ФК Јувентус сезона 1997-1998

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јувентус
сезона 1997-1998
ПретседателИталија Виторио Кјузано
ТренерИталија Марчело Липи
Серија А1-ви
Скудето (25. титула)
Суперкуп ИталијаШампиони
Суперкуп на Италија (2. титула)
Куп на ИталијаПолуфинале
Лига на шампиониФинале
Најдобар стрелецЛига:
Италија Алесандро Дел Пјеро (21)
Вкупно:
Италија Алесандро Дел Пјеро (32)
Домаќин
Гост
Трети

Сезоната 1997-1998 за фудбалскиот клуб Јувентус била 100-та од неговото основање и 97-ма последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.

Преглед на сезоната[уреди | уреди извор]

Новиот напаѓач на Јувентус, Филипо Инѕаги, со својте 18 гола во првенството му помогнал на клубот да го одбрани скудетото освоено во претходната сезона.

Трансфер-пазарот на Јувентус во летото 1997 година се концентрирал главно на напаѓачкиот дел, со продажбата на Ален Бокшиќ[1] и младиот Кристијан Виери (вториот бил жртвуван поради добрата економска понуда која не можеле да ја одбијат); покрај нив црно-белиот дрес го соблекле и двајца протагонисти во претходните две победнички години, вклучувајќи го и успехот во Лигата на шампионите: Владимир Југовиќ и Серџо Порини. Најголемото засилување за Јувентус во овој трансферен прозорец претставувал најдобриот стрелец во Серија А од претходната сезона, Филипо Инѕаги, доведен да стане новиот напаѓачки „партнер“ на Алесандро Дел Пјеро;[2] како дополнување на офанзивниот дел од тимот дошол и уругваецот Даниел Фонсека, а меѓу новајлиите што имале добра сезона бил и бекот Алесандро Бириндели.

Јувентус ја отворил сезоната со победа освојувајќи го насловот во Суперкупот на Италија, втор во историјата на клубот, лесно совладувајќи ја Виченца на Деле Алпи (3-0) благодарение на двата рани гола на Инѕаги, а конечниот резултат го поставил капитенот Антонио Конте[3] кој се вратил брзо во форма по сериозната повреда која го оддалечила од терените во поголемиот дел од претходната година.[4] Во првенството, речиси уште по првите кола, главно заради погрешениот чекор на Мараси против Сампдорија,[5] Јувентус се нашол во ситуација на гонител на водачот Интер.[6]

Во почетниот дел од натпреварувањето во Лигата на шампионите, момците на Марчело Липи, инаку финалисти од претходната сезона, наишле на некои неочекувани пречки во групната фаза:[7][8] тие ја затвориле својата група, составена од англискиот Манчестер Јунајтед, холандскиот Фејенорд и словачкиот дебитант Кошице, на второто место зад црвените ѓаволи од Манчестер, пласирајќи се во нокаут-фазата како една од двете најдобри второпласирани екипи. Во меѓувреме во Серија А, во 14-тото коло од сезоната бјанконерите биле поразени со 1-0 од нероаѕурите во Дербито на Италија на Сан Сиро: сепак, ова не влијаело многу на тимот, иако исто така благодарение и на падот на интеристите, но тие ги прегазиле своите соперници, со што станале зимски шампиони.[9][10]

Алесандро Дел Пјеро, бил еден од главните протагонисти во екипата на Јувентус во оваа сезона постигнувајќи 32 гола во сите натпреварувања.

Овој прв дел од сезоната, сепак, открил многу слаби точки во тимот, особено во средниот ред, па пазарот за поправка го донел холанѓанецот Едгар Давидс во Торино, од соперникот Милан[11] како операција која ќе ја одбележи годината: назначен за „расипано јаболко“ од соблекувалната на росонерите,[12] наспроти тоа, во Торино популарниот Питбул веднаш станал суштински елемент за динамиката во играта на Јувентус, станувајќи столб на Мадама за наредните години.[13] Покрај Давидс, есенската трансфер сесија во Пиемонте го поздравила и доаѓањето на младиот уругваец Марсело Залајета,[14] ветувачки напаѓач и добра резерва.

