Френк Лампард
![]() Френк Лампард во Челзи
|
|||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Полно име | Френк Џејмс Лампард | ||
Роден на | 20 јуни 1978 | ||
Роден во | Ромфорд, Лондон, Англија | ||
Висина | 1.84 м | ||
Позиција | централен напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Челзи | ||
Број | 8 | ||
Младинска кариера | |||
1994–1995 | Вест Хем Јунајтед | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1995–2001 | Вест Хем Јунајтед | 148 | (138) |
1995–1996 | → Свонзи Сити (позајмица) | 9 | (1) |
2001–2014 | Челзи | 429 | (142) |
2014–2015 | Манчестер Сити | 32 | (6) |
2015–2016 | Нујорк Сити | 29 | (15) |
Вкупно | 647 | (193) | |
Репрезентација ‡ | |||
1997–2000 | Англија U-21 | 16 | (9) |
1999– | Англија | 106 | (29) |
† Учества (Голови). |
Френк Лампард (роден на 20 јуни 1978) е поранешен англиски професионален фудбалер кој настапувал како играч од средниот ред за повеќе англиски клубови, но најголем траг оставил во Челзи. Исто така тој настапуваше за националниот тим на Англија. Се смета за еден од најдобрите англиски фудбалери од средниот ред од неговата генерација. Лампард својата кариера ја започнал во Вест Хем Јунајтед. Во 2001, тој се префрлил во ривалскиот лондонски клуб Челзи за £11 милиони фунти. Френк потпишал нов договор во 2008 година, со што станал најплатениот фудбалер во ФА Премиер Лигата во тоа време и постигна гол во неговиот прв настап во финалето на Лигата на шампионите. Тој го освоил ФА купот по втор пат во 2009, со постигнување на победничкиот гол во финалето. Во сезоната 2011-2012, Френк славел, заедно со неговиот тим Челзи, по победата во Лигата на шампионите. Тој го освии неговиот втор трофеј во ФА Купот во 2009 година, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето. Во сезоната 2009-10, Лампард им помогнал на Челзи ја освојат Премиер лигата и ФА Купот, и исто така тоа претставувала една од најплодните негови сезони со клубот, постигнувајќи 22 голови и 17 асистенции лига. Во 2012 година, Лампард како капитен на Челзи дојде до својот најголем успех , освојувајќи ја Лигата на Шампионите, а една година подоцна до првата титула во Лигата на Европа.Тој беше ослободен од страна на клубот по завршувањето на сезоната 2013-14година.
На репрезентативно ниво, Лампард е дел од листата на фудбалери со 100 или повеќе настапи за националниот тим, во неговиот случај тој забележал 106 настапи за Англија од своето деби во октомври 1999 година, и постигнла 29 голви. Тој бил прогласен за играч на годината во Англија во две последователни години во 2004 и 2005 година. Со националниот тим настапил на Евро 2004, каде што бил именуван во тимот на турнирот постигнувајќи три гола во четири натпревари. Тој бил најдобар стрелец за Англија во кфалификациите за Светското првенство во 2006 година со пет постигнати гола, и ја претставвувал Англија на три светски првенства. Тој е еден од најдобрите изведувачи на пенали на Англија со девет гола, надминувајќи го претходниот рекорд на Рон Флауферс и Алан Ширер.
Од декември 2015 година, тој е во брак со телевизиската водителка Кристин Блекли. Лампард во моментов работи како капитен на тимот на ТВ мрежата- ИТВ спорт панел шоу Игра на свирче .
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Профил на Chelseafc.com
- Профил на TheFA.com
|
|