УС Салернитана 1919

Од Википедија — слободната енциклопедија
Салернитана
Целосно имеУС Салернитана 1919
ДржаваИталија Италија
Основан1919; пред 104 години (1919)
1927 (реоснован)
2005 (реоснован)
2011 (реоснован)
ЛокацијаСалерно, Италија
СтадионАреки[1]
Капацитет26,000[2]
СопственикИталија Андреја Радрицани
ТренерПортугалија Пауло Соуса
ЛигаСерија А Серија А
2020–21Серија Б, 2-ри (промоција)
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

УС Салернитана 1919, познат и само како Салернитанаиталијански фудбалски клуб од Салерно, Кампанија.

Клубот е основан на 19 јуни 1919 година од конзорциум предводен од Матео Скијавоне,[3][4][5] но во текот на својата историја, клубот трипати бил реоснован: во 1927[6] при што по воспоставувањето на новото партнерство клубот го добил сегашниот идентитет со дресови во гранатна боја, во 2005[7][8] и 2011 година од финансиски причини.[9] Сегашниот клуб, всушност, бил основан како Салерно Калчо во 2011 година, но продолжил со обележјата на Салернитана почнувајќи од 2012 година. На 19 јуни 2019 година, клубот прославил точно 100 години од својата фудбалска историја.

Салернитана се вратила во Серија А во 2021 година, по пауза од 23 сезони, откако завршиле на второто место во Серија Б со што добиле директна промоција. Претходно, клубот бил член на најсилната италијанска фудбалска лига само уште во два наврати во сезоната 1947-1948 и сезоната 1998-1999, но и во двата случаи испаднале од лигата уште во првата сезона по промоцијата.

Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Ареки, кој има капацитет од 26,000 седечки места.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Винченцо Фјорило
2 Тунис СР Дилан Брон
3 Хрватска ОД Домагој Брадариќ
5 Австрија ОД Флавиус Данилиук
6 Франција ОД Жуниор Самбија
8 Норвешка СР Емил Бохинен
9 Италија НП Федерико Бонацоли
10 Холандија СР Тони Вилена
11 Норвешка НП Ерик Ботхејм
13 Мексико ГМ Гиљермо Очоа
14 Чиле СР Диего Валенсија
15 Нигерија ОД Вилијам Трост-Еконг
17 Аргентина ОД Федерико Фацио
Бр. Позиција Играч
18 Мали СР Ласана Кулибали
20 Италија СР Григорис Кастанос
22 Словенија СР Домен Чрнигој
23 Словачка ОД Норберт Ѓомбер
25 Италија СР Џулио Маџоре
29 Сенегал НП Булаје Диа
30 Италија ОД Пасквале Мацоки
33 Италија ГМ Лујџи Сепе
41 Италија СР Ханс Николуси Кавиља
66 Италија ОД Матео Ловато
87 Италија СР Антонио Кандрева
98 Италија ОД Лоренцо Пирола
99 Полска НП Кшиштоф Пјонтек

Познати поранешни играчи[уреди | уреди извор]

Марко Ди Вајо

Статистика[уреди | уреди извор]

Учество во првенства[уреди | уреди извор]

Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно
Дивизионе Национале 1[11] 1945-1946 4
Серија А 3 1947-1948 2021-2022
Серија Б 30 1938-1939 2020-2021 30
Секонда Дивизионе 1 1927-1928 57
Прима Дивизионе 7 1928-1929 1934-1935
Серија Ц 28 1935-1936 1977-1978
Серија Ц1 18 1978-1979 2007-2008
Лега Про Прима Дивизионе 2 2010-2011 2013-2014
Лега Про 1 2014-2015
Лега Про Секонда Дивизионе 1 2012-2013 1
Серија Д 1 2011-2012 1

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Codice promozione SNAI Maggio 2021 - "SNAIMAX17" | Tutte le promo“. Codice promozione SNAI.
  2. „Biglietteria – US Salernitana 1919 | Sito ufficiale della U.S. Salernitana 1919“. Архивирано од изворникот на 2021-05-02. Посетено на 2021-08-27.
  3. „Salernitana, 95 anni di passione“. Freelancenews.it. Архивирано од изворникот на 2018-09-03. Посетено на 6 октомври 2014.
  4. Празен навод (help).
  5. Празен навод (help).
  6. Празен навод (help).
  7. „Fallimento Salernitana Sport, in aula anche Aniello Aliberti“. Посетено на 29 август 2012. Занемарен непознатиот параметар |editore= (help)[мртва врска]
  8. Празен навод (help).
  9. „De Luca ha scelto: Salernitana a Mezzaroma“. Repubblica.it. Посетено на 29 август 2012.
  10. „Francesco Di Jorio“. National Football Teams. Посетено на 31 July 2012.
  11. Во мешаното првенство наречено "Дивизионе Национале", учествувале клубови од Серија А и Б, а Салернитана играла како клуб од Серија Б.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]