Џон Тери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џон Тери
JohnTerry.JPG
Тери на Европското првенство во 2012
Лични податоци
Полно име Џон Џорџ Тери
Роден на 7 декември 1980 (1980-12-07) (воз. 37 г.)
Роден во Баркинг, Лондон, Англија
Висина 1,87м
Клупски податоци
Сегашен клуб Челзи
Број 26
Младинска кариера
Сенраб
1991–1995 Вест хем јунајтед
1995–1998 Челзи
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1998– Челзи 492 (40)
2000 → Нотингем форест 6 (0)
2017– Астон Вила 0 (0)
Репрезентација
2000–2002 Англија U-21 9 (1)
2003–2012 Англија 78 (6)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 13
10, 27 декември 2014 (УТЦ).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 7 септември 2012

Џорџ Џон Тери (роден на 7 декември 1980) — англиски професионален фудбалер. Џон Тери е централен бек и е капитен на Челзи во ФА Премиер лигата. Тој исто така бил и капитен на Англискиот национален фудбалски тим, од август 2006 до февруари 2010, и од март 2011 до февруари 2012. Тери важи како физички силен одбранбен играч, со доминантна игра во воздухот и е познат по своите агресивни одземања на топката, позиционирање, лидерство и неговата способност да ја проценува играта.[1][2][3][4] Тој се смета за еден од најдобрите дефанзивци на неговата генерација.[5][6] Тери беше награден за најдобар фудбалски дефанзивец на УЕФА во 2005, 2008 and 2009 година,[7] како и играч на годината во 2005 година,[8] и беше вклучен во ФИФА Про и ФИФА Светските 11.[9][10][11][12] Тој исто така беше именуван во Ол-Стар тимот на Светското првенство во 2006 година, и бил единствен англиски играч во тимот.

Тери во настап за Англија во 2010

За репрезентацијата на Англија одиграл 78 натперавари од 2003 до 2012 година. Тери своето деби за репрезентацијата на Англија го имал во јуни 2003 година против репрезентацијата на Србија и Црна Гора, додека првиот старт во почетните 11 за Англија го имал на 20 август 2003 година во Ипсвич, на пријателскиот натпревар против Хрватска, Англија победи со 3-1.[се бара извор] Неговиот главен партнер во одбраната бил Рио Фердинанд.[се бара извор] Тој играше за својата земја на повеќе меѓународни првенства како што се : Евро 2004, кога селектор на Англија бил Свен Јеран Ериксон кој изјавил дека Тери бил негов прв избор како централен дефанзивец, заедно со Сол Кембел.[се бара извор]. Исто така бил дел од Светските првенства во 2006 и 2010 година, како и на Европските првенства 2008 и 2012 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „John Terry“. ESPN. http://en.espn.co.uk/football/sport/player/74021.html. конс. 18 декември 2014 г. 
  2. Harris, Paul. „How can I be a racist? I have done work with African charities: What Terry told police after arrest on charge of abusing black opponent“, 10 јули 2012 (конс. 18 декември 2014 г).
  3. Waugh, Chris. „Wayne Rooney labels John Terry as 'toughest defender' he's faced and Man Utd team-mate Danny Welbeck explains why he's 'dat guy' in Nike Football video“, 26 август 2014 (конс. 18 декември 2014 г).
  4. Redknapp, Harry. „John Terry's leadership is crucial to Chelsea, the game is now full of very, very quiet players“, 23 август 2015 (конс. 13 мај 2016 г).
  5. Miller, David. „The best 20 England defenders“, 31 јули 2007.
  6. Ashton, Neil. „Terry's not only the best Chelsea centre back in the Premier League era... he's the best there's been full stop“, 28 јануари 2014.
  7. „UEFA Club Defender of the Year“. UEFA. http://www.uefa.com/memberassociations/news/newsid=1498485.html. конс. 2 ноември 2009 г. 
  8. „Terry claims player of year award“. BBC Sport. 24 април 2005. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/eng_prem/4478329.stm. конс. 15 октомври 2005 г. 
  9. „Lamps and Terry honoured“. The Football Association. http://www.thefa.com/England/news/2005/lampard_and_terry_honoured. конс. 5 мај 2014 г. 
  10. „Ronaldinho regains FifPro crown“. BBC Sport. 6 ноември 2006. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/internationals/5414328.stm. конс. 16 декември 2006 г. 
  11. „Kaka wins world players' accolade“. BBC Sport. 5 октомври 2007. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/7030442.stm. конс. 7 октомври 2007 г. 
  12. „Ronaldo wins world players' award“. BBC Sport. 27 октомври 2008. http://news.bbc.co.uk/sport2/hi/football/europe/7681948.stm. конс. 27 октомври 2008 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: