Дидје Дешан

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Дидје Дешам)
Дидје Дешан
Лични податоци
Роден на 15 октомври 1968(1968-10-15)(55 г.)
Роден во Бајона, Франција
Држава  Франција
Висина 1,74 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Франција Франција (селектор)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1985-1989 Нант Нант 111 (4)
1989-1994 Марсеј Олимпик Марсеј 123 (6)
1990-1991Бордо Бордо 29 (3)
1994-1999 Јувентус Јувентус 124 (4)
1999-2000 Челси Челси 27 (1)
2000-2001 Валенсија Валенсија 13 (0)
Репрезентација
1989-2000 Франција Франција 103 (4)
Тренер на екипи
2001–2005 Монако Монако
2006–2007 Јувентус Јувентус
2009–2012 Марсеј Олимпик Марсеј
2012- Франција Франција
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Дидје Клод Дешан (француски: Didier Claude Deschamps; роден на 15 октомври 1968, во Бајона) — француски фудбалски тренер и поранешен играч од средниот ред. Моментално е селектор на француската репрезентација.

Како фудбалер, тој освоил три титули во француското првенство (од кои едната била одземена) и една во Лигата на шампионите со Олимпик Марсеј, потоа три титули во италијанското првенство, еден во Купот на Италија, два Суперкупа на Италија, една титула во Лигата на шампиони, еден Интерконтинентален куп и еден Суперкуп на УЕФА со Јувентус и еден ФА куп со Челси. Тој, исто така, бил прогласен за најдобар француски фудбалер од France Football за 1996 година.

Во улога на тренер, тој го освоил Лига купот на Франција со Монако и уште три други Лига купови, една првенствена титула и два Суперкупа на Франција со Олимпик Марсеј. Тој, исто така, го водел Јувентус во Серија Б 2006-2007, постигнувајќи промоција во Серија А и математички го осигурал првото место во првенството.[1]

Како светски шампион во 1998 и европски во 2000 со француската репрезентација, и во двата случаи како капитен, во 2012 година Дешан бил назначен за селектор на репрезентацијата и во ова својство ги предводел „триколорите“ до второто место на Европското првенство 2016 и до победата на Светското првенство 2018 — станувајќи на тој начин, заедно со Марио Загало и Франц Бекенбауер, еден од единствените тројца луѓе во светот на фудбалот што триумфирале на Светско првенство и како играчи и како тренери — и на УЕФА Лигата на нации во 2020-2021.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден во Бајона, Баскија област во јужна Франција,[2][3] денес живее во Кап д'Ај. Тој е прв братучед на поранешната тенисерка Натали Тозија.[4]

Во 2004 година, бил избран од Пеле во најдобрите 125 живи играчи на сите времиња.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Дефанзивен играч за врска со голем карактер и темперамент,[2] што произлегува, според самиот Дешан, од неговото гранично потекло - „јас сум баскиец [...] и ја имам тврдоглавоста на мојот народ. Кога ќе ставиме нешто во главата, сакаме да дојдеме до целта“ -,[2] толку многу што бил споредуван со поранешниот играч на Јувентус Џузепе Фурино веднаш по неговото пристигнување во Торино.[2][3] Тој бил левак, со перфектна тактичката трудољубивост и брзината на движење што му овозможиле да биде многу ефикасен во фазата на одземање на топката, особено со навремени лизгачки стартови;[2] обдарен со одлична основна техника, која пак му овозможува да биде играчот кој ги започнува акциите и ако често знаел и да се понуди себеси напред, каде сепак неговата дефанзивна природа го довела до тоа повеќе да додава за неговите соиграчи отколку да се обиде самиот тој да ја погоди мрежата.[2]

Тренер[уреди | уреди извор]

Тој претпочита да користи модули засновани на одбрана со четири играчи, како што се 4-4-2, 4-3-3 или 4-2-3-1, каде карактеристично за сите нив е максималното искористување на страничните позиции.[5]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоците во Нант[уреди | уреди извор]

По кратка проба во рагбито, тој почнал да игра фудбал во неговиот роден град, за екипата на Авирон Бајона, додека учел основно училиште.

На 15-годишна возраст, додека играл во Лига д'Аквитанија, бил забележан од скаутите на Нант, со кој потпишал договор во април 1983 година. Потребни му биле само две години во младинскиот сектор на Нант, препознатлив како еден од најдобрите во Франција, за да го докаже својот талент. Тој бил промовиран во првиот тим во 1985 година и на 27 септември, на седумнаесетгодишна возраст, го направил своето деби во најсилната дивизија на Франција во победата на гостувањето кај Брест. Четирите сезони поминати во Нант биле одлучувачки за развојот на неговата кариера: тој не освоил трофеи, поради тоа што клубот од Западна Франција бил екипа од средината на табелата во тоа време, но Дешан созреал многу и собрал значително искуство, играјќи 111 натпревари во лигата. Понатаму, за време на неговата последна сезона во жолто-зелениот дрес, тој бил повикан за првпат во француската репрезентација чиј селектор бил Мишел Платини.

Олимпик Марсеј и Бордо[уреди | уреди извор]

Во 1989 година се преселил во Олимпик Марсеј за 17 милиони франци.[6] За време на неговата прва сезона во клубот од Јужна Франција, тој честопати останувал на клупата: одиграл само 17 натпревари, со еден постигнат гол на неговата сметка (во 35-тото коло од првенството во победата со 3-1 на домашен терен над Мулуз), од кои во повеќето се појавил во самиот тек на натпреварите влегувајќи како замена од клупата. Како и да е, тој бил избран за откровение на годината од France Football и ја освоил својата прва првенствена титула, и покрај тоа што претрпел проблеми со адаптацијата во клубот. На крајот на сезоната, исто така, за да не го загрози своето место во репрезентацијата, тој прифатил да отиде на позајмица во Бордо.[6]

Сезоната играна со жирондинците е одлучувачка за неговата кариера: тој имал можност да игра редовно, така што на крајот од сезоната, откако одиграл 29 натпревари, во летото 1991 година можел да се врати во клубот чии претседател бил Бернар Тапи. Првично, Тапи сакал да го искористи Дешан како пион во евентуалната размената со Париз Сен Жермен со кои Олимпик бил во преговори за доведување на Жослен Англома во своите редови, но младиот играч од средниот ред бил цврсто против такво нешто; на крајот тој останува во Марсеј и, навистина, станува важен шраф во тимот. Во сезоната 1991-1992 Дешан одиграл 36 првенствени натпревари, постигнал 4 гола и ја освоил својата втора национална титула, но првата како протагонист.

Сезоната 1992-1993 била онаа на славата. Тој го освоил своето трето француско првенство и второ по ред, иако последователно одземено по аферата Валенсиен-Oлимпик Марсеј, но пред сè, на 26 мај 1993 година, тој и целиот Олимпик Марсеј влегле во историјата на францускиот фудбал со освојувањето на нивната прва континентална титула, Лигата на шампионите: во финалето во Минхен, иако сметани за аутсајдери во пресрет на истото, фудбалерите на Марсеј го поразиле со 1-0 Милан на Фабио Капело, и со тоа Дешан, како капитен на тимот, бил почестен да го подигне пехарот кон небото.[3][7] Олимпик Марсеј станал првиот трансалпски клуб кој бил европски шампион.[7]

Во следната сезона, 1993-1994, тој одиграл 34 натпревари во првенството во кое клубот завршил на второто место. Сепак, на крајот на сезоната, француската федерација, откако ја утврдила вмешаноста на Тапи во организирањето на сканадалот со поткуп во натпреварот Валенсиен-Oлимпик Марсеј, автоматски го деградирала тимот во Дивисион 2:[8] оваа ситуација, во комбинација со желбата да се натпреварува во поконкурентно првенство, го натерала Дешан да ги напушти Марсеј и Франција.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Во април 1994 година, Јувентус, антиципирајќи ги идните настани, го блокирал Дешан кој по истекот на договорот би можел да биде привлечен од Олимпик Марсеј, но според параметрите на УЕФА кои важеле во ерата пред воведувањето на Босман правилото, на пазарот за слободните играчи на кои им истекува договорот требало да се плати компензација од околу три и пол милијарди лири;[9] следниот месец, играчот од средниот ред родум од Бајона официјално потпишал со италијанскиот клуб.[10][11] Новиот Јувентус во кој доаѓа Дешан, има за цел да го врати скудетото во своите витрини кое не го освојувале цели девет години и затоа клубот штотуку се променил многу, како меѓу играчите на теренот така и на клупата каде тренерската палка ја презел Марчело Липи. Дебитирал за Јувенус на 31 август 1994, во натпреварот против Кјево Верона во второто коло на Купот на Италија. Авантурата на французинот во црно-белиот дрес не започнала најдобро: во октомври му била оперирана левата ахилова тетива и така останал далеку од терените речиси половина сезона.[12] Откако ќе се опорави, тој веднаш станал незаменлив, формирајќи со другиот новајлија Пауло Соуса дуо во средниот ред со високи перформанси, што го води тимот од Торино до освојувањето на Серија А и Купот на Италија,[13][14] како и да се пласира во финалето на Купот на УЕФА каде загубиле од Парма.[15]

Одличен во извршувањето на пресинг низ целиот терен, притоа подготвен и за извршување на тактички замисли, тој веднаш бил високо ценет од страна на тренерот Липи заради неговата флексибилност, пожртвуван дух и тактичка интелигенција. Tренерот му ги препушта клучевите од средниот ред на Јувентус за следната сезона во која клубот е на маргините на борбата за скудетото; Милан веќе на почетокот направил голема бодовна предност во однос на пиемонтезите, кои и покрај обидот да се приближат во завршницата од сезоната, ќе го затворат првенството на второто место. Приказната е различна во Лигата на шампионите: Дешан е стожерот на тимот кој, возбудливото патешествие во ова издание на турнирот го затворил на 22 мај 1996 година, со победата над Ајакс во финалето одиграно на Олимпико.[16] На тој начин, и Јувентус и францускиот играч од средниот ред стигнале до својата втора титула во најсилното европско клупско фудбалско натпреварување (Дешан бил шампион и со Марсеј три години порано).[3] Претходно, во текот на сезоната Дешан освоил уште еден трофеј со Јувентус, откако клубот бил победник на Суперкупот на Италија.[17]

Тој бил протагонист и во сезоната 1996-1997, полна со трофеи за французинот и неговите другари од соблекувалната. На 27 ноември 1996 година, победувајќи го аргентинскиот Ривер Плејт во Токио, тој го освоил Интерконтиненталниот куп.[18] На 6 февруари 1997 година, откако го победиле Париз Сен Жермен во двомечот (1-6 на гости и 3-1 дома), тој го кренал и трофејот од Суперкупот на УЕФА.[19] Во првенството придонесува, со 26 настапи и 1 гол (во победата 1-4 против Удинезе),[20] за освојувањето на скудетото во сезоната на стогодишнината на клубот од Торино, а исто така помогнал неговиот клуб да стигне до финалето на Лигата на шампионите каде што бил поразен од Борусија Дортмунд.[21] Во следната сезона, тој го освоил своето трето скудето, второ последователно со бјанконерите и вториот суперкуп; учествувал и во третото последователно финале на Лигата на шампионите, негово петто финале во европските натпреварувања во шест години,[22] загубено од Реал Мадрид.

Сезоната 1998-1999 била разочарувачка и за Јувентус и за играчот: резултатите не биле истите како во претходните сезони, и тоа го натерало Липи се почесто да прави промени во составот, вклучувајќи го и изоставувањето на Дешан од почетните единаесет.[23] Односите меѓу двајцата се влошиле, како и со останатиот дел од соблекувалната, што кулминирало со тежок судир меѓу тренерот од Вијареџо и францускиот играч за врска во пресрет на домашниот натпревар против Парма.[23][24][25] Кон крајот на сезоната, неговата единствена без успех во Торино, тој изразил желба да замине од Јувентус, сметајќи дека неговото искуство во клубот е веќе исцрпено.[26] По пет сезони го соблекол црно-белиот дрес, забележувајќи 4 гола во 178 вкупни настапи, освојувајќи сè: 3 скудета, 1 Куп на Италија, 1 Лига на шампиони, 1 Интерконтинентален куп, 1 Суперкуп на УЕФА и 2 Суперкупа на Италија.

Последните години од кариерата со Челси и Валенсија[уреди | уреди извор]

На 21 јуни 1999 година, тој склучил договор со Челси, чиј тренер бил неговиот пријател и поранешен соиграч во Јувентус, Џанлука Вијали;[27] во Лондон тој го пронашол и Марсел Десаи, негов близок пријател и соиграч од репрезентацијата. Во дресот на „сините“ одиграл 27 натпревари, постигнувајќи еден гол против Херта во Лигата на шампионите,[28] и во својата богата ризница на трофеи го додал и пехарот од ФА Купот.[29]

Сепак, тој не успеал да се прилагоди на англискиот фудбал, па на крајот од сезоната се преселил во Валенсија за сума од приближно 2,7 милиони фунти.[30] Сепак, ниту искуството во Шпанија не било среќно: во Валенсија, чиј тренер бил Ектор Купер, тој одиграл само 8 натпревари поради бројните повреди, исто така, останувајќи на клупата во поразот на пенали од Бајерн Минхен во неговото петто финале во кариерата во Лигата на шампионите одиграно на Сан Сиро.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Тој бил повикан за првпат во француската репрезентација од селекторот Мишел Платини во 1989 година, а дебитирал на 20-годишна возраст на 29 април против Југославија во натпревар од квалификациите за Светското првенство 1990, заменувајќи го Даниел Ксуереб.[31]

Својата репрезентативна кариера, Дешан ја започнал во многу лоши време кога репрезентацијата минува низ најтемните периоди од своето постоење: најпрвин „триколорите“ не успеале да се квалификуваат за Мундијалот 1990 во Италија, потоа да бидат елиминирани уште во групната фаза на Европското првенство 1992 без ниту една победа,[32] и конечно не успеале да освојат билет за Светското првенство 1994.

