателска-
28-2-2001БирмингемАнглија Англија3 – 0Шпанија ШпанијаПријателска-
24-3-2001ЛондонАнглија Англија2 – 1Финска ФинскаКвал. за СП 2002-
28-3-2001ТиранаАлбанија Албанија0 – 1Англија АнглијаКвал. за СП 2002-заменет 60'
1-9-2001МинхенГерманија Германија1 – 5Англија АнглијаКвал. за СП 2002-
5-9-2001ЛондонАнглија Англија2 – 0Албанија АлбанијаКвал. за СП 2002-
13-2-2002АмстердамХоландија Холандија1 – 1Англија АнглијаПријателска-заменет 45'
27-3-2002ЛидсАнглија Англија1 – 2Италија ИталијаПријателска-заменет 45'
21-5-2002СеулЈужна Кореја Јужна Кореја1 – 1Англија АнглијаПријателска-заменет 45'
26-5-2002ЈаундеКамерун Камерун2 – 2Англија АнглијаПријателска-влегол во игра 45'
2-6-2002СаитамаАнглија Англија1 – 1Шведска ШведскаСП 2002 - Прва фаза1добил жолт картон во 12-тата минута 12'
7-6-2002СапороАргентина Аргентина0 – 1Англија АнглијаСП 2002 - Прва фаза-
12-6-2002ОсакаНигерија Нигерија0 – 0Англија АнглијаСП 2002 - Прва фаза-
15-6-2002НигатаАнглија Англија3 – 0Данска ДанскаСП 2002 - Осминафинале-
21-6-2002ФукуроиАнглија Англија1 – 2Бразил БразилСП 2002 - Четвртфинале-
16-10-2002ЛондонАнглија Англија2 – 2Македонија МакедонијаКвал. за ЕП 2004-
12-2-2003ЛондонАнглија Англија1 – 3Австралија АвстралијаПријателска-влегол во игра 45'
2-4-2003ЛондонАнглија Англија2 – 0Турција ТурцијаКвал. за ЕП 2004-
6-9-2003СкопјеМакедонија Македонија1 – 2Англија АнглијаКвал. за ЕП 2004-добил жолт картон во 24-тата минута 24'
11-10-2003ИстанбулТурција Турција0 – 0Англија АнглијаКвал. за ЕП 2004-
1-6-2004МанчестерАнглија Англија1 – 1Јапонија ЈапонијаПријателска-
5-6-2004ЛондонАнглија Англија6 – 1Исланд ИсландПријателска-заменет 45'
13-6-2004ЛисабонФранција Франција2 – 1Англија АнглијаЕвро 2004 - Прва фаза-
17-6-2004КоимбраАнглија Англија3 – 0Швајцарија ШвајцаријаЕвро 2004 - Прва фаза-
21-6-2004ЛисабонХрватска Хрватска2 – 4Англија АнглијаЕвро 2004 - Прва фаза-
24-6-2004ЛисабонПортугалија Португалија2 – 2 прод.
(6 – 5 пен.)
Англија АнглијаЕвро 2004 - Четвртфинале-
9-10-2004МанчестерАнглија Англија2 – 0Велс ВелсКвал. за СП 2006-
13-10-2004БакуАзербејџан Азербејџан0 – 1Англија АнглијаКвал. за СП 2006-
28-5-2005ЧикагоСАД САД1 – 2Англија АнглијаПријателска-
8-10-2005ЛондонАнглија Англија1 – 0Австрија АвстријаКвал. за СП 2006-заменет 65'
30-5-2006ЛондонАнглија Англија3 – 1Унгарија УнгаријаПријателска-добил жолт картон во 77-мата минута 77' заменет 77'
3-6-2006ЛиверпулАнглија Англија6 – 0Јамајка ЈамајкаПријателска-влегол во игра 58'
20-6-2006КелнШведска Шведска2 – 2Англија АнглијаСП 2006 - Прва фаза-заменет 67'
13-10-2007ЛондонАнглија Англија3 – 0Естонија ЕстонијаКвал. за ЕП 2008-
17-10-2007МоскваРусија Русија2 – 1Англија АнглијаКвал. за ЕП 2008-
16-11-2007ВиенаАвстрија Австрија0 – 1Англија АнглијаПријателска-заменет 45'
21-11-2007ЛондонАнглија Англија2 – 3Хрватска ХрватскаКвал. за ЕП 2008-
Вкупно Настапи 73 Голови 1

