Биксант Лизаразу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Франција Биксант Лизаразу
Bixente Lizarazu.jpg
Лични податоци
Роден на 9 декември 1969 (1969-12-09) (воз. 47 г.)
Роден во Сен-Жан-де-Лјуз, Франција
Висина &100000000000001690000001,69 м
Позиција лев бек
Повлекување 30 април 2006 (36 години)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988-1996 Бордо Бордо 246 (22)
1996-1997 Атлетик Билбао Атлетик Билбао 16 (0)
1997-2004 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 151 (7)
2004-2005 Марсеј Олимпик Марсеј 14 (0)
2005-2006 Бајерн Минхен Бајерн Минхен 31 (0)
Репрезентација
1992-2004 Франција Франција 97 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 25 април 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Биксант Лизаразу (роден на 9 декември, 1969 година, во Сен-Жан-де-Лјуз) е поранешен француски фудбалер, играч од одбраната.

Тој играл низ целата своја кариера на позицијата лев бек, а настапувал за екипите на Бордо, Атлетик Билбао, Бајерн Минхен и Олимпик Марсеј. Тој, исто така, настапувал за француската репрезентација со која станал Светски првак во 1998 и Европски првак во 2000.

Кариера[уреди | уреди извор]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Роден во Сен-Жан-де-Лјуз, град во јужниот дел на Франција кој е дел од баскиската провинција Лапурдија, Лизаразу започнал да игра фудбал во Бордо, каде станал професионалец во сезоната 1988-1989 и останал во клубот до 1996. Со тимот од Жиронда ја освоил Лига 2 во 1992 година, а токму тогаш францускиот клуб стигнал до врвот на европскиот фудбал со елиминирањето на Милан во Купот на УЕФА во 1996 година, стигнувајќи подоцна до финалето, каде загубиле од Бајерн Минхен.

По завршувањето на таа сезона Лизаразу преминал во Атлетик Билбао, кој историски отсекогаш имал играчи само од Баскија, односно баскиско потекло.

Меѓутоа, во Шпанија немал многу среќа и одиграл само 16 натпревари, за на крајот од сезоната да се пресели во Бајерн Минхен, тимот во кој што останал 10 сезони, освен за краток период кога се вратил во Франција во Олимпик Марсеј во почетокот на сезоната 2004-2005. Со Баварците бил еден од главните ликови на неверојатната серија на успеси: 6 национални титули, 5 Купа на Германија и четири Лига купа, а на меѓународно ниво: Лигата на шампионите во 2001 и Интерконтиненталниот куп истата година. Во финалето на Лигата на шампионите во 2001 кога Бајерн ја победил Валенсија на пенали, и тој бил еден од изведувачите кој погодиле.

Се повлекол од фудбалот во 2006 година, откако ја освоил шестата титула со Бајерн. Вкупно за Бајерн одиграл 240 натпревари и постигнал 9 гола во Бундеслигата.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Лизаразу има 97 настапи за француската репрезентација во периодот помеѓу 1992 и 2004 постигнувајќи 2 гола. Своето деби го направил на 14 ноември, 1992, против Финска. Со триколорите бил Светски првак во 1998 и Европски првак во 2000, како и победник на Купот на Конфедерации во 2001 година и 2003 година.

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Франција Бордо[уреди | уреди извор]

Германија Бајерн Минхен[уреди | уреди извор]

Ререзентативни[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]