Венсан Кандела

Од Википедија — слободната енциклопедија
Венсан Кандела
Лични податоци
Роден на 24 октомври 1973(1973-10-24)(50 г.)
Роден во Бедарје, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001800000001,80 м
Играчки податоци
Позиција лев бек
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991-1995 Тулуза Тулуза 56 (3)
1995-1997 Генгамп Генгамп 48 (2)
1997-2005 Рома Рома 210 (14)
2005 Болтон Болтон 10 (0)
2005-2006 Удинезе Удинезе 26 (1)
2006-2007 Сиена Сиена 14 (0)
2007Месина Месина 17 (0)
Репрезентација
1998-2000 Франција Франција 40 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Венсан Филип Антоан Кандела (роден на 24 октомври 1973 година) — поранешен француски фудбалер, кој играл на позицијата лев бек.

Тој е освојувач на Светското првенство 1998 и на Европското првенство 2000 како дел од француската репрезентација.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Тој ја започна својата кариера како професионалец во 1992 во екипата на Тулуза, каде што останал до 1995 кога направил трансфер во редовите на Генгамп. Во јануари 1997 тој се преселил во Италија во тимот на Рома. Тој дебитирал во дресот на римската волчица на 31 август 1997 во победата на гостувањето кај Лече. Тој одиграл 7 сезони во дресот на Рома, и тоа најпрво како лев дефанзивец во 4-3-3 формацијата на Зденек Земан, а потоа бил преместен понапред како лево крило во периодот кога на клупата на тимот бил Фабио Капело. Играјќи за Рома тој ги освоил двете највредни титули во својата кариера на клупско ниво, освојувајќи го Скудетото, а потоа и италијанскиот Супер Куп (во кој го постигнал првиот гол со удар од над 30 метри).

По седум години поминати во Рим, во јануари 2005 тој заминал во англискиот тим Болтон, каде што останал само до крајот на сезоната, за да потоа биде ангажиран од страна тренерот на Удинезе, Серсе Козми ; по враќањето назад во Италија тој постигнал погодок на гостувањето во Грција кај Панатинаикос со кој му помогнал на клубот да се најде во групната фаза на Лигата на шампионите за првпат во историјата на клубот. Во летото 2006 тој бил ангажиран од страна на Сиена, а кариерата ја завршил во Месина на која и се приклучил на заем во јануари 2007. Последниот официјален натпревар кој го одиграл се случил на 20 мај 2007 во натпреварот од 37 коло на Серија А, Месина-Фиорентина 2-2.

На 3 септември 2007, откако останл без клуб по завршувањето на летниот трансфер пазар, тој го објавил своето пензионирање на мрежната страница на францускиот спортски дневен весник Тим. Последната изјава на Кандела гласела: По 18 години како професионалец, ова е вистинско време да се откажам. Фудбалот е многу променет, се бара повеќе физичка сила, помалку тактичка и техничка интелегенција. Сега некако сите играчи се повисоки, побрзи и имаат помалку мозок.

На 5 јуни 2009 тој официјално се простил од фудбалот, откако бил одигран проштален натпревар во негова чест на Стадионот Олимпико пред повеќе од 40.000 навивачи на Џалоросите, кои го гледале натпреварот помеѓу шампионскиот тим на Рома од сезоната 2000-2001 и француската репрезентација од Светското првенство 1998. Натпреварот завршил со резултат 5-3 за Рома.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Кандела направил 40 настапи во дресот со национаналниот грб, постигнувајќи 5 гола. Неговата употреба во почетниот тим често зависеше од неговиот главен конкурент на истата позиција Биксент Лизаразу. Сепак, Кандела одигра еден натпревар на Светското првенство 1998 кога Франција пред домашната публика стана шампион против Данска во групната фаза. Во триумфот на Евро првенството 2000 итој одиграл два натпревари во групната фаза, но не добил можност повторно до крајот на турнирот.

Титули[уреди | уреди извор]

Италија Рома[уреди | уреди извор]

Франција Франција[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]