Алесандро Неста
Алесандро Неста | |||
---|---|---|---|
Неста играјќи за Монтреал во 2013 година | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Алесандро Неста | ||
Роден на | март 19 1976 | ||
Роден во | Рим, Италија | ||
Висина | м | 1,87||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | ФК Милан | ||
Број | 13 | ||
Младинска кариера | |||
1985–1993 | ФК Лацио | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1993–2002 | ФК Лацио | 193 | (1) |
2002–2012 | ФК Милан | 224 | (7) |
2012– 2013 | ФК Монтреал Импакт | 31 | (0) |
2014 | ФК Ченајин | 3 | (0) |
Вкупно | 451 | (8) | |
Репрезентација ‡ | |||
1995–1996 | Италија U-21 | 6 | (1) |
1996–2006 | Италија | 78 | (0) |
Тренер на екипи | |||
2016– | Мајами | ||
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 13 мај 2012 ‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 11 октомври 2006 |
Алесандро Неста (роден на 19 март 1976) — поранешен италијански фудбалер кој играл на позиција одбрана.
Неста својата професионална кариера ја започнал со Лацио, каде настапувал во периодот од 1993 до 2002 година за да премине во редовите на Милан. Со Милан и Лацио Неста освоил 17 трофеи од кои четири Калчо титули, две во Лигата на шампионите, Куп на куповите и клупско светско првенство. За репрезентацијата на Италија одиграл 78 натпревари и освоил злато на Светското првенство во 2006 и сребро на Европското првенство 2000 година.
Неста бил 4 пати избран за најдобар дефанзивец во Серија А и четри пати член на Уефа тимот на годината.[1] Во 2004 година, тој беше избран во Топ 100 најголеми живи фудбалери како дел од прославата на 100 годишнината на ФИФА.[2]
Во 2012 година потпишал за канадскиот ФК Монтреал Импакт каде и што ја завршил својата професионална кариера.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „– Team of the Year“. Uefa.com. 24 Oct 2012. Посетено на 5 Nov 2012.
- ↑ „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 March 2004. Посетено на 15 June 2013.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Алесандро Неста“ на Ризницата ? |
- National Team Statistics at FIGC official site Архивирано на 30 октомври 2009 г.
- FootballDatabase.com provides Nesta's profile and stats