Тренерска кариера

[уреди | уреди извор]

На 30 јануари 2017, Кембел бил назначен за асистент на селекторот на Тринидад и Тобаго, Денис Лоренс.[78]'

Кембел бил назначен за менаџер на Маклсфилд Таун на 27 ноември 2018 година, кој се борел за опстанок во англиската Лига Два.[79] Откако не успеал да го спаси клубот од испаѓање, Кембел ја напуштил функцијата во август следната година.[80]

На 22 октомври 2019, Кембел седнал на клупата на Саутенд Јунајтед, клуб од англиската Лига Еден.[81] Клубот бил длабоко западнат во финансиска криза и не можеле да му обезбедат на новиот менаџер играчи во јануарскиот преоден рок, поради што и резултатите на клубот биле слаби. Поради пандемијата на КОВИД-19, сезоната била прерано завршена и било одлучено да не се доигра до крај, поради што Саутенд како втор клуб одзади на табелата испаднал во Лига Два. Кембел го напуштил клубот на 30 јуни 2020 година.[82]

Статистика

[уреди | уреди извор]

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1992-1993Англија ТотенхемПЛ11ФА Куп+ЛК--------11
1993-1994ПЛ340ФАКуп+ЛК3+50+1------421
1994-1995ПЛ300ФАКуп+ЛК3+30------360
1995-1996ПЛ311ФАКуп+ЛК6+20------391
1996-1997ПЛ380ФАКуп+ЛК1+40+1------431
1997-1998ПЛ340ФАКуп+ЛК3+31+0------401
1998-1999ПЛ376ФАКуп+ЛК7+80+2------528
1999-2000ПЛ290ФАКуп+ЛК2+20КУ20---350
2000-2001ПЛ212ФАКуп+ЛК5+10------272
Вкупно Тотенхем2551058520--31515
2001-2002Англија АрсеналПЛ312ФАКуп+ЛК7+01+0ЛШ100---483
2002-2003ПЛ332ФАКуп+ЛК5+01+0ЛШ100КШ10493
2003-2004ПЛ351ФАКуп+ЛК5+00ЛШ90КШ10501
2004-2005ПЛ161ФАКуп+ЛК1+00ЛШ40КШ--211
2005-2006ПЛ202ФАКуп+ЛК1+20ЛШ61КШ--293
2006-2007Англија ПортсмутПЛ321ФАКуп+ЛК2+00------341
2007-2008ПЛ311ФАКуп+ЛК5+10------371
2008-2009ПЛ320ФАКуп+ЛК3+00КУ40КШ10400
Вкупно Портсмут95211040101112
авг.- сеп. 2009Англија Нотс КаунтиФЛ210ФАКуп+ЛК-----ТФЛ--10
јан.-јун. 2010Англија АрсеналПЛ110ФАКуп+ЛК1+00ЛШ21---141
Вкупно Арсенал14682224122021112
2010-2011Англија Њукасл ЈунајтедПЛ70ФАКуп+ЛК0+10------80
Вкупно во кариерата504209274723064629

Репрезентативна статистика

[уреди | уреди извор]
Извор:[83]
Англија
Год.НастапиГолови
199630
199790
1998120
199950
200080
200150
2002101
200340
200480
200520
200630
200740
Вкупно731