Со доаѓањето на Еме Жаке на селекторската функција, започнал процес на обнова на репрезентацијата пред почетокот на Европското првенство 1996, а со тоа се менуваат работите и за репрезентацијата и за играчот од средниот ред од Бајона. На почетокот капитен на репрезентацијата требало да остане Ерик Кантона, но тој завршил засекогаш со репрезентацијата, откако во јануари 1995 година додека играл за својот клуб Манчестер Јунајтед удрил навивач кој го навредувал додека излегувал од теренот по што му била изречена деветмесечната суспензија. Поради тоа селекторот морал да тргне во голема реконструкција на екипата. Па така, постарите играчи како Кантона, Жан-Пјер Папен и Давид Жинола морале да ги отстапат своите места во репрезентацијата на младите ѕвезди предводени од Зинедин Зидан, кои што подоцна ќе ја формираат таканаречената златна генерација. Во исто време пак, заради искуството кое веќе го имал Дешан ја добил одговорноста од селекторот Жаке да ја носи капитенската лента на триколорите. За првпат капитенската лента на својата рака, Дешан ја носел против репрезентацијата на Германија, во пријателски натпревар одигран на 1 јуни 1996 година.[33] Моментално ги покажува својте лидерски способности и ја предводи својата земја до полуфиналето на Европското првенство 1996 во Англија, најголемиот фудбалски успех на французите во последните десет години.[32]

Во 1998 година, сега како капитен и „сенатор“ во соблекувалната,[34] ја води својата репрезентација до титулата на Светското првенство 1998, нивна прва светска титула.[34] На првенството на кое токму французите биле домаќини, Дешан бил многу важна алка во играта на својата репрезентација носејќе смиреност и спокојство во организацијата на играта на својата репрезентација од првиот натпревар па сè до финалето во кое триколорите го уништиле бранителот на титулата Бразил со 3-0.

Со ова Франција станува доминантна сила во фудбал, а потврдата за тоа стигнала две години подоцна: Франција е победник на Европското првенство 2000, а Дешан кој се уште е капитен на репрезентацијата го подигнал и овој трофеј, за да станат само втората репрезентација, по Западна Германија во 1974 година, која истовремено во своите витрини ги држела двата најважни репрезентативни трофеи оној на Светското првенство и Купот Анри Делоне.[35] За време на полуфиналето против Португалија, тој го достигнал својот стотти настап во дресо со националниот грб, станувајќи притоа првиот француски играч кој некогаш ја поминал оваа бројка.[36][37]

На 2 септември 2000 година, го одиграл својот последен натпревар за репрезентацијата на Стад де Франс против Англија; натпреварот завршил 1-1, а тој бил заменет во 59-тата минута од Патрик Виера.[38]

Се збогувал од репрезентацијата со 103 настапи и 4 гола.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Франција
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
29-4-1989 Париз Франција Франција 0 – 0 Југославија Југославија Квал. за СП 1990 - влегол во игра 76'
16-8-1989 Малме Шведска Шведска 2 – 4 Франција Франција Пријателска -
5-9-1989 Осло Норвешка Норвешка 1 – 1 Франција Франција Квал. за СП 1990 -
11-10-1989 Париз Франција Франција 3 – 0 Шкотска Шкотска Квал. за СП 1990 1
18-11-1989 Тулуза Франција Франција 2 – 0 Кипар Кипар Квал. за СП 1990 1
21-1-1990 Кувајт Кувајт Кувајт 0 – 1 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 46'
24-1-1990 Кувајт Франција Франција 3 – 0 Источна Германија Источна Германија Пријателска 1
28-2-1990 Монпелје Франција Франција 2 – 1 Западна Германија Западна Германија Пријателска -
5-9-1990 Рејкјавик Исланд Исланд 1 – 2 Франција Франција Квал. за Евро 1992 -
13-10-1990 Париз Франција Франција 2 – 1 Чехословачка Чехословачка Квал. за Евро 1992 -
17-11-1990 Тирана Албанија Албанија 0 – 1 Франција Франција Квал. за Евро 1992 - добил жолт картон во 63-тата минута 63'
20-2-1991 Париз Франција Франција 3 – 1 Шпанија Шпанија Квал. за Евро 1992 - влегол во игра 82'
30-3-1991 Париз Франција Франција 5 – 0 Албанија Албанија Квал. за Евро 1992 - влегол во игра 73'
14-8-1991 Познан Полска Полска 1 – 5 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 46'
4-9-1991 Братислава Чехословачка Чехословачка 1 – 2 Франција Франција Квал. за Евро 1992 -
12-10-1991 Siviglia Шпанија Шпанија 1 – 2 Франција Франција QEuro -
20-11-1991 Parigi Франција Франција 3 – 1 Исланд Исланд QEuro -
19-2-1992 Londra Англија Англија 2 – 0 Франција Франција Amichevole -
25-3-1992 Parigi Франција Франција 3 – 3 Белгија Белгија Amichevole -
27-5-1992 Losanna Швајцарија Швајцарија 2 – 1 Франција Франција Amichevole - Предлошка:Sostout
5-6-1992 Lens Франција Франција 1 – 1 Холандија Холандија Amichevole -
10-6-1992 Stoccolma Шведска Шведска 1 – 1 Франција Франција Euro -
14-6-1992 Malmö Франција Франција 0 – 0 Англија Англија Euro -
17-6-1992 Malmö Франција Франција 1 – 2 Данска Данска Euro - Предлошка:Cartellinogiallo
26-8-1992 Parigi Франција Франција 0 – 2 Бразил Бразил Amichevole -
9-9-1992 Sofia Бугарија Бугарија 2 – 0 Франција Франција QMondiali -
14-10-1992 Parigi Франција Франција 2 – 0 Австрија Австрија QMondiali -
14-11-1992 Parigi Франција Франција 2 – 1 Финска Финска QMondiali -
17-2-1993 Tel Aviv Израел Израел 0 – 4 Франција Франција QMondiali -
27-3-1993 Vienna Австрија Австрија 0 – 1 Франција Франција QMondiali -
28-4-1993 Parigi Франција Франција 2 – 1 Шведска Шведска QMondiali -
28-7-1993 Caen Франција Франција 3 – 1 Русија Русија Amichevole -
22-8-1993 Stoccolma Шведска Шведска 1 – 1 Франција Франција QMondiali -
8-9-1993 Tampere Финска Финска 0 – 2 Франција Франција QMondiali - Предлошка:Sostout
13-10-1993 Parigi Франција Франција 2 – 3 Израел Израел QMondiali -
17-11-1993 Parigi Франција Франција 1 – 2 Бугарија Бугарија QMondiali -
16-2-1994 Napoli Италија Италија 0 – 1 Франција Франција Amichevole -
22-3-1994 Lione Франција Франција 3 – 1 Чиле Чиле Amichevole - cap.
29-5-1994 Tokyo Јапонија Јапонија 1 – 4 Франција Франција Kirin Cup 1994 -
7-9-1994 Bratislava Словачка Словачка 0 – 0 Франција Франција QEuro -
26-4-1995 Nantes Франција Франција 4 – 0 Словачка Словачка QEuro - cap. Предлошка:Cartellinogiallo
16-8-1995 Parigi Франција Франција 1 – 1 Полска Полска QEuro -
6-9-1995 Auxerre Франција Франција 10 – 0 Азербејџан Азербејџан QEuro -
11-10-1995 Bucarest Романија Романија 1 – 3 Франција Франција QEuro -
15-11-1995 Caen Франција Франција 2 – 0 Израел Израел QEuro - Предлошка:Cartellinogiallo
24-1-1996 Parigi Франција Франција 3 – 2 Португалија Португалија Amichevole -
21-2-1996 Nîmes Франција Франција 3 – 1 Грција Грција Amichevole -
27-3-1996 Bruxelles Белгија Белгија 0 – 2 Франција Франција Amichevole -
1-6-1996 Stoccarda Германија Германија 0 – 1 Франција Франција Amichevole - cap.
5-6-1996 Villeneuve-d'Ascq Франција Франција 2 – 0 Ерменија Ерменија Amichevole - cap.
10-6-1996 Newcastle upon Tyne Романија Романија 0 – 1 Франција Франција Euro - cap.
15-6-1996 Leeds Франција Франција 1 – 1 Шпанија Шпанија Euro - cap.
18-6-1996 Newcastle upon Tyne Бугарија Бугарија 1 – 3 Франција Франција Euro - cap.
