Грегори Купе
![]() | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 31 декември 1972 | ||
Роден во | Ле Пјуј-ан-Веле, Франција | ||
Висина | м | 1,81||
Играчки податоци | |||
Позиција | Голман | ||
Повлекување | 3 јуни 2011 (38 години) | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1993-1997 |
![]() | 88 | (0) |
1997-2008 |
![]() | 518 | (0) |
2008-2009 |
![]() | 6 | (0) |
2009-2011 |
![]() | 40 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2001-2008 |
![]() | 34 | (0) |
† Учества (Голови). |
Грегори Купе (роден во Ле Пјуј-ан-Веле, Франција на 31 декември 1972) — поранешен француски голман и репрезентативец на својата земја.
Во својата долга кариера играл за само четири клуба и тоа Сент Етјен, Лион (11 сезони), Атлетико Мадрид и Париз Сен Жермен.
Кариера[уреди | уреди извор]
Клупска кариера[уреди | уреди извор]
Својата младинска кариера ја започнал во екипата од родниот град Олимпик Ле Пјуј, а од 1993 година ја започнал својата професионална фудбалска кариера во екипата на Сент Етјен. Во клубот останал до 1997 година кога се преселил во Лион. Во периодот кога овој клуб бил во подем, Купе бил една од поважните алки во клубот и тој имал огромен придонес во освојувањето на незаборавните седум титули едноподруго во Француското првенство. Покрај тоа Купе освоил и 5 Суперкупа и по еден трофеј во Купот на Франција и Лига купот на Франција, а во 2008 година потпишал за Атлетико Мадрид, напуштајќи го Лион по цели 11 години во клубот. Во Атлетико имал една неуспешна сезона во која одиграл само 6 натпревари по што веќе следното лето се вратил во Франција за да игра за Париз Сен Жермен. Во двете сезони со Парижаните, не успеал да освои никаков трофеј, па по завршувањето на сезоната 2010-11 решил да ја заврши својата кариера.[1]
Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]
Купе бил репрезентативец на Франција седум години од 2001 до 2008 и ја претставувал својата земја на две Светски (2002 и 2006) и две Европски првенства (2004 и 2008).
Титули[уреди | уреди извор]
Клубови[уреди | уреди извор]
Олимпик Лион[уреди | уреди извор]
- Лига 1 (7) : 2001-02, 2002-03, 2003-04, 2004-05, 2005-06, 2006-07, 2007-08.
- Куп на Франција (1) : 2008.
- Лига куп на Франција (1) : 2001.
- Француски Суперкуп (5) : 2003, 2004, 2005, 2007, 2008.
Репрезентативни[уреди | уреди извор]
Франција[уреди | уреди извор]
- Куп на конфедерации (2) : 2001 и 2003
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Статистика на кариерата
- [1]
- Амбициозниот Купе на местото на Бартез[мртва врска]
- Grégory Coupet face à Rivaldo en 1999
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Скилачи и Купе продадени; Клебер Андерсон позајмен“ (PDF). OL Group. 18 јули 2008. Посетено на 9 February 2012.
|