Во вториот дел од првенството фудбалерите од Торино го контролирале обидот на миланезите за кам-бек, иако тие исто така оствариле 6 врзани победи. Во меѓувреме, Јувентус останал без можност да се бори за титулата во Купот на Италија каде, откако ги елиминирале во претходните рунди Брешело, Лече и Фјорентина, тие паднале во полуфиналето против Лацио, подоцнежниот победник на изданието.[15] Нокаут фазата во Лигата на шампионите, Јувентус ја започнал со четвртфиналето каде го елиминирале украинскиот Динамо Киев (1-1 во Торино и 4-1 во Киев),[16] а потоа во полуфиналето биле подобри и од Монако (4-1 во Торино и 3-2 пораз во Кнежевството),[17] за да стигнат до финалето за трета последователна сезона.

Во Серија А дуелот за скудетото се одиграл во 31-вото коло, кога на 26 април 1998 Јувентус во директен судир го победил Интер со 1-0 на Деле Алпи со голот на Дел Пјеро.[18] Сепак, и покрај оваа победа, титулата сѐ уште математички не била осигурана: тоа се случило на 10 мај, во 33-тото коло од првенството, со победата на домашен терен над Болоња (3-2) со хет-трикот на Инѕаги (негов втор за сезоната по оној во Киев). Така, Јувентус го освоил своето 25. скудето во клупската историја на едно коло до крајот.[19] За крај, сезоната во Лигата на шампионите клубот ја завршил со пораз од 1-0 во финалето одиграно во Амстердам против Реал Мадрид - иако решавачкиот гол во финалето постигнат од Предраг Мијатовиќ останал во сенката на наводен офсајд, факт што поттикнал бројни контроверзии во наредните години.[20]

Дресови[уреди | уреди извор]

Производител на опрема за сезоната 1997-1998 била Капа, додека официјален спонзор на дресот бил Sony MiniDisc.

Во сезоната на стогодишнината од постоењето на Јувентус, клубот излегол од трендот на почитување на фудбалската традиција, понудувајќи прв дрес кој спротивно на минатото бил изработен со помалку и подебели (од досегашната мерка) црни и бели пруги и имал „заоблени“ мотиви особено на рамената и грбот.[21] Исто така во спротивност со традицијата, амблемот и ѕвездите (кои го симболизираат бројот на освоени скудета) биле префрлени од градите на левиот ракав. Ова предизвикало различни мислења меѓу навивачите делејќи ги на две групи: ентузијасти и критичари.[22]

За вториот дрес, „шаблонот“ воведен во претходната сезона бил речиси потврден.[21] Тој бил во целосно сина боја со „ѕвезди“ во бела рамка кои се наоѓале на рамената и шорцевите, и ленти во жолто кои минуваат по ракавите и шорцевите;[23] единствените новини биле различна јака, и исто така, веќе споменатото преместување на грбот и ѕвездите на левиот ракав.[21][23]

Фудбалерите на Јувентус во специјалниот дрес дизајниран за прославување на стогодишнината од постоењето на клубот, пред почетокот на натпреварот против Њукасл Јунајтед во Чезена на 3 август 1997.

Стогодишнината од постоњето на клубот била прославена со специјален „ад-хок“ дрес што следувал од 1897 година, а тоа била маица во целосно розева боја - која сега била збогатена со црна јака и неколку црни линии - комбинирано со црни шорцеви и чорапи;[24] за разлика од дресовите кои ги носеле играчите на Јувентус во првите две сезони, со цел да се потенцира комеморативната намера, ова издание не го прикажало тогашниот амблем на Јувентус, туку логото „Јувечентус“ создадено за годишнината, позиционирано на деколтето.[24] Овој дрес бил изготвен само за Купот на стогодишнината - Трофеј на Република Сан Марино одигран на 3 август 1997 година во Чезена против Њукасл Јунајтед.[25]

Домашен
Гостински
за Стогодишнината
Прв голмански
Втор голмански

Состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Анџело Перуци
2 Италија ОД Чиро Ферара
3 Италија ОД Морено Торичели
4 Уругвај ОД Паоло Монтеро
5 Италија СР Фабио Пекија
6 Португалија ОД Димаш
7 Италија СР Анџело Ди Ливио
8 Италија СР Антонио Конте Captain sports.svg
9 Италија НП Филипо Инѕаги
10 Италија НП Алесандро Дел Пјеро
11 Италија НП Микеле Падовано
12 Италија ГМ Микеланџело Рампуља
13 Италија ОД Марк Јулијано
14 Франција СР Дидје Дешам
15 Италија ОД Алесандро Бириндели
16 Италија НП Никола Аморузо
Бр. Позиција Играч
17 Италија ГМ Морган Де Санктис
18 Уругвај НП Даниел Фонсека
20 Италија СР Алесио Такинарди
21 Франција СР Зинедин Зидан
22 Италија ОД Џанлука Песото
23 Италија ОД Марко Ѕамбони
24 Италија СР Рафаеле Аметрано
25 Уругвај ОД Сесар Пелегрин
26 Холандија СР Едгар Давидс
27 Уругвај НП Марсело Залајета
30 Италија ОД Руди Николето
31 Италија ОД Салваторе Ароника
32 Италија НП Лујџи Џандоменико
33 Италија ОД Масимилијано Ѕаѕета
35 Италија СР Марко Ригони
  • играчите во италик го напуштиле клубот во текот на сезоната

Трансфери[уреди | уреди извор]

Прикажани се само побитните операции

Дошле[уреди | уреди извор]

Дата Поз. Играч Години Од Сума Начин
ОД, ОД Италија Алесандро Бириндели 23 Италија Емполи Емполи 4,5 милј. лири конечно
ОД, ОД Италија Марко Ѕамбони 20 Италија Кјево Кјево конечно
СР, СР Италија Фабио Пекија 24 Италија Наполи Наполи 10 милј. лири конечно
НП, НП Италија Филипо Инѕаги 24 Италија Аталанта Аталанта 20 милј. лири конечно
НП, НП Уругвај Даниел Фонсека 28 Италија Рома Рома 9 милј. лири конечно
ОД, ОД Уругвај Сесар Пелегрин 19 Уругвај Данубио Данубио 3 милј. лири конечно
СР, СР Холандија Едгар Давидс 25 Италија Милан Милан 9 милј. лири конечно
НП, НП Уругвај Марсело Залајета 19 Уругвај Пењарол Пењарол 5 милј. лири конечно

Заминале[уреди | уреди извор]

Дата Поз. Играч Години Во Сума Начин
ГМ, ГМ Италија Давиде Фалчони 23 Италија Тревизо Тревизо конечно
ОД, ОД Италија Масимилијано Нотари 26 Италија Триестина Триестина конечно
ОД, ОД Италија Серџо Порини 29 Шкотска Ренџерс Ренџерс конечно
c СР Италија Атилио Ломбардо 29 Англија Кристал Палас Кристал Палас конечно
c СР Србија и Црна Гора Владимир Југовиќ 28 Италија Лацио Лацио конечно
c СР Италија Ивано Трота 20 Италија Фјоренцуола Фјоренцуола конечно
НП, НП Хрватска Ален Бокшиќ 28 Италија Лацио Лацио конечно
НП, НП Италија Кристијан Виери 24 Шпанија Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 30 милј. лири конечно
ОД, ОД Италија Марко Ѕамбони 20 Италија Наполи Наполи конечно
c СР Италија Рафеле Аметрано 25 Италија Емполи Емполи позајмен
НП, НП Италија Микеле Падовано 32 Шпанија Кристал Палас Кристал Палас конечно

Натпреварувања во сезоната[уреди | уреди извор]

Вкупно[уреди | уреди извор]

Натпреварување Прв натпревар Последен натпревар Почетна рунда Конечен пласман Скор
ОН П Н И ДГ ПГ ГР Победи %
Серија А 31 август 1997 15 мај 1998 Прво коло Победник &1000000000000003400000034 &1000000000000002100000021 &1000000000000001100000011 &100000000000000020000002 &1000000000000006700000067 &1000000000000002800000028 +39 0&1000000000000006175999961,76
Куп на Италија 4 септември 1997 11 март 1998 Второ коло Полуфинале &100000000000000080000008 &100000000000000030000003 &100000000000000040000004 &100000000000000010000001 &1000000000000001200000012 &100000000000000060000006 +6 0&1000000000000003750000037,50
Суперкуп на Италија 23 август 1997 23 август 1997 Финале Победник &100000000000000010000001 &100000000000000010000001 &100000000000000000000000 &100000000000000000000000 &100000000000000030000003 &100000000000000000000000 +3 &10000000000000100000000100,00
Лига на шампиони 17 септември 1997 20 мај 1998 Фаза по групи Финале &1000000000000001100000011 &100000000000000060000006 &100000000000000010000001 &100000000000000040000004 &1000000000000002300000023 &1000000000000001500000015 +8 0&1000000000000005454999954,55
Вкупно &1000000000000005400000054 &1000000000000003100000031 &1000000000000001600000016 &100000000000000070000007 &10000000000000105000000105 &1000000000000004900000049 +56 0&1000000000000005740999957,41

Последно ажурирање: 10 јуни 2020

Извор: Натпреварувања

Суперкуп на Италија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Суперкуп на Италија 1997.

Серија А[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Серија А 1997-1998.

Завршна табела[уреди | уреди извор]

Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
Scudetto.svg 1. Јувентус Јувентус 74 34 21 11 2 67 28 +39
2. Интер Интер 69 34 21 6 7 62 27 +35
3. Удинезе Удинезе 64 34 19 7 8 62 40 +22
4. Рома Рома 59 34 16 11 7 67 42 +25
5. Фјорентина Фјорентина 57 34 15 12 7 65 36 +29
6. Парма Парма 57 34 15 12 7 55 39 +16
[26] 7. Лацио Лацио 56 34 16 8 10 53 30 +23
8. Болоња Болоња 48 34 12 12 10 55 46 +9
9. Сампдорија Сампдорија 48 34 13 9 12 52 55 -3
10. Милан Милан 44 34 11 11 12 37 43 -6
11. Бари Бари 38 34 10 8 16 30 45 -15
12. Пјаченца Пјаченца 37 34 7 16 11 29 38 -9
13. Емполи Емполи 37 34 10 7 17 50 58 -8
14. Виченца Виченца 36 34 9 9 16 36 61 -25
1downarrow red.svg 15. Бреша Бреша 35 34 9 8 17 45 63 -18
1downarrow red.svg 16. Аталанта Аталанта 32 34 7 11 16 25 48 -23
1downarrow red.svg 17. Лече Лече 26 34 6 8 20 32 72 -40
1downarrow red.svg 18. Наполи Наполи 14 34 2 8 24 25 76 -51

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 1998-1999.
      Се квалификува за второто квалификациско коло на УЕФА Лигата на шампионите 1998-1999.
      Се квалификува за првото коло на Куп на УЕФА 1998-1999.
      Се квалификува за првото коло на УЕФА Куп на победниците на куповите 1998-1999.
      Се квалификува за УЕФА Интертото куп 1998.
      Испаднале во Серија Б 1998-1999.

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.

Натпревари[уреди | уреди извор]

Куп на Италија[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Фудбалски куп на Италија 1997-1998.
Второ коло[уреди | уреди извор]
Осминафинале[уреди | уреди извор]
Четвртфинале[уреди | уреди извор]
Полуфинале[уреди | уреди извор]

УЕФА Лига на шампиони[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „УЕФА Лига на шампиони 1997/98.

Фаза по групи[уреди | уреди извор]

Табела ОН Поб. Н Пор. ДГ ПГ ГР Бод.
1. Англија Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 6 5 0 1 14 3 +11 15
2. Италија Јувентус Јувентус 6 4 0 2 12 8 +4 12
3. Холандија Фејенорд Фејенорд 6 3 0 3 8 10 -2 9
4. Словачка Кошице Кошице 6 0 0 6 2 13 -11 0

Нокаут фаза[уреди | уреди извор]

Четвртфинале[уреди | уреди извор]
Полуфинале[уреди | уреди извор]
Финале[уреди | уреди извор]

Статистика[уреди | уреди извор]