Клупски

Англија Тотенхем

1998-1999

Англија Арсенал

2001–2002, 2003–2004
2001–2002, 2004–2005

Англија Портсмут

2007-2008

Репрезентативни

Англија Англија под 19 години

1993

Поединечни

2002
2004
  1. Astaire 2014, стр. 5
  2. 1 2 3 4 5 6 Astaire 2014, стр. 2
  3. 1 2 3 4 Burt (9 август 2006). „Inside the mind of Sol Campbell“. The Independent. Посетено на 19 април 2010. Занемарен непознатиот параметар |name= (help); Занемарен непознатиот параметар |city= (help)
  4. Astaire 2014, стр. 9
  5. Smith (1 јули 2001). Sunday Mirror (уред.). http://www.thefreelibrary.com/Football%3A+SOL+REACHED+FOR+SKY+AND+STRUCK+GOLD%3B+Former+table+tennis...-a076096883. Посетено на 4 октомври 2014. Занемарен непознатиот параметар |name= (help); Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  6. Hytner, David (3 March 2009). „Campbell wants points deducted for fans' abuse“. The Guardian. London. Посетено на 3 March 2009.
  7. Smith, Paul (1 July 2001). „Football: SOL REACHED FOR SKY AND STRUCK GOLD; Former table tennis“. Sunday Mirror. Посетено на 4 October 2014.
  8. Astaire 2014, стр. 23
  9. 1 2 3 4 5 6 Astaire 2014, стр. 59
  10. Astaire 2014, стр. 27
  11. Astaire 2014, стр. 29
  12. Astaire 2014, стр. 31
  13. Astaire 2014, стр. 55
  14. Astaire 2014, стр. 47
  15. Astaire 2014, стр. 61
  16. Astaire 2014, стр. 63
  17. 1 2 Astaire 2014, стр. 67
  18. Astaire 2014, стр. 68
  19. Astaire 2014, стр. 69
  20. Astaire 2014, стр. 76
  21. 1 2 Astaire 2014, стр. 82
  22. Astaire 2014, стр. 83
  23. Astaire 2014, стр. 84
  24. „Arsenal sink rivals Spurs“. BBC Sport. 8 April 2001. Посетено на 11 November 2014.
  25. Burt, Jason (24 September 2009). „Sol Campbell: tortured soul free for new vanity project“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот на 2009-09-28. Посетено на 26 September 2009.
  26. Snowdon, Graham (28 May 2001). „Campbell's demands 'ridiculous' say Spurs“. The Independent. London. Посетено на 19 April 2010.[мртва врска]
  27. 1 2 Brennan, Dan (September 2001). „25 Transfers That Rocked The World“. FourFourTwo (169). стр. 93.
  28. Astaire 2014, стр. 119
  29. http://www.foxsports.it/amp/2016/10/26/sei-piu-grandi-traditori-della-storia-del-calcio/
  30. Горан Упале (15 мај 2016). „ФОТО: Погледнете го тимот на соништата составен од најголемите „предавници". gol.mk. Занемарен непознатиот параметар |acces-date= (help)
  31. „spiked-life | Offside, 23 November“. Spiked-online.com. Архивирано од изворникот на 30 October 2007. Посетено на 26 September 2009.
  32. Justin Madubuko (9 avgust 2001). „Campbell's Arsenal move prompts online death threat“. zdnet. Посетено на 13 февруари 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  33. https://www.theguardian.com/uk/2009/may/15/sol-campbell-chant-guilty-portsmouth
  34. https://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-1123823/Four-Tottenham-fans-banned-indecent-Campbell-chants.html
  35. Astaire 2014, стр. 106
  36. Astaire 2014, стр. 123
  37. 1 2 3 Astaire 2014, стр. 291
  38. Astaire 2014, стр. 130
  39. Astaire 2014, стр. 135
  40. „FA calls for video of Campbell's elbow“. The Guardian. Посетено на 14 февруари 2021.
  41. 1 2 Hugman, Barry J., уред. (2004). The PFA Footballers' Who's Who 2004/2005. Queen Anne Press. стр. 480. ISBN 1-85291-660-5.
  42. 1 2 Astaire 2014, стр. 142
  43. „Portsmouth 0-1 Arsenal“. BBC. Посетено на 14 февруари 2021.
  44. Astaire 2014, стр. 150
  45. Astaire 2014, стр. 151
  46. McCarra, Kevin (3 February 2006). „The strange case of Sol Campbell, still missing in action“. The Guardian. London. Посетено на 13 November 2006.
