Марко Матераци

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Марко Матераци
Club América v Inter Milan - 2009 - Marco Materazzi (edited).jpg
Матераци во 2009
Лични податоци
Полно име Марко Матераци
Роден на 19 август 1973 (1973-08-19) (воз. 45 г.)
Роден во Лече, Италија
Висина &100000000000001930000001,93 м
Позиција Одбранбен играч
Младинска кариера
1990–1991 Месина Пелоро
1991–1993 Тор ди Квинто
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1993–1994 Марсала 25 (4)
1994–1995 Трапани 13 (2)
1995–1998 Перуџа 47 (7)
1996–1997Карпи (позајмица) 18 (7)
1998–1999 Евертон 25 (1)
1999–2001 Перуџа 51 (15)
2001–2011 Интер 209 (19)
2014–2015 ФК Ченајин 7 (0)
Вкупно 395 (55)
Репрезентација
2001–2008 Италија 41 (2)
Раководител на екипите
2014–2016 ФК Ченајин
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари.
† Учества (Голови).

Марко Матераци (Italian pronunciation: [ˈmarko mateˈrattsi], Ufficiale OMRI; роден на 19 август 1973 година) е поранешен италијански професионален фудблер, кој последната функција ја имаше како тренер во Индиската Супер Лига во тимот на Ченајин.

На почетокот на кариерата, Матераци воглавно настапуваше за различни клубови од Серија Б и Серија Ц лигата, како и во премиерлигашот Евертон. Тој помина два периода во Перуџа од (1995–98 и 1999–2001) и после тоа потпиша за Интер, во јуни 2001 година за €10 милиони евра.Со Интер тој освои речиси се, пет пати беше победник во Серија A во периодот од 2006 до 2010 година, една титула во Лигата на шампионите, под водство на Жозе Мурињо, една титула на Фифа светското клупско првенство во фудбал, 4 титули во Копа Италија и исто толку трофеи во Супер Купот на Италија.[1]

Матераци забележа 41 настап за фудбалската репрезентација на Италија од неговото деби во 2001 година, се до 2008та година, играјќи на две Светски првенства и две Европски првенства. Тој беше еден од клучните играчи на Светското првенство 2006 година во Германија, на натпреварот проотив фудбалската репрезентација на Франција во финалето, каде што го постигна израмнувачкиот гол и ја одведе Италија во продолженијата, но беше дел од инцидентот, каде што беше удрен од Зинадин Зидан, после неговата провокација, кој потоа Зидан беше казнет со црвен картон. Италија победи во пенал рундата, каде што Матераци погоди уште еднаш. Тоа беше четврта светска титула за Италија.

Тој претставуваше контроверзен и провокатиен тип на играч, и важеше како многу физички и агресевиен тип на одбранбен фудбалер, како и неговите тесни обележувањa, силен и остри одземања на топките, која го доведе да добие повеќе од 60 жолти картони и 25 црвени картони во текот на својата играчка кариера. Поради својот карактер, и неговата посветеност со тешки предизвици, тој бил вклучен во неколку кавги со други играчи за време на натпреварите, [2] со што бил споредуван со пензионираниот бранител Пасквале Бруно. Тајмс го стави Матераци како 45 на нивната листа, од 50 најжестоки фудбалери во историјата. Во текот на сезоната 2006-07, Матераци беше изгласан Серија А бранител на годината.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Matrix – Marco Materazzi: http://lazymanscalcio.tumblr.com/post/18215957095/the-matrix
  2. Cazullo, Aldo. „Materazzi“. Il Corriere della Sera. http://archiviostorico.corriere.it/2006/luglio/11/Materazzi_co_9_060711008.shtml. посет. 14 септември 2014 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]