Марко Ди Вајо
Марко Ди Вајо | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 15 јули 1976 | ||
Роден во | Рим, Италија | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,80||
Играчки податоци | |||
Позиција | напаѓач | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1993-1995 |
![]() | 8 | (3) |
1995-1996 |
![]() | 7 | (1) |
1996-1997 |
![]() | 27 | (3) |
1997-1999 |
![]() | 67 | (33) |
1999-2002 |
![]() | 83 | (41) |
2002-2004 |
![]() | 55 | (18) |
2004-2006 |
![]() | 35 | (11) |
2006-2007 |
![]() | 29 | (8) |
2007-2008 |
![]() | 44 | (12) |
2008-2012 |
![]() | 143 | (65) |
2012-2014 |
![]() | 76 | (34) |
Репрезентација ‡ | |||
2001-2004 |
![]() | 14 | (2) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Марко Ди Вајо (роден на 15 јули 1976 година) — италијански поранешен фудбалер, напаѓач.
Во својата долга кариера, Ди Вајо играл за голем број квалитетни клубови како Лацио, Салернитана, Парма, Јувентус, Валенсија, Монако, Џенова и Болоња. Кариерата ја завршил во 2014 година по две сезони во дресот на Монтреал Импакт во МЛС лигата.
Ди Вајо исто така бил некогашен репрезентативец на Италија, запишувајќи 14 настапи и два гола за аѕурите во периодот 2001-2004.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Почетокот на кариерата
[уреди | уреди извор]Ди Вајо ја започнал својата кариера во клубот од неговиот роден град Лацио. Тој го направил своето деби во Серија А на 20 ноември 1994 година против Падова. Тој потоа бил продаден и играл за клубови од Серија Б како Верона и Бари пред да се пресели во Салернитана во 1997 година.
Салернитана
[уреди | уреди извор]Тој се покажал како вистинско откритие откако потпишал за Салернитана. Тој го водел тимот до нивната втора промоција во Серија А во историјата, а исто така Ди Вајо и најдобар стрелец во Серија Б за таа сезона (1997-1998). Тој продолжил со одличните настапи и следната сезона во Серија А со постигнати 12 гола и го привлекол вниманието на голем број поквалитетни тимови.
Парма
[уреди | уреди извор]И покрај испаѓањето на Салернитана во сезоната 1998-1999, очекувано, Ди Вајо останал да се натпреварува во Серија А, откако бил купен од страна на Парма. И покрај силната конкуренција која ја имал во нападот од играчи како Хакан Шукур, Саво Милошевиќ и Патрик М'Бома, Ди Вајо се изборил да биде прв избор во нападот на клубот. Тој постигнал импресивен број на погодоци за млекарите и завршил како втор стрелец во Серија А со 20 голови во својата трета сезона со тимот.
Јувентус
[уреди | уреди извор]Во летото 2002 година, Јувентус бил клубот кој победил во трката за потписот на Ди Вајо. Неговиот трансфер ги чинеше бјанконерите 7 милиони €, за заем со можност за откуп на целосниот негов договор по крајот на сезоната (2 милиони € плус половина права од договорот на Бриги).
Но, и покрај тоа што бил најавен како големо засилување, Ди Вајо никогаш не ја постигнал формата која ја прикажувал во Парма. Според многумина, главна причина за тоа била огромната конкуренција за место во нападот во почетниот тим на Јуве која овде не успеал да ја победи (за разлика од Парма). Сепак, во првата сезона постигнал 7 гола во Серија А и 4 гола во Лигата на шампионите и помогнал во освојувањето на скудетото и на патот на Јуве до финалето во Шампионската лига.
Со овие перформанси, тој заработил постојан договор во клубот во текот на летото 2003 година за сума од 14.000.000 €.
Валенсија
[уреди | уреди извор]Поради раното испаѓање во Лигата на шампионите во сезоната 2003-04, новиот тренер на Јувентус Фабио Капело, решил да направи реконструкција во тимот. Ди Вајо заедно со неговиот соиграч од нападот Фабрицио Миколи наскоро потоа биле продадени. Ди Вајо одлучил да се пресели во бранителот на титулата во Купот на УЕФА и шампионот на Ла Лига Валенсија за 5-годишен договор, кој ја чинел Валенсија 10.5 милиони €. Таму тој им се приклучил на својте сонародници, тренерот Клаудио Раниери и уште едно ново засилување Бернардо Коради. Ди Вајо постигнал единаесет лигашки голови во неговата прва сезона во Шпанија.
