Примера Дивисион (Шпанија)
![]() | |
Земја | ![]() |
---|---|
Конфедерација | УЕФА |
Основана | 1929 |
Број на клубови | 20 |
Нивоа на пирамида | 1 |
Испаѓање во | Сегунда Дивисион (втора лига) |
Домашен куп | Куп на Шпанија Суперкуп на Шпанија |
Тековен првак | ![]() (2023–24) |
Најмногу титули | ![]() (36 титули) |
Мрежно место | laliga.es |
Трофеј | ![]() |
![]() |
Примера Дивисион на Шпанија, попозната и како Ла Лига или Ла Лига ЕА Спортс поради спонзорски причини,[1] е професионална фудбалска лига во Шпанија. Таа е највисокото ниво на шпанскиот фудбал и е управуванa од Liga de Fútbol Profesional.
Лигата е основана во 1929 година. Во неа се натпреваруваат 20 екипи, од кои последните три на крајот на секоја сезона испаѓаат во Сегунда Дивисион и од таму биваат заменети со други три.
Најуспешен клуб во натпреварувањето е Реал Мадрид со 36 титули, следен од Барселона и Атлетико Мадрид, со 27, односно 11 успеси.
На крајот од сезоната 2019-2020, Примера Дивисион го зазела првото место на рангирањето на УЕФА за клупски натпреварувања.[2] Во 2020 година, се нашла на 4-тото место на рангирањето на светските првенства во извештајот што го изготвува годишно IFFHS (3-то на континентално ниво).[3]
Формат
[уреди | уреди извор]Во Примера Дивисион учествуваат 20 екипи, кои се натпреваруваат едни против други по Бергеров систем, секој против секого во два натпревари на домашен и на гостински терен. За секој натпревар, три бода се доделуваат на победничката екипа и нула бодови на поразената, во случај на нерешено, по еден бод се доделува на секоја екипа.
Екипата кој ќе заврши како прворангирана на крајот од првенството добива титула „Шампион на лигата“ (титулата „Шампион на Шпанија“ е резервирана за победникот на Купот на Шпанија) и го добива правото да учествува во групата фаза од Лигата на шампионите заедно со второ, трето и четврто пласираните екипи. Петтопласираниот екипа и победникот на Купот на Шпанија стекнуваат право на учество во групната фаза на Лига Европа, додека шестиот (или седмиот) тим на табелата ќе учествува во плејофот на Лигата на конференции. Последните три екипи на табелата испаѓаат во Сегунда Дивисион, шпанската втора дивизија.
Број на клубови учесници
[уреди | уреди извор]- 1929-1934: 10 клубови
- 1934-1941: 12 клубови
- 1941-1950: 14 клубови
- 1950-1971: 16 клубови
- 1971-1987: 18 клубови
- 1987-1995: 20 клубови
- 1995-1997: 22 клубови
- 1997-денес: 20 клубови
Екипи
[уреди | уреди извор]Екипи во сезоната 2024-2025
[уреди | уреди извор]Алавес
Атлетик Билбао
Атлетико Мадрид
Барселона
Бетис
Валенсија
Виљареал
Еспањол
Лас Палмас
Леганес
Мајорка
Осасуна
Рајо Валјекано
Реал Ваљадолид
Реал Мадрид
Реал Сосиедад
Севиља
Селта Виго
Хетафе
Жирона
Шампиони
[уреди | уреди извор]Статистика
[уреди | уреди извор]Успешност по клубови
[уреди | уреди извор]Пласмани по клубови
[уреди | уреди извор]Ова се најдобрите пласмани на клубовите кои учествувале во досегашните 93 изданија на првенството од 1928-29 до 2023-24.
Примера Дивисион | |||||
Екипа | 1. место | 2. место | 3. место | Учества | Подиум % |
![]() |
36 | 25 | 10 | 93 | 76% |
![]() |
27 | 27 | 14 | 93 | 74% |
![]() |
11 | 10 | 19 | 86 | 46% |
![]() |
8 | 7 | 10 | 92 | 27% |
![]() |
6 | 6 | 10 | 88 | 26% |
![]() |
2 | 3 | 2 | 76 | 10% |
![]() |
1 | 5 | 4 | 46 | 22% |
![]() |
1 | 4 | 3 | 79 | 10% |
![]() |
1 | 0 | 2 | 57 | 5% |
![]() |
0 | 1 | 4 | 57 | 9% |
![]() |
0 | 1 | 1 | 23 | 8% |
![]() |
0 | 1 | 1 | 42 | 5% |
![]() |
0 | 1 | 1 | 34 | 6% |
![]() |
0 | 1 | 1 | 44 | 4% |
![]() |
0 | 0 | 4 | 87 | 5% |
![]() |
0 | 0 | 3 | 38 | 8% |
![]() |
0 | 0 | 2 | 30 | 7% |
![]() |
0 | 0 | 1 | 7 | 14% |
Вкупно | 92 |
---|
Поединечни достигнувња
[уреди | уреди извор]Статистиката е ажурирана на 3 мај 2024. Во болд се активни играчи.
Рекорд | 1. место | 2. место | 3. место |
Играч со најмногу настапи | ![]() ![]() |
![]() |
![]() |
Играч со најмногу постигнати голови | ![]() |
![]() |
![]() |
Играч со најмногу асистенции | ![]() |
![]() |
![]() |
Играч кој најмногу пати освоил Пичичи | ![]() |
![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() |
Играч со најмногу освоени титули | ![]() |
![]()
|
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тренер со најмногу натпревари | ![]() |
![]() |
![]() |
Логоа
[уреди | уреди извор]-
Лого користено до 2008
-
Лого од 2008 до 2016
-
Лого кое се користи од 2023
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „La liga española cambia de nombre: Por qué se abre esta nueva etapa con EA Sports, qué pasó con el Banco Santander, cómo es el nuevo acuerdo | Goal.com Espana“. www.goal.com (шпански). Посетено на 2023-07-04. Занемарен непознатиот параметар
|data=
(се препорачува|date=
) (help) - ↑ „UEFA Country Ranking 2020“. Архивирано од изворникот на 29 јули 2018. Посетено на 9 февруари 2021. Занемарен непознатиот параметар
|lingua=
(се препорачува|language=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|urlmorto=
(help) - ↑ „IFFHS WORLD'S BEST NATIONAL LEAGUE IN THE WORLD 2020“. IFFHS. 20 јануари 2021.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|