22-6-1996 Liverpool Франција Франција 0 – 0 прод.
(5 – 4 пен.)
Холандија Холандија Euro - cap. Предлошка:Cartellinogiallo
31-8-1996 Parigi Франција Франција 2 – 0 Мексико Мексико Amichevole - cap.
9-10-1996 Parigi Франција Франција 4 – 0 Турција Турција Amichevole - cap.
9-11-1996 Copenaghen Данска Данска 1 – 0 Франција Франција Amichevole - cap.
22-1-1997 Braga Португалија Португалија 0 – 2 Франција Франција Amichevole 1 cap. Предлошка:Sostout
3-6-1997 Lione Франција Франција 1 – 1 Бразил Бразил Torneo di Francia - cap. Предлошка:Cartellinogiallo
7-6-1997 Montpellier Франција Франција 0 – 1 Англија Англија Torneo di Francia - cap.
11-6-1997 Parigi Франција Франција 2 – 2 Италија Италија Torneo di Francia - cap.
11-10-1997 Lens Франција Франција 2 – 1 Јужна Африка Јужна Африка Amichevole - cap.
12-11-1997 Saint-Étienne Франција Франција 2 – 1 Шкотска Шкотска Amichevole - cap.
28-1-1998 Saint-Denis Франција Франција 1 – 0 Шпанија Шпанија Amichevole - cap. Предлошка:Sostout
25-2-1998 Marsiglia Франција Франција 3 – 3 Норвешка Норвешка Amichevole - cap.
25-3-1998 Mosca Русија Русија 1 – 0 Франција Франција Amichevole - cap. Предлошка:Sostout
22-4-1998 Solna Шведска Шведска 0 – 0 Франција Франција Amichevole - cap. Предлошка:Sostout
27-5-1998 Casablanca Белгија Белгија 0 – 1 Франција Франција Amichevole - cap.
29-5-1998 Casablanca Мароко Мароко 2 – 2 Франција Франција Amichevole - Предлошка:Sostout
5-6-1998 Helsinki Финска Финска 0 – 1 Франција Франција Amichevole -
12-6-1998 Marsiglia Франција Франција 3 – 0 Јужна Африка Јужна Африка Mondiali - cap. Предлошка:Cartellinogiallo
18-6-1998 Marsiglia Франција Франција 4 – 0 Саудиска Арабија Саудиска Арабија Mondiali - cap.
28-6-1998 Lens Франција Франција 1 – 0 Парагвај Парагвај Mondiali - cap.
3-7-1998 Saint-Denis Италија Италија 0 – 0 прод.
(3 – 4 пен.)
Франција Франција Mondiali - cap. Предлошка:Cartellinogiallo
8-7-1998 Saint-Denis Франција Франција 2 – 1 Хрватска Хрватска Mondiali - cap.
12-7-1998 Saint-Denis Бразил Бразил 0 – 3 Франција Франција Mondiali - cap.[39]
19-8-1998 Vienna Австрија Австрија 2 – 2 Франција Франција Amichevole - Предлошка:Sostout
5-9-1998 Reykjavík Исланд Исланд 1 – 1 Франција Франција QEuro - cap.
10-10-1998 Mosca Русија Русија 2 – 3 Франција Франција QEuro - cap.
14-10-1998 Saint-Denis Франција Франција 2 – 0 Андора Андора QEuro - cap.
20-1-1999 Marsiglia Франција Франција 1 – 0 Мароко Мароко Amichevole - Предлошка:Sostout
10-2-1999 Londra Англија Англија 0 – 2 Франција Франција Amichevole - cap. Предлошка:Sostout
27-3-1999 Saint-Denis Франција Франција 0 – 0 Украина Украина QEuro - cap.
31-3-1999 Saint-Denis Франција Франција 2 – 0 Ерменија Ерменија QEuro - cap.
5-6-1999 Saint-Denis Франција Франција 2 – 3 Русија Русија QEuro - cap. Предлошка:Cartellinogiallo
4-9-1999 Kiev Украина Украина 0 – 0 Франција Франција QEuro - cap.
8-9-1999 Erevan Ерменија Ерменија 2 – 3 Франција Франција QEuro - cap.
9-10-1999 Saint-Denis Франција Франција 3 – 2 Исланд Исланд QEuro - cap.
13-11-1999 Saint-Denis Франција Франција 3 – 0 Хрватска Хрватска Amichevole - Предлошка:Sostin
23-2-2000 Saint-Denis Франција Франција 1 – 0 Полска Полска Amichevole - cap.
29-3-2000 Glasgow Шкотска Шкотска 0 – 2 Франција Франција Amichevole - cap. Предлошка:Sostout
26-4-2000 Saint-Denis Франција Франција 3 – 2 Словенија Словенија Amichevole - cap. Предлошка:Sostout
28-5-2000 Zagabria Хрватска Хрватска 0 – 2 Франција Франција Amichevole - cap.
4-6-2000 Casablanca Јапонија Јапонија 2 – 2
(2 – 4 пен.)
Франција Франција Amichevole - Предлошка:Sostout
6-6-2000 Casablanca Мароко Мароко 1 – 5 Франција Франција Amichevole - Предлошка:Sostin
11-6-2000 Bruges Франција Франција 3 – 0 Данска Данска Euro - cap.
16-6-2000 Bruges Чешка Чешка 1 – 2 Франција Франција Euro - cap.
21-6-2000 Amsterdam Холандија Холандија 3 – 2 Франција Франција Euro - Предлошка:Sostin
25-6-2000 Bruges Франција Франција 2 – 1 Шпанија Шпанија Euro - cap. Предлошка:Cartellinogiallo
28-6-2000 Bruxelles Франција Франција 2 – 1 Португалија Португалија Euro - cap.[40]
2-7-2000 Rotterdam Франција Франција 2 – 1 Италија Италија Euro - cap.[41]
16-8-2000 Marsiglia Франција Франција 5 – 1 World Stars World Stars Amichevole - cap. Предлошка:Sostout
2-9-2000 Saint-Denis Франција Франција 1 – 1 Англија Англија Amichevole - cap. Предлошка:Sostout
Вкупно Настапи (9. место) 103 Голови 4

