Патрик Виера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Патрик Виера
Patrick Vieira NYCFC.JPG
Виера како тренер на ФК Њујорк во 2016
Лични податоци
Полно име Патрик Виера[1]
Роден на 23 јуни 1976 (1976-06-23) (42 г.)
Роден во Дакар, Сенегал
Висина 1.93 м (6 ст 4 ин)[2]
Позиција играч од средината на теренот
Клупски податоци
Сегашен клуб ФК Њујорк Сити (тренер)
Младинска кариера
1984–1986 ФК Трапес
1986–1991 ФК Друаис
1991–1993 Турс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1994–1995 Кан 49 (2)
1995–1996 Милан 2 (0)
1996–2005 Арсенал 279 (29)
2005–2006 Јувентус 31 (5)
2006–2010 Интер 67 (6)
2010–2011 Манчестер Сити 28 (3)
Вкупно 456 (45)
Репрезентација
1995–1996 Фрација 21 7 (0)
1997–2009 Франција 107 (6)
Раководител на екипите
2013–2015 ФК Манчестер Сити резервен тим
2016– ФК Њујорк Сити
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Патрик Виера (роден на 23 јуни 1976 година) е поранешен француски фудбалер и сегашен тренер на Њујорк Сити. Како поранешнен играч од средниот ред, Виера ја започнал својата кариера во францускиот клуб Кан во 1994 година. Наредната година тој се преселил во италијанската Серија А во тимот на Милан, но не успеал да се избори за место во стандардните единаесетмина, па поради тоа бил продаден на Арсенал. Во Англија настапувал од 1996 до 2005 година, каде што бил и капитен на лондонскиот тим, со кој освоил три титули во Премиер Лигата и четири ФА купови. Во 2005 година тој преминал во Јувентус, помагајќи му на тимот да ја освои титулата во Серија А. По скандалот на Јувентус во Серија А во 2006 година, Виера се преселил во Интер со кои освоил три титули во Серија А, пред да се пресели во Манчестер Сити каде што ги одиграл последните две сезони од својата кариера. Во 2011 година тој се пенизионирал од префесионалното играње фудбал.[3]

На репрезентативно ниво, Виера настапил 107 пати за Франција и бил дел од тимот кој го освоил Светското првенство во Франција во 1998 година и Европското првенство во 2000 година. Тој исто така бил член на францускиот тим кој го освоил второто место на Светското првенство 2006 во Германија.

Во мај 2010 година, Виера бил номиниран за ФАО амбасадор на добра волја на Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации. Виера поминал две сезони како менаџер за развој на фудбалот во Манчестер Сити со улога да ги надгледува аспектите како развојот на младите, комерцијалните партнери и програмата за општествена одговорност на клубот "Град во заедницата".[4] пред да биде именуван за менаџер на Њујорк Сити во американската МЛС лига на 1 јануари 2016 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. FIFA World Cup Germany 2006: List of Players“ (PDF), FIFA, 11 мај 2010, стр. 11 (посет. 7 јануари 2014 г).
  2. Player Profile: Patrick Vieira“, Premier League (посет. 31 јули 2012 г).
  3. Premier League - Vieira confirms retirement“, Eurosport, 14 јули 2011 (посет. 9 јануари 2015 г).
  4. Oscroft, Tim. „Vieira eyes new horizons at City“, „Manchester City F.C.“, 14 јули 2011.
  5. Graham, Bryan Armen. „Patrick Vieria appointed New York City FC head coach“, „New York City FC“, 9 ноември 2015.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]