1. ФК Кајзерслаутерн
1. ФК Кајзерслаутерн | |||
---|---|---|---|
Целосно име | 1. Фудбал клуб Кајзерслаутерн е. В. | ||
Прекар | Die roten Teufel (Црвените ѓаволи) | ||
Основан | 2 јуни 1900 | ||
Локација | Кајзерслаутерн, Германија | ||
Стадион | Стадион Фриц Валтер | ||
Капацитет | 49,780 | ||
Менаџер | Михаел Фронтцек | ||
Лига | 3. Лига | ||
2017–18 | 18-ти, испаѓање | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
Титули | 9 Бундеслига : 4 | ||
| |||
Тековна сезона |
1. ФК Кајзерслаутерн (гермснки изговор: [ʔɛf t͡seː kaɪ̯zɐsˈlaʊ̯tɐn]), познат и само како Кајзерслаутерн или само ФКК, е германски фудбалски клуб од градот Кајзерслаутерн во западно-германската покраина Рајнска област-Пфалц. Клубот во моментов се натпреварува во 3. Лига, третото ниво на германскиот фудбал.
Клубот е основан на 2 јуни 1990, со спојување на клубовите Германија 1896 и ФГ Кајзерслаутерн, а денешното име го добил во 1933 година. Како еден од основачите на Бундеслигата, Кајзерслаутерн играл непрекинато од 1963 до 1996 година во највисоката дивизија на германскиот фудбал. Клубот е четирикратен шампион на Германија (1950–1951, 1952–1953, 1990–1991, 1997–1998), двапати освојувач на Купот на Германија (1989-1990, 1995-1996), и еднаш победник на Суперкупот на Германија. Историски гледано, Кајзерслаутерн е меѓу најуспешните фудбалски клубови во Германија, и моментално се наоѓа на десеттото место на Вечната табела на Бундеслигата. Исто така, иако нема ниту една титула во својата историја, клубот успешно се претставувал и во европските натпреварувања каде стигнал до четвртфиналето во Лигата на шампионите во 1999 како и на двапати до полуфиналето во Купот на УЕФА. Во сезоната 1997–1998, кога Кајзерслаутерн ја освоил својата последна првенствена шампионска титула клубот тоа го направил како ново промовирана екипа која влегла во првенството од понизок ранг на натпреварување, со што е единствениот клуб во германскиот фудбал кој го сторил ова. По шест години во второто ниво, во 2018 тие испаднале во 3. Лига за првпат во својата историја.
Од 1920 година, својте домашни натпревари Кајзерслаутерн ги игра на стадионот Фриц Валтер, именуван по капитенот на репрезентацијата на Западна Германија кој ја освоил светската титула во 1954. Боите на клубот се црвената и белата.
Историја
[уреди | уреди извор]Овој поднаслов има потреба од дополнување. |
Титули
[уреди | уреди извор]- Бундеслига : 4
- 1950–1951, 1952–1953, 1990–1991, 1997–1998
- Второ место (4) : 1948, 1954, 1955, 1994
- Куп на Германија : 2
- 1989–1990, 1995–1996
- Финалист (5) : 1961, 1972, 1976, 1981, 2003
- 1991
- 2. Бундеслига : 2
- 1996–1997, 2009–2010
Поранешни играчи
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„1. ФК Кајзерслаутерн“ на Ризницата ? |
- Матична страна
- Статистика на 1. ФК Кајзерслаутерн Архивирано на 8 август 2010 г.