Тренерска кариера[уреди | уреди извор]

По завршувањето на играчката кариера Дешан започнал со тренерска работа. Прв клуб кој го водел бил Монако. Веќе во 2003 година бил прогласен за тренер на годината во Франција. Својот прв трофеј како тренер го освојува во 2003 година триумфирајќи го францускиот Лига куп, а во 2004 година со екипата во која немало многу познати имиња стигнува до финалето на Лигата на шампионите каде Монако бил поразен од португалскиот Порто со 3-0. Во 2005 година го напуштил клубот.

По кратка пауза без работа во 2006 година Дешан се фатил за многу тешка работа, да ја врати својата некогашна екипа Јувентус во самиот врв, откако овој поради скандали бил исфрлен во понизок ранг во италијанскиот фудбал.

Од почетокот не му тргнало најдобро, бидејќи Јувентус рано бил елиминиран од Купот на Италија, а потоа во првенството се мачеле со воено настроените екипи од југот. Но, набрзо Јувентус почнал да победува и да се качува кон врвот во Серија Б, а на крајот завршува како прв и Дешпам уште еднаш успева во својата мисија (враќајќи го клубот во првата лига).

На 5 мај 2009 Дешан бил назначен за тренер на Олимпик Марсеј и веќе во првата сезона на клубот му ја носи титулата првак на Франција после 18 години чекање.

По завршувањето на Евро 2012 Дешан бил назначен за нов селектор на француската репрезентација. Неа ја одвел до финалето на Евро 2016 на домашен терен, каде биле поразени од Португалија со 1-0 по продолженија.

Титули[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Франција Олимпик Марсеј[уреди | уреди извор]

1989–1990, 1991–1992
1992–1993

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

1994–1995, 1996–1997, 1997–1998
1995
1995, 1997
1995–1996
1996
1996
1999

Англија Челси[уреди | уреди извор]

2000

Франција Франција[уреди | уреди извор]

1998
2000

Тренер[уреди | уреди извор]

Франција Монако[уреди | уреди извор]

2003

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

2006–2007

Франција Марсеј[уреди | уреди извор]

2009–2010
2010, 2011, 2012

Франција Франција[уреди | уреди извор]

