Прејди на содржината

Валтер Самуел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аргентина Валтер Самуел
Лични податоци
Роден на 23 март 1978(1978-03-23)(46 г.)
Роден во Лаборде, Аргентина
Висина &100000000000001830000001,83 м
Играчки податоци
Позиција централен одбранбен
Повлекување 30 јуни 2016 (38 години)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1996-1997 Њуелс Олд Бојс Њуелс Олд Бојс 37 (0)
1997–2000 Бока Хуниорс Бока Хуниорс 75 (4)
2000–2004 Рома Рома 122 (9)
2004-2005 Реал Мадрид Реал Мадрид 30 (2)
2005-2014 Интер Интер 169 (14)
2014-2016 Базел Базел 29 (2)
Репрезентација
1999-2010 Аргентина Аргентина 56 (5)
* Ажурирано на: 21 септември 2011
** Ажурирано на: 6 септември 2011

Валтер Адријан Самуел (роден на 23 март 1978 година во Лаборде, Аргентина) — пензиониран аргентински фудбалер, кој настапуваше за Бока Јуниорс, Рома, Реал Мадрид, Интер и Базел во Швајцарската Супер лига.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Њуелс Олд Бојс

[уреди | уреди извор]

Самуел ја започнал својата фудбалска кариера во 1995 во Аргентина, играјќи за младинскиот тим на Њуелс Олд Бојс. Година дена подоцна, во јануари 1996, станал професионалец и заиграл за првиот тим на Њуелс Олд Бојс и таму останал до јануари 1997. Година дена по неговиот прв официјален настап во кариерата тој направил трансфер во Бока Хуниорс.

Бока Хуниорс

[уреди | уреди извор]

Тој одиграл две и пол сезони во дресот на Бока, во кој забележил 103 настапи на кој постигнал 5 гола во сите конкуренции. Во јули 2000 Рома го откупила неговиот договор за 20 милиони евра и Самуел се сели на "Стариот континент".

По доаѓањето во Рома Самуел, уште на почетокот на првенството се изборил за место во почетната постава. Тој направил добро партнерство во одбраната со Алдаир и Џонатан Зебина во 3-4-1-2 формацијата на Фабио Капело примајќи 33 голови во Серија А што беше третата најдобра одбрана во првенството. Врвот на неговата кариера го постигнал со освојувањето на Скудетото (прво во неговата кариера) во сезоната 2000-01. Во првата сезони тој одиграл 31 натпревар и го постигнал својот деби гол во Серија А носејќи му водство на својот тим нагостувањето кај Верона со 1-0, во натпревар што завршил 1-1. Тој одиграл 7 натпревари и во Купот на Уефа исто така, и постигнал 3 гола во својата прва сезона. Втората сезона во клубот му била исто така успешна. Го освоил Суперкупот на Италија со победа над Фиорентина, а истоака дебитирал и во Лигата на шампионите каде Рома стигнала до втората групна фаза. Во Серија А тој одиграл 30 натпревари и постигнал 5 гола, а неговиот тим завршил втор со само еден бод помалку од шампионот Јувентус. Самуел останал во Рома сè до 2004 година, но во следните две сезони клубо немал позначајни успеси, а и заминувањето на сонародникот Габриел Батистута го наведува и тој да размислува во оваа насока. Во јули 2004 година, Самуел потпишал за Реал Мадрид за сума од 25 милиони евра.

Реал Мадрид

[уреди | уреди извор]

Во Реал Мадрид тој не успеал да се снајде најдобро. Големиот притисок и големите очекувања што навивачите ги имаат од својот клуб биле нешто ново за Самуел. Тој дебитирал во Примера на 18 септември 2004 во поразот од Еспањол на гости со 1-0. На 14 ноември 2004 Самуел го постигнал 4-тиот гол за Реал Мадрид во победата со 6-1 над Албасете, што бил негов дебитантски погодок во Шпанија. Тој одиграл 30 натпревари во Примера и постигнал 2 гола во единствената сезона во Реал Мадрид. Исто така имал и 8 настапи во Лигата на шампионите. Во јули 2005, се враќа во Серија А за 16 милиона евра во тимот на Интер.

По доаѓањето во Интер, Валтер во почетокот на сезоната бил резерва на Марко Матераци и Иван Кордоба во центарот на одбраната. Но, по повредата на Матераци, тој станал постојан првотимец во клубот. Самуел освоил четири скудета по ред во периодот од 2005 и 2009. Кога во 2009 година во тимот пристигнал и Бразилецот Лусио, тие двајца формираат една од најдобрите централно одбранбени двојки во светот. Доказ за тоа била и титулата која Интер ја освоил во Лигата на шампионите во сезоната 2009-10. Следната сезона Самуел се повредил во ноември и ја пропуштил речиси целата сезона, враќајќи се на 15 мај 2011. Во сезоната 2011-12, тој го решил миланското дерби со погодок во 4-тата минута носејќи му победа на својот тим на гости со 1-0.

По 9 години во Интер, Самуел го напуштил клубот и потпишал за Базел на 23 јули 2014. Со швајцарскиот клуб двапати ја одвоил Швајцарската Супер лига во сезоните 2014-2015 и 2015-2016. На 30 јуни 2016, Самуел најавил дека ја завршил играчката кариера на возраст од 38 години.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]