Антонио Конте

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Италија Антонио Конте
20150616 - Portugal - Italie - Genève - Antonio Conte 1.jpg
Лични податоци
Роден на 31 јули 1969 (1969-07-31) (воз. 48 г.)
Роден во Лече, Италија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Челси Челси (тренер)
Повлекување 2004 (35 години) - како играч
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1985-1991 Лече Лече 89 (1)
1991–2004 Јувентус Јувентус 419 (44)
Репрезентација
1993-2001 Италија Италија 35 (3)
Раководител на екипите
2006–2007 600px Amaranto con cavallo rampante.png Арецо
2007–2009 Бари Бари
2009–2010 Аталанта Аталанта
2010-2011 Сиена Сиена
2011-2014 Јувентус Јувентус
2014-2016  Италија
2016- Челси Челси
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 2 јануари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 2 јануари 2012

Антонио Конте (роден во Лече, на 31 јули 1969) е италијански фудбалски тренер, и поранешен играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на Челси.

Професионалната кариера ја започнал во 1985 година во клубот од родниот град Лече, а во 1991 се преселил во еден од гигантите во италијанскиот фудбал, Јувентус, каде и ја завршил својата кариера во 2004 година. Во својата долга и успешна играчка кариера освоил 15 трофеј и сите со екипата на Јувентус меѓу кој: пет скудета, еден Куп на Италија, четири Суперкупа на Италија, еден наслов во Лигата на шампионите, а истотака по еднаш ги освоил и Купот на УЕФА, Интерконтиненталниот Куп, Суперкупот на Европа и Интертото купот. Исто така одиграл 20 натпревари за италијанската репрезентација со која бил Светски вицешампион во 1994 и Европски вицешампион во 2000 година.

Во 2006 година ја започнал својата тренерска кариера како главен тренер на второлигашот Арецо. На 27 декември 2007 ја првземал трнерската функција во Бари со кого веќе во втората сезона како негов тренер обезбедил промоција и го вратил во Серија А, а потоа ги водел и екипите на Аталанта и Сиена пред да се врати во Јувентус во летото 2011 година, овојпат како тренер. Во својата прва сезона на клупата на Јувентус ја освоил титулата во Серија А (скудетото) и изборил место со клубот во финалето на Купот на Италија во кое неговиот тим бил поразен од Наполи со 2-0. По првпат во историјата на на италијанскиот фудбал од кога лигата број 20 клубови еден тим успеа да стигне до титулата без ниту еден пораз, и тоа го сторил токму Конте како тренер на Јувентус во сезоната 2011-2012. Потоа тој освоил уште две скудета со бјанконерите од Торино пред да поднесе оставка во летото 2014. На 2 јули 2014 ја првземал селекторската функција во италијанската репрезентација наследувајќи го Чезаре Прандели. Од јули 2016 е менаџер на англискиот Челси.

Кариера[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Тренер[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Играч[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Италија Италија[уреди | уреди извор]

Тренер[уреди | уреди извор]

Италија Бари[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Coppacampioni.png
Јувентус - Шампион на Европа 1996.
Coppacampioni.png

1 Перуци | 2 Ферара | 3 Торичели | 5 Порини | 6 Соуса | 7 Ди Ливио | 8 Конте | 9 Вијали | 10 Дел Пјеро | 11 Раванели | 12 Рампуља | 14 Дешам | 18 Југовиќ | 20 Вјерховод | 21 Падовано | 22 Песото | тренер Липи

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Италија
Џанлука Вијали
Nero e Bianco (Strisce).png
Капитен на Јувентус

1996–2001
Наследник
Италија
Алесандро Дел Пјеро