Прејди на содржината

Кристијано Дони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кристијано Дони
Лични податоци
Роден на 1 април 1973(1973-04-01)(53 г.)
Роден во Рим, Италија
Држава Италија Италија
Висина &100000000000001860000001,86 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Повлекување 2012 (39 г.)
Младинска кариера
Модена Модена
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991-1992 Модена Модена 0 (0)
1992-1993Римини Римини 31 (6)
1993-1994Пистоезе Пистоезе 31 (3)
1994-1996 Болоња Болоња 54 (11)
1996-1998 Бреша Бреша 51 (8)
1998-2003 Аталанта Аталанта 145 (55)
2003-2005 Сампдорија Сампдорија 44 (6)
2005-2006 Мајорка Мајорка 24 (2)
2006-2012 Аталанта Аталанта 151 (48)
Репрезентација
2001-2002 Италија Италија 7 (1)

Кристијано Дони (роден на 1 април 1973 година во Рим) — италијански поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Најголемиот дел од кариерата Дони го поминал во екипата на Аталанта за која одиграл повеќе од 300 официјални натпревари и е најдобриот стрелец во историјата на клубот со постигнати 122 гола во сите натпреварувања. Покрај Аталанта, настапувал уште и за Модена, Римини, Пистоезе, Болоња, Бреша, Сампдорија и Мајорка.

За италијанската репрезентација одиграл 7 натпревари и постигнал еден гол, а дебитирал во 2001 година во пријателски натпревар против Јапонија во Саитама. Тој исто така ја претставувал Италија на Светското првенство 2002 во Јапонија и Јужна Кореја.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Дони е роден во Рим, но израснал во Верона каде што и започнал да се занимава со играње фудбал во малиот клуб Крејзи Коломбо, за набргу потоа да се приклучи на Примавера тимот на Модена. На 18 годишна возраст го потпишал првиот професионален договор, а потоа во следните две сезони бил позајмен на Римини и Пистоезе. Во сезоната 1994-1995 Дони потпишал за Болоња која во тоа време се натпреварувала во Серија Ц1, помагајќи им да изборат промоција во Серија Б за следната сезона постигнувајќи 8 гола во 25 натпревари.

Тој го направил своето деби во Серија А во сезоната 1997-1998 со екипата на Бреша во натпревар против Интер на 31 август 1997. Во текот на летото 1998, Дони пристигнува во Бергамо потпишувајќи договор Аталанта во Серија Б, со цел да му помогне на клубот да се врати во највисокот ниво на италијанскиот фудбал. Тој набрзо станува клучен дел од тимот, благодарение на неговата напорна работа и посветеност. Во сезоната 1999-2000 Аталанта успева да избори промоција во Серија А под водство на тренерот Џовани Вавасори, а Дони дал голем придонес за успехот со 14 постигнати голови на 37 натпревари во Серија Б таа сезона. И во следните три сезони во Серија А, Дони бил референтна точка на Аталанта меѓутоа ниту неговите 10 гола не му помогнале на клубот да опстане во Серија А во сезоната 2002-2003, кога со поразот од Реџина во плејаутот биле осудени на испаѓање.

По испаѓањето на Аталанта, Дони и се приклучил на екипата на Сампдорија за која одиграл 44 натпревари и постигнал 6 гола во две сезони во Серија А. Откако му истекол договорот со блучерати, го имал своето прво искуство во кариерата во странство потпишувајќи за Мајорка на 32-годишна возраст. Тој одиграл само една сезона во клубот запишувајќи 24 натпревари и 2 гола во Примера Дивисион, пред да се врати назад во Аталанта во август 2006.[1] До крајот на својата кариера одиграл уште пет сезони во дресот на Аталанта, станувајќи најдобар клупски стрелец во историјата на клубот со 122 постигнати гола во сите официјални натпреварувања. Исто така станал и почесен грѓанин на градот Бергамо.[2] Сепак, кариерата ја завршува неславно бидејќи на 9 август 2011 бил осуден на 3 и пол годишна забрана од фудбалот поради негова вмешаност во скандал со наместени натпревари, поради што бил приморан да ја заврши својата играчка кариера на возраст од 39 години.[3] На 19 декември, бил уапсен заедно со уште 16 други луѓе вклучени во друга истрага за наместени натпревари, во која и самиот Дони признал дека бил вмешан.[4]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Дони одиграл седум натпревари за Италија, а првиот настап го имал на 7 ноември 2001 година, во пријателски натпревар против Јапонија во Саитама, на кој го постигнал и својот прв репрезентативен погодок.[5]