Настапи и голови[уреди | уреди извор]

Бр. Поз Нац Играч Вкупно Серија А Куп на Италија Лига на шампиони Суперкуп на Италија
Наст Гол Наст Гол Наст Гол Наст Гол Наст Гол
Голмани
1 ГМ Италија Анџело Перуци 44 -41 31 -25 1 -1 11 -15 1 0
12 ГМ Италија Микеланџело Рампуља 13 -8 5 -3 7 -5 1 0 0 0
17 ГМ Италија Морган Де Санктис 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
37 ГМ Италија Стефано Сорентино 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
Одбрана
2 ОД Италија Чиро Ферара 25 1 17 1 2 0 5 0 1 0
3 ОД Италија Морено Торичели 33 0 20 0 6 0 7 0 0 0
4 ОД Уругвај Паоло Монтеро 39 0 26 0 5 0 7 0 1 0
6 ОД Португалија Димаш 35 0 21 0 6 0 8 0 0 0
13 ОД Италија Марк Јулијано 42 1 25 1 7 0 10 0 0 0
15 ОД Италија Алесандро Бириндели 47 2 29 0 7 1 10 1 1 0
22 ОД Португалија Џанлука Песото 37 0 21 0 7 0 8 0 1 0
25 ОД Уругвај Сесар Пелегрин 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
30 ОД Италија Руди Николето 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
31 ОД Италија Салваторе Ароника 1 0 1 0 0 0 0 0 0 0
33 ОД Италија Масимилијано Ѕаѕета 0 0 0 0 0 0 0 0 0 0
Среден ред
5 СР Италија Фабио Пекија 35 1 21 1 8 0 5 0 1 0
7 СР Италија Анџело Ди Ливио 44 0 30 0 6 0 7 0 1 0
8 СР Италија Антонио Конте 44 6 28 4 6 1 9 0 1 1
14 СР Франција Дидје Дешан 34 0 25 0 0 0 8 0 1 0
20 СР Италија Алесио Такинарди 42 1 23 1 8 0 10 0 1 0
21 СР Франција Зинедин Зидан 48 11 32 7 4 1 11 3 1 0
26 СР Холандија Едгар Давидс 27 1 20 1 2 0 5 0 0 0
35 СР Италија Марко Ригони 1 0 0 0 1 0 0 0 0 0
Напаѓачи
9 НП Италија Филипо Инѕаги 46 27 31 18 4 1 10 6 1 2
10 НП Италија Алесандро Дел Пјеро 47 32 32 21 4 1 10 10 1 0
16 НП Италија Никола Аморузо 18 6 10 2 4 2 4 2 0 0
18 НП Уругвај Даниел Фонсека 29 8 15 4 8 3 6 1 0 0
27 НП Уругвај Марсело Залајета 7 1 5 1 2 0 0 0 0 0
32 НП Италија Лујџи Џандоменико 1 0 0 0 1 0 0 0 0 0
Играчи кој го напуштиле клубот во текот на сезоната
11 НП Италија Микеле Падовано 4 0 1 0 2 0 0 0 1 0
23 ОД Италија Марко Ѕамбони 3 0 1 0 2 0 0 0 0 0
24 СР Италија Рафаеле Аметрано 1 0 0 0 1 0 0 0 0 0

Last updated: 8 јули 2020
Source: Натпреварувања

Список на стрелци[уреди | уреди извор]

Ранг Бр. Поз. Нац. Име Серија А Суперкуп Куп на Италија УЕФА ЛШ Вкупно
1 10 НП Италија Алесандро Дел Пјеро 21 0 1 10 32
2 9 НП Италија Филипо Инѕаги 18 2 1 6 27
3 21 СР Франција Зинедин Зидан 7 0 1 3 11
4 18 НП Уругвај Даниел Фонсека 4 0 3 1 8
5 8 СР Италија Антонио Конте 4 1 1 0 6
16 НП Италија Никола Аморузо 2 0 2 2 6
7 15 ОД Италија Алесандро Бириндели 0 0 1 1 2
8 2 ОД Италија Чиро Ферара 1 0 0 0 1
5 СР Италија Фабио Пекија 1 0 0 0 1
13 ОД Италија Марк Јулијано 1 0 0 0 1
20 СР Италија Алесио Такинарди 1 0 0 0 1
26 СР Холандија Едгар Давидс 1 0 0 0 1
27 НП Уругвај Марсело Залајета 1 0 0 0 1
Автогол 5 0 2 0 7
Вкупно 67 3 12 23 105

