Прејди на содржината

ФК Рома сезона 2000-2001

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФК Рома сезона 2000-01)
Рома
сезона 2000–2001
СопственикИталија Франко Сенси
ТренерИталија Фабио Капело
Скудето Серија А1-ви (3. титула)
Куп на Италија Куп на Италијаосминафинале
Куп на УЕФА Куп на УЕФАчетврта рунда
Најдобар стрелецЛига:
Аргентина Габриел Батистута (20)
Вкупно:
Аргентина Габриел Батистута (21)

ФК Рома ја освоиле нивната трета титула шампион на Италија, освојувајќи го насловот во сезоната 2000-01 во Серија А, и така трофејот наменет за победникот останал во главниот град на Италија откако сезоната пред тоа триумфирал градскиот соперник Лацио. Трансферот на искусниот напаѓач на Фјорентина, Габриел Батистута одиграл клучна улога за титулата на Рома, бидејќи аргентинецот постигнал 20 гола во Серија А со кои уште еднаш потврдил дека е голема ѕвезда во светскиот фудбал.

Тренерот Фабио Капело се врати уште еднаш на врвот на Серија А, за првпат од како предводел Милан во сезоната 1995-96, а неколку играчи беа навистина влијателен фактор во трансформацијата на тимот кој завршил шести во претходната година. Кафу и Винсент Кандела играа како крила во 3-5-2 формација, и во комбинација со креативен гениј како Франческо Тоти, чувството за голови на Винченцо Монтела, дефанзивните квалитети во средниот ред на Емерсон, и даваа на Рома значително офанзивна предност над своите соперници. Младиот аргентински дефанзивец Валтер Самуел, исто така, се покажа од клучно значење, и неговата прва сезона со Рома резултирше веднаш со наслов.

Титулата беше освоена по победата со 3-1 над Парма на домашен терен, натпревар кој се очекуваше да биде тежок за "римјаните". Сепак, натпреварот поминал лесно за Рома благодарение на големото трио Тоти, Монтела и Батистута кој ги постигнале головите.

Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Франческо Антониоли
2 Бразил ОД Кафу
3 Бразил ОД Заго
4 Италија СР Кристијано Занети
5 Бразил СР Маркош Асунсао
6 Бразил ОД Алдаир
7 Италија СР Еузебио Ди Франческо
8 Јапонија СР Хидетоши Наката
9 Италија НП Винченцо Монтела
10 Италија НП Франческо Тоти
11 Бразил СР Емерсон
12 Италија ГМ Марко Амелија
Бр. Позиција Играч
15 Франција ОД Џонатан Зебина
16 Италија СР Гаетано Д'Агостино
17 Италија СР Дамијано Томази
18 Аргентина НП Габриел Батистута
19 Аргентина ОД Валтер Самуел
21 Аргентина НП Абел Балбо
22 Италија ГМ Кристијано Лупатели
23 Италија ОД Алесандро Риналди
24 Италија НП Марко Делвекијо
25 Уругвај СР Џани Гигу
28 Италија ОД Амадео Мангоне
32 Франција ОД Винсент Кандела

Завршна табела

[уреди | уреди извор]
PWDLFAGDPts
Шампион1Рома3422936833+3575
ЛШ2Јувентус34211036127+3473
ЛШ Кв.3Лацио3421676536+2969
ЛШ Кв.4Парма34168105131+2056
УЕФА Куп5Интер34141285752+551
УЕФА Куп6Милан34141195037+1349
 7Аталанта34157124040044
Интертото8Бреша34137143846-844
УЕФА Куп9Фјорентина34129134150−943
 10Болоња34128144347-443
 11Перуџа341013113739−242
 12Удинезе34119144943+638
 13Лече34913124352−937
Испаѓа14Реџина34107173249−1737
 15Верона34107174059−1937
Испаѓа16Виченца3499163751−1436
Испаѓа17Наполи34812143551−1636
Испаѓа18Бари3455243168−3720

Натпревари

[уреди | уреди извор]

Куп на Италија

[уреди | уреди извор]

Фаза-Најдобрите 16

[уреди | уреди извор]

Куп на УЕФА

[уреди | уреди извор]

Список на стрелци

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

RSSSF - Italy 2000/01