Неговото присуство во ппочетната постава на Валенсија станало сосема ограничено со пристигнувањето на Патрик Клајверт и Давид Виља, како и отказот кој го добил Раниери. Новиот тренер Кике Санчес Флорес претпочитал да го користи Мигел Анхел Ангуло како партнер во нападот на Виља или пак користел 4-5-1 формација, со Вила како осамен напаѓач. Се оваа значеше дека Ди Вајо бил стартер само во еден лигашки натпревар во текот на сезоната 2005-06.
Монако
[уреди | уреди извор]Во јануари 2006 година, Ди Вајо бил позајмен на Лига 1 тимот Монако со можност да потпише постојан договор. Заедно со Ди Вајо, во клубот проистигнал и уште еден негов сонародник Кристијан Виери, кој бил партнер во 7 натпревари од француската лига, и тандемот постигнал 3 гола од кои сите биле постигнати од страна на Виери. Замената за продадениот Емануел Адебајор, уругваецот Хавиер Шевантон, требало да биде главно осигурување во случај на повреди на Ди Вајо и Виери. Но, во втората половина од сезоната италијанците создавале можности за Шевантон да може да постигнува голови.
Во својата втора сезона Ди Вајо станал трет избор на напаѓач зад новите засилувања Јан Колер и Жереми Менез. Тој имал само шест настапи до јануари.
Џенова
[уреди | уреди извор]На 22 јануари 2007 година, по неуспешен престој во Лига 1, Ди Вајо изненадувачки се вратил во Италија за 1.800.000 евра потпишувајќи за Серија Б клубот Џенова, тим кој сериозно се борел за промоција. Клубот изборил промоција, но во Серија А, партнерството на Марко Бориело и Џузепе Скули е најпосакуван избор на тренерот, оставајќи го Ди Вајо да направи само 9 настапи.
Болоња
[уреди | уреди извор]На 21 август 2008 година било потврдено дека Ди Вајо веќе потпишал за Серија А клубот, Болоња, кој неодамна избориле промоција во Серија Б. Ова му донесе повторно соработка во нападот со поранешниот тимски колега од Џенова Адилтон. Ди Вајо бил изненадувачка ѕвезда во сезоната 2008-09, постигнувајќи импресивни 24 голови за просечен тим како Болоња. Тој ја завршил сезоната како втор топ-реализатор заедно со напаѓачот на Џенова, Диего Милито.
Во својот период во Болоња, Ди Вајо ја повратил репутацијата како клучен плоден напаѓач, брзо станал миленик на навивачите, како и капитен на тимот. По продолжувањето на договорот до јуни 2013, Ди Vaio, исто така, ја објавил неговата желба да го помине остатокот од својата фудбалска кариера како играч на Болоња. Сепак, на 4 мај 2012 година, Ди Вајо потврдил дека сезоната 2011-12 ќе биде неговата последна во Болоња, и дека тој разгледува различни опции за својата иднина.
Монтреал Импакт
[уреди | уреди извор]По долги преговори, Монтреал Импакт најавил дека Марко Ди Вајо потпишал со нива како прв назначен играч на овој канадски клуб. Ди Вајо го направил своето деби на 27 јуни, 2012 против Торонто, и го постигна својот прв гол еден месец подоцна на јули 28, 2012 против Њујорк Ред Булс.
Титули
[уреди | уреди извор]
Салернитана
[уреди | уреди извор]- Серија Б (1) : 1997-1998
Парма
[уреди | уреди извор]- Куп на Италија (1) : 2001-2002
Јувентус
[уреди | уреди извор]- Серија А (1) : 2002-2003
- Суперкуп на Италија (1) : 2003
Валенсија
[уреди | уреди извор]- Суперкуп на УЕФА (1) : 2004
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- FIGC National Team Stats. Archive Архивирано на 24 февруари 2012 г. (италијански)
- Луѓе од Рим
- Италијански фудбалери
- Фудбалери на ФК Салернитана
- Фудбалери на ФК Лацио
- Фудбалери на ФК Верона
- Фудбалери на ФК Парма
- Фудбалери на ФК Јувентус
- Фудбалери на ФК Монако
- Фудбалери на ФК Џенова
- Фудбалери на ФК Болоња
- Фудбалери на ФК Монтреал Импакт
- Фудбалери во Серија А
- Фудбалери во МЛС
- Родени во 1976 година