Последно ажуририање: 8 јули 2020

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Piero Serantoni (28 декември 1998). „Boksic, una stella a valore zero“. La Stampa. стр. 29.
  2. „Inzaghi-Del Piero, la coppia vale 49 gol“. Corriere della Sera. 30 март 1998. стр. 41. Архивирано од изворникот на 15 јули 2014.
  3. Emanuele Gamba (24 август 1997). „Festival Inzaghi, è Supercoppa Juve“. la Repubblica. стр. 43.
  4. Paolo Forcolin; Salvatore Lo Presti (25 август 1997). „Inzaghi, la rivincita“. La Gazzetta dello Sport.
  5. Gianni Mura (28 септември 1997). „Inter sempre più sola, la Juve perde colpi“. la Repubblica. стр. 40.
  6. Maurizio Crosetti (20 октомври 1997). „Zidane lancia l'inseguimento“. la Repubblica. стр. 43.
  7. Maurizio Crosetti (6 ноември 1997). „Il Kosice fa sbandare la Juventus“. la Repubblica. стр. 43.
  8. Enrica Speroni; Antonello Capone (27 ноември 1997). „Ma quanto fa male quel Cruz“. La Gazzetta dello Sport.
  9. Salvatore Lo Presti; Lodovico Maradei (19 јануари 1998). „Questa Juventus mette paura“. La Gazzetta dello Sport.
  10. Gianni Mura (26 јануари 1998). „Juventus, mezzo scudetto“. la Repubblica. стр. 31.
  11. „Juve, ecco Davids: "Non deluderò". la Repubblica. 13 декември 1997. стр. 52.
  12. Davide Piacenza (14 март 2015). „Pitbull“.
  13. Stefano Olivari (4 gennaio 2013). „Solo Davids ha spostato qualcosa“. Архивирано од изворникот на 8 октомври 2016. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  14. Carlo Nesti (18 novembre 1997). „Juve: presentati i cuccioli“. Архивирано од изворникот на 30 maggio 2018. Посетено на 2 giugno 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archivedate= (help)
  15. Corrado Sannucci (12 март 1998). „Nedved show, Juve fuori“. la Repubblica.
  16. Maurizio Crosetti (19 март 1998). „Fantastico Inzaghi“. la Repubblica. стр. 50.
  17. Maurizio Crosetti (16 април 1998). „Juve-Real, il massimo“. la Repubblica.
  18. Gianni Mura (27 април 1998). „Juventus prende il volo in una partita avvelenata“.
  19. Salvatore Lo Presti; Luigi Garlando; Francesco Velluzzi (11 мај 1998). „Lippi, più rabbia che gioia“. La Gazzetta dello Sport.
  20. Изворите се разликуваат околу тоа дали голот бил валиден или не. Додека италијанските медиуми тврдат дека Мијатовиќ бил во јасна нерегуларна позиција, шпанските медиуми блиски до Кралскиот клуб тврдат дека напаѓачот на Реал бил во линија со играчот на Јувентус Џанлука Песото, cfr. Andrea Schianchi (6 март 2016). „Dalla mano de Dios a Corea-Spagna. Se la moviola riscrive la storia“.; Juanma Trueba (13 мај 2006). "No fue fuera de juego" (шпански).
  21. 21,0 21,1 21,2 Calzaretta, стр. 160-161.
  22. Fabio Vergnano (26 јули 1997). „Nuovo look, cambia la maglia“. La Stampa. стр. 30.
  23. 23,0 23,1 Calzaretta, стр. 157.
  24. 24,0 24,1 Calzaretta, стр. 211.
  25. Marco Ansaldo (4 август 1997). „Juve, Inzaghi si presenta“. La Stampa. стр. 27.
  26. Победник на Купот на Италија.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]