  47. „Hansen voices fears over Campbell“. BBC Sport. 2 February 2006. Посетено на 13 November 2006.
  48. Burt, Jason (9 August 2006). „Inside the mind of Sol Campbell“. The Independent. London.
  49. „Arsenal offer support to Campbell“. BBC Sport. 4 April 2006. Посетено на 13 November 2006.
  50. „Campbell attends Arsenal training“. BBC Sport. 6 February 2006. Посетено на 13 November 2006.
  51. Astaire 2014, стр. 172
  52. Astaire 2014, стр. 177
  53. „Trivia: 50 things about the UCL“. Espnstar.Com. Архивирано од изворникот на 22 January 2013. Посетено на 19 April 2010.
  54. Astaire 2014, стр. 225
  55. „Pompey complete Campbell signing“. BBC Sport. 6 August 2006. Посетено на 24 August 2009.
  56. „Portsmouth 3–1 Sheff Utd“. BBC Sport. 23 December 2006. Посетено на 21 May 2007.
  57. Astaire 2014, стр. 250
  58. Astaire 2014, стр. 251
  59. „Sol Campbell Signs for Notts County FC“ (англиски). Notts County Official website. Архивирано од изворникот на 27 август 2009.
  60. „Morecambe Notts County“. BBC Sport. 19 September 2009. Посетено на 20 September 2009.
  61. Astaire 2014, стр. 261
  62. „Sol Campbell training with Arsenal squad“. Arsenal F.C. 16 October 2009. Архивирано од изворникот на 19 October 2009. Посетено на 14 January 2010.
  63. „Sol Campbell completes shock return to Arsenal“. BBC Sport. 15 January 2010. Посетено на 15 January 2010.
  64. „Sol Campbell rejoins Arsenal Football Club“. Arsenal F.C. 16 January 2010. Архивирано од изворникот на 19 January 2010. Посетено на 19 April 2010.
  65. Fifield, Donimic (17 February 2010). „Lukasz Fabianski horror show leaves Arsenal furious and frustrated“. The Guardian. London.
  66. Bandini, Paolo (3 October 2010). „Manchester City v Newcastle United – as it happened“. The Guardian. London.
  67. „Campbell and Kuqi released“. Sky Sports. 25 May 2011. Посетено на 25 May 2011.
  68. „Sol Campbell: Former England defender confirms retirement“. BBC Sport. 2 May 2012. Посетено на 2 May 2012.
  69. Ian Ridley (19 мај 1996). „Anderton's double-quick return“ (англиски). The Independent.
  70. Nick Duxbury (12 јуни 1996). „Venables troubled by "treason" and Howey“ (англиски). The Independent.
  71. „England Records“. EnglandFanzine.co.uk. Архивирано од изворникот на 16 October 2014.
  72. „Tutto dagli undici metri l'Argentina passa ai quarti“. 30 јуни 1998.
  73. Astaire 2014, стр. 193
  74. Astaire 2014, стр. 202
  75. Astaire 2014, стр. 208
  76. 1 2 3 Astaire 2014, стр. 210
  77. Burt, Jason (9 August 2006). „Inside the mind of Sol Campbell“. The Independent. London. Архивирано од изворникот на 6 October 2008. Посетено на 23 May 2010.
  78. „Lawrence named Soca Warriors boss“. FIFA. Архивирано од изворникот на 2017-08-26. Посетено на 31 јануари 2017. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  79. „Sol Campbell: Macclesfield Town name ex-England defender as manager“. BBC Sport. 27 November 2018. Посетено на 12 December 2018.
  80. „Sol Campbell: Macclesfield Town manager leaves by mutual agreement“. BBC News. 15 August 2019. Посетено на 16 August 2019.
  81. „Sol Campbell: Southend United name ex-England defender as new manager“. BBC News. 22 October 2019. Посетено на 22 October 2019.
  82. „Sol Campbell: Southend United manager leaves by mutual consent“. 30 June 2020 преку www.bbc.co.uk.
  83. „Campbell, Sol“. Посетено на 17 февруари 2021.
  84. 1 2 3 „Free Agent – Sol Campbell“. Sky Sports. 26 July 2011. Посетено на 8 January 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]