Стадион Лујџи Ферарис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Стадион „Лујџи Ферарис“
Мараси
Stadio Luigi Ferraris di Genova.jpg
Целосно име Стадион Лујџи Ферарис
Место Џенова, Италија
Координати Координати: 44°24′59.15″N 8°57′8.74″E / 44.4164306° СГШ; 8.9524278° ИГД / 44.4164306; 8.9524278
Отворен 22 јануари 1911[1]
Реновиран 1982
Сопственик Општина Џенова
Подлога трева
Игра Џенова Џенова (1911-денес)
Сампдорија Сампдорија (1946-денес)
Гледачи 36,600[2]

Стадион Лујџи Ферарис (италијански: Stadio Luigi Ferraris) — повеќенаменски фудбалски стадион кој се наоѓа во Џенова, Италија. Стадионот исто така познат и како Мараси според населбата каде се наоѓа. Објектот бил отворен во 1911 година и е еден од најстарите стадиони, кои се уште се во употреба за фудбал и други спортови во Италија. Настрана од фудбал, стадионот бил домаќин на рагби-натпревари на италијанскиот национален тим по рагби и, поретко на неколку концерти.

Тој бил првично изграден од страна на Џенова ФК во 1909 година, а се одржувал како нивна приватна сопственост. Во 1933 година, стадионот бил именуван по поранешниот играч на Џенова Лујџи Ферарис, кој починал во 1915 година, за време на Првата светска војна. За време на Втората светска војна бил усвоен во општинска сопственост. Тој во моментов се користи за фудбалски натпревари за ФК Џенова и (од 1946 година) на ФК Сампдорија. Стадионот исто така е домаќин на рагби натпревари. Тој има капацитет од 36.599 гледачи. Англискиот фудбалски клуб Престон Норт Енд оригиналните планови за нивниот стадион Deepdale стадион биле инспирирани од Стадионот Лујџи Ферарис со работа започнувајќи во 1995 година и конечно бил завршен во 2008 година.

Значајни натпревари[уреди | уреди извор]

Стадион бил официјално отворен на 22 јануари 1911 година со фудбалскиот натпревар помеѓу ФК Џенова и ФК Интер, и во тоа време имал капацитет од 20.000 гледачи. На 22 декември 1912 година, стадионот бил домаќин на првиот меѓународен натпревар помеѓу фудбалската репрезентација на Италија која загубила со 3–1 од Фудбалската репрезентација на Австрија во пријателски натпревар.[1]

Исто така стадионот бил домаќин на Светското првенство во фудбал 1934 на четврфиналниот меч помеѓу Шпанија и Бразил,[1] и тогаш капацитетот бил проширен на 30.000 места за седење.

Стадионот бил затворен и повторно изграден пред Светското првенство во фудбал 1990, при што бил домаќин на три натпревари од групата Ц (меѓу Костарика, Шкотска и Шведска) и на 16-финалниот натпревар помеѓу Република Ирска и Романија.

Највисока посетеност на Луиџи Ферарис била забележена на 27 февруари 1949 година, на натпреварот помеѓу Италија и Португалија каде биле присутни 60.000 гледачи.

На 12 октомври 2010 година, за квалификациите за УЕФА Евро 2012 помеѓу Италија и Србија, натпреварот бил прекинат откако навивачите на Србија започнале да фрлаат ракети и огномет на теренот. Кога играта конечно почнала, повеќе ракети и огномети биле фрлени на теренот и судијата го прекинал натпреварот по само шест минути игра.[3]

На 29 февруари 2012 година, САД ја победил Италија со резултат од 1–0 на овој стадион во пријателски натпревар. Тоа бил прв пат Италија да биде поразена во Џенова, но и прв пат САД да ја победи Италија.[4]

На 14 ноември 2014 година, Лујџи Ферарис бил домаќин на рагби натпреварот помеѓу Италија и Аргентина со победа на домаќинот од 20 - 18.

Светско првенство во Италија 1990[уреди | уреди извор]

Стадионот бил една од локациите на Светско Првенство во фудбал 1990, на кој се одиграле следните натпревари:

Дата Тим #1 Резултат. Тим #2 Рунда
1990-06-11  Костарика 1–0  Шкотска Група Ц
1990-06-16  Шведска 1–2  Шкотска Група Ц
1990-06-20  Шведска 1–2  Костарика Група Ц
1990-06-25  Ирска 0–0 (5–4 на пенали)  Романија 1/16 Финале

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 http://eu-football.info/_venue.php?id=546
  2. riferimento dal sito web del club reale più accurato rispetto agli altri
  3. „Italy-Serbia Euro 2012 tie abandoned after fan trouble“. BBC Sport. 12 October 2010. конс. 12 October 2010. 
  4. http://m.ussoccer.com/news/mens-national-team/2012/02/us-mnt-earns-first-win-against-italy.aspx

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Шаблон:Стадиони во Серија A}} Шаблон:Светско првенство 1990 стадиони