Следната година тој бил избран во од селекторот Џовани Трапатони во составот на репрезентацијата за Светското првенство 2002, каде направил два настапи во првото коло од групната фаза против Еквадор[6] во победата со 2-0 и потоа во поразот со 1-2 од Хрватска во кој асистирал за голот на Кристијан Виери.[7]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Италија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
07-11-2001СаитамаЈапонија Јапонија1 – 1Италија ИталијаПријателска1влегол во игра 46' добил жолт картон во 65-тата минута 65' заменет 89'
13-02-2002КатанијаИталија Италија1 – 0САД САДПријателска-влегол во игра 46'
27-03-2002ЛидсАнглија Англија1 – 2Италија ИталијаПријателска-заменет 75'
03-06-2002СапороИталија Италија2 – 0Еквадор ЕквадорСП 2002 - Прва фаза-заменет 65'
08-06-2002КашимаИталија Италија1 – 2Хрватска ХрватскаСП 2002 - Прва фаза-заменет 79'
21-08-2002ТрстИталија Италија0 – 1Словенија СловенијаПријателска-
12-10-2002НеаполИталија Италија1 – 1Србија и Црна Гора Србија и Црна ГораКвал. за Евро 2004-заменет 46'
Вкупно Настапи 7 Голови 1

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 29 мај 2011.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
1991-1992Италија МоденаБ00КИ00------00
1992-1993Италија РиминиЦ2316КИ-Ц??------31+6+
1993-1994Италија ПистоезеЦ1313КИ-Ц??------31+3+
1994-1995Италија БолоњаЦ1258КИ-Ц??------25+8+
1995-1996Б293КИ??------29+3+
Вкупно Болоња5411??----54+11+
1996-1997Италија БрешаБ307КИ??------30+7+
1997-1998А211КИ??------21+1+
Вкупно Бреша518??----51+8+
1998-1999Италија АталантаБ278КИ73------3411
1999-2000Б3514КИ63------4117
2000-2001А277КИ73------3410
2001-2002А3016КИ20------3216
2002-2003А26+1[8]10+0[8]КИ10------2810
2003-2004Италија СампдоријаА225КИ21------247
2004-2005А221КИ23------244
Вкупно Сампдорија44644----4811
2005-2006Шпанија МајоркаПД242КШ00----242
авг. 2006ПД00КШ00------00
Вкупно Мајорка24200------242
2006-2007Италија АталантаА2613КИ00------2613
2007-2008A3012КИ00------3012
2008-2009А319КИ10------329
2009-2010А302КИ20------322
2010-2011Б3412КИ00------3412
2011-2012А00КИ00------00
Вкупно Аталанта296+1103+0269----323112
Вкупно во кариерата531+1139+030+13+----562+152+

Италија Аталанта

[уреди | уреди извор]
  1. Doni looking for Islanders exit; Sky Sports
  2. Atalanta, Doni cittadino benemerito di Bergamo[мртва врска]
  3. „Betting: the decisions of the disciplinary panel“ (италијански). Lega Serie A. 9 August 2011. Архивирано од изворникот на 2012-09-26.
  4. „Ex-Italy player Cristiano Doni arrested over match-fixing“. BBC Sport. 19 December 2011. Посетено на 13 February 2012.
  5. „Japan challenge gives Doni to Trap“ (италијански). La Repubblica. 7 November 2001. Посетено на 3 April 2014.
  6. Massimo Vincenzi (3 June 2002). „Italy starts well – Ecuador defeated 2–0“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 5 January 2016.
  7. Dario Olivero (8 June 2002). „The film: Italy–Croatia match report“ (италијански). La Repubblica. Посетено на 5 January 2016.
  8. 1 2 Бараж за опстанок.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]