2018
Дешан (лево) со играчитe и тренерскиот персонал на Олимпик Марсеј на церемонијата на доделување на трофејот за победник на Суперкупот на Франција 2011.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „L'addio di Deschamps è finalmente ufficiale. La Juve: "Contratto sciolto consensualmente". 26 мај 2007.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 http://www.juventus.com/it/news/news/2015/deschamps-the-french-connection.php. Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |accesso= (се препорачува |access-date=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Salvatore Lo Presti. „Più Deschamps che Platini“. La Gazzetta dello Sport. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  4. Maria Enrico Riva (24 ноември 2012). „26 violenze al prezzo di 2“.
  5. Giorgio Coluccia (13 ноември 2017). „Nessuno ama Deschamps“.
  6. 6,0 6,1 „Didier Deschamps, une vie en Bleu“ (француски).
  7. 7,0 7,1 „L'OM... Champion d'Europe“ (француски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  8. „Clamoroso in Francia: Marsiglia in B, Tapie fuori dal calcio, Bernes radiato“. Corriere della Sera. 23 април 1994. стр. 43. Архивирано од изворникот на 3 април 2013. Посетено на 12 октомври 2010. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  9. Benedetto Ferrara (30 април 1994). „Juve, trattativa Deschamps“. la Repubblica. стр. 25.
  10. „DOPPIO COLPO LA JUVE È FATTA“. la Repubblica. 7 мај 2014. стр. 25.
  11. Fabio Monti (7 мај 1994). „Juve ecco Deschamps e Ferrara“. Corriere della Sera. стр. 40.
  12. „Operato Deschamps starà fuori 3 mesi“. Corriere della Sera. стр. 42. Архивирано од изворникот на 3 април 2013. Посетено на 24 novembre 2019. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  13. „Scudetto 1994-95“. Посетено на 24 ноември 2019.
  14. „11/06/1995 Parma-Juventus 0-2, Coppa Italia 1994-1995“. Посетено на 24 ноември 2019.
  15. „Inutile l'assalto Juve, Uefa al Parma grazie all'altro Baggio“. Corriere della Sera. 18 мај 1995. стр. 1. Проверете ги датумските вредности во: |archivedate= (help)
  16. „Coppe e trofei: una storia in bianconero“. 21 ноември 2003. Архивирано од изворникот на 21 ноември 2003. Посетено на 24 ноември 2019. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  17. „Supercoppa Italiana 1995: Juventus-Parma 1-0 17/01/1996“. Посетено на 24 ноември 2019.
  18. Giancarlo Padovan; Stefano Agresti; Giancarlo Padovan (27 ноември 1996). „Del Piero regala il mondo alla Juve“. стр. 39. Архивирано од изворникот на 3 април 2013. Посетено на 24 ноември 2019. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  19. „1996: Juve a valanga a Parigi“. Архивирано од изворникот на 24 ноември 2019. Посетено на 24 ноември 2019. Занемарен непознатиот параметар |data= (се препорачува |date=) (help)
  20. „Memoria Storica – Udinese-Juventus, match dal sapore particolare. Ecco perché“. 21 декември 2011.
  21. Roberto Perrone (29 мај 1997). " Peccato, ma resta un anno eccezionale ". стр. 40. Архивирано од изворникот на 3 април 2013. Посетено на 24 ноември 2019. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  22. „Deschamps suona la Quinta“. La Gazzetta dello Sport. 15 мај 1998.
  23. 23,0 23,1 „Deschamps rivela: «Prima del Parma litigai con Lippi»“. Il Tirreno. 12 февруари 1999.[мртва врска]
  24. . Corriere della Sera. 12 февруари 1999. стр. 44 https://web.archive.org/web/20130403005226/http://archiviostorico.corriere.it/1999/febbraio/12/Deschamps_ammette_Avevo_litigato_con_co_0_990212818.shtml. Архивирано од изворникот на 3 април 2013. Посетено на 24 ноември 2019. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Занемарен непознатиот параметар |titolo= (се препорачува |title=) (help); Отсутно или празно |title= (help)
  25. Maurizio Crosetti (5 март 1999). „Lippi-Juventus finì a pugni“. la Repubblica. стр. 59.
  26. Fabio Vergnano (14 јуни 1999). „Juve, Deschamps è diventato un caso“. La Stampa. стр. 34.
  27. Chris Taylor (22 јуни 1999). „Chelsea add French polish with £3m Deschamps“ (англиски).
  28. Glenn Moore (4 ноември 1999). „Chelsea's big night is spoiled by Sutton“ (англиски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).
  29. „Chelsea 1 Aston Villa 0“ (англиски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  30. „Deschamps signs in“ (англиски).
  31. „France v Yugoslavia 0:0, football match 29 April 1989“ (англиски). Посетено на 9 април 2019.
  32. 32,0 32,1 „Didier Deschamps“ (англиски).
  33. „Allemagne-France 0-1“ (француски). Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)
  34. 34,0 34,1 Emilio Marrese (13 јули 1998). „Invasi gli Champs Elysées in festa un milione di tifosi“. la Repubblica. стр. 38.
  35. „UEFA EURO 2000 - Storia - Francia-Italia“. 6 октомври 2003.
  36. „Classiche EURO: Francia - Portogallo 2-1“. 4 мај 2020. Посетено на 2021-10-06.
  37. „Lemerre's plea to Deschamps“ (англиски). 3 luglio 2000. Посетено на 6 октомври 2021. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  38. „France v England 1:1, football match 2 September 2000“ (англиски).
  39. 1º titolo mondiale
  40. 100ª presenza
  41. 2º titolo europeo

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спортски позиции
Претходник
Ерик Кантона
Капитен на Франција
1996–2000
Наследник
Марсел Десаи