Томас Вермален
Томас Вермален | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Томас Вермален[1] | ||
Роден на | 14 ноември 1985 | ||
Роден во | Капелен, Белгија | ||
Држава | Белгија | ||
Висина | м[2] | 1,83||
Играчки податоци | |||
Позиција | одбрана | ||
Повлекување | 21 јануари 2022 (36 г.) | ||
Младинска кариера | |||
1991–1999 | Жерминал Екерен | ||
1999–2000 | Жерминал Биршот | ||
2000–2003 | Ајакс | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
2003–2009 | Ајакс | 97 | (7) |
2004–2005 | → РКЦ Валвајк | 13 | (2) |
2009–2014 | Арсенал | 110 | (13) |
2014–2019 | Барселона | 31 | (1) |
2016–2017 | → Рома | 9 | (0) |
2019–2021 | Висел Кобе | 45 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2002–2003 | Белгија 18 | 5 | (0) |
2003–2004 | Белгија 19 | 7 | (0) |
2004–2007 | Белгија 21 | 13 | (1) |
2008 | Белгија 23 | 5 | (0) |
2006–2021 | Белгија | 85 | (2) |
Томас Вермален (роден на 14 ноември 1985 година, во Капелен) — поранешен белгиски фудбалер, играч од одбраната и поранешен репрезентативец на Белгија (2006-2021).
Вермален се приклучил на младинската академија на Ајакс во 2000 година, а за време на сезоната 2003-2004, неговата прва со првиот тим, го холандското првенство со Ајакс. Дресот на Ајакс го носел цели шест сезони, а во 2009 година по заминувањето на Клас-Јан Хунтелар, тој бил назначен и за капитен на амстердамскиот гигант. Во 2009 година, Вермален потпишал за Арсенал и веќе во својата прва сезона бил избран во тимот на годината на Премиер Лигата. Со трансферот на Робин ван Перси во Манчестер Јунајтед во август 2012 година, тој бил избран за капитен на топџиите, но неговите игри и минутажата биле ограничени поради добрите игри на одбранбениот тандем Мертезакер-Кошчелни. Во август 2014 година, тој се преселил во Барселона за 15 милиони евра,[3] каде поради бројните повреди не успеал да се наметне. Откако една сезона бил позајмен во Рома, во 2019 година се приклучил на јапонскиот Висел Кобе, каде и ја завршил својата кариера во 2021 година.
За репрезентацијата на Белгија, Вермален дебитирал во 2006 година и настапувал се до 2021 година, забележувајќи 85 настапи и 2 гола. Во дресот со државниот грб учествувал на две Светски првенства во 2014 и 2018 и две Европски во 2016 и 2020, како и на Олимписките игри 2008.
Титули
[уреди | уреди извор]Ајакс
[уреди | уреди извор]- Ередивиси : 1
- 2003-2004
- Куп на Холандија : 1
- 2005-2006, 2006-2007
- 2006, 2007
Арсенал
[уреди | уреди извор]- ФА Куп : 1
- 2020-2021
Барселона
[уреди | уреди извор]- Примера Дивисион : 4
- 2014–2015, 2015–2016, 2017–2018, 2018–2019
- Куп на Шпанија : 2
- 2015–2016, 2017–2018
- 2015
Висел Кобе
[уреди | уреди извор]- 2019
- 2020
Репрезентативни
[уреди | уреди извор]Белгија
[уреди | уреди извор]- Трето место: 2018
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“. FIFA. 11 June 2014. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-06-11. Посетено на 10 July 2014.
- ↑ „Vermaelen - Thomas Vermaelen - FC Barcelona“. fcbarcelona.com. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2015.
- ↑ „Thomas Vermaelen: Barcelona to sign Arsenal defender on Sunday“. BBC. 9 August 2014. Посетено на 10 August 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Томас Вермален на soccerway
- Томас Вермален на transfermarkt
- Томас Вермален на espn
- Томас Вермален на tuttocalciatori
- Томас Вермален на goal.com
|