Павел Недвед

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Чешка Павел Недвед
Pavel Nedvěd
Лични податоци
Роден на 30 август 1972 (1972-08-30) (воз. 45 г.)
Роден во Хеб, Чехословачка
Висина &100000000000001770000001,77 м
Позиција лево крило
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
(член на одборот на директори)
Повлекување 31 мај 2009 (36 години)
Младинска кариера
Flag of None.svg ТЈ Скална
600px Celeste e Bianco (Strisce).png РХ Хеб
Викторија Плзен Викторија Плзењ
Flag of None.svg Дукла Табор
Дукла Прага Дукла Прага
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1991–1992 Дукла Прага Дукла Прага 19 (3)
1992–1996 Спарта Прага Спарта Прага 98 (23)
1996–2001 Лацио Лацио 138 (33)
2001–2009 Јувентус Јувентус 247 (50)
Репрезентација
1994–2006 Чешка Чешка 91 (18)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Павел Недвед (чешки: Pavel Nedvěd роден на 30 август 1972 година во Хеб) е поранешен чешки фудбалер, играч од средината на теренот. Тој е еден од најуспешните чешки фудбалери кои играле во врвните европски лиги, освојувајќи бројни признанија со екипите на Лацио и Јувентус. Широко го сметаат за еден од најдобрите играчи од средниот ред во модерната ера, за што говори и признанието за Најдобар фудбалер на годината во Европа во 2003 година, со што станал првиот чешки фудбалер кој а освоил оваа награда по распадот на Чехословачка. Тој е познат по својата енергија и неуморното движење по теренот, па оттука произлегол и неговиот прекар "Furria Cecca" (Чешката фурија) кој го добил од навивачите на Јуве, а исто така и по неговата голгетерска способност. Недвед ја завршил кариерата по крајот на сезоната 2008-2009 по 19 години професионализам.

Биографија[уреди | уреди извор]

Оженет е со Ивана со која имаат две деца кои ги носат нивните имиња: Ивана и Павел. Тој има диплома за градежен инспектор. Додека бил играч тој бил заштитно лице на спортската опрема Улспорт, но подоцна ја сменил со Адидас.

Во октомври 2010, излегла од печат неговата автобиографија Мојот нормален живот - Кругот помеѓу револуцијата, Европа и Златната топка.

На 28 октомври, 2015 година добива Медал за заслуги на Република Чешка, што е највисока чест на неговата земја.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Недвед е роден во градот Хеб и бил одгледан во градот во близина на Скална. Тој ја започнал кариерата во родната Чехословачка, играјќи за најдобрите клубови од Прага, Спарта и Дукла. Од Спарта се преселил во Италија каде станал еден од најдобрите играчи во своето време. Неговите перформанси на Европското првенство 1996 година не поминале незабележани откако тој постигнал гол во групната фаза против Италија. Покрај вербалниот договор со ПСВ, Недвед одлучил да му се приклучи на Лацио во Серија А во 1996 година.

Лацио[уреди | уреди извор]

Најголемите успеси со Лацио, Недвед ги остварил со триумфите во Купот на Италија во сезоната 1997-1998, и последниот одигран (воопшто) Куп на победниците на куповите во 1999 против Реал Мајорка каде го постигнал последниот гол на турнирот во победата на Лацио со 2-1.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Во 2001 година Недвед преминал во редовите на Јувентус за сума од 41 милиони евра како замена за Зинедин Зидан, кој тоа лето се преселил во Реал Мадрид. Тој се докажа како еден од ретките играчи од средината кои можат да ја преземат одговорноста на племејкерската улога од неговиот француски претходник. Тој бил клучна фигура во екипата која го освоила скудетото во сезоните 2001-2002 и 2002-2003.

Недвед беше движечка сила водејќи го Јувентус до финалето од лигата на шампиони против Милан во 2003-та година,но беше принуден да пропушти финалето поради добиени два жолти картони, по стартот на фудбалерот на Реал Мадрид Стив Мекманаман во полуфиналето. На крајот на годината тој ја добил наградата за Европски фудбалер на годината.

Недвед во дресот на Јувентус во 2007.

Во сезоната 2005-06 кога Јувентус доживеа испаѓање од Серија А поради скандалот Калчополи (скандал за наместени натпревари), иднината на Недвед како играч на Јувентус беше тема на длабока дискусија. По светското првенство, тој ги поби тие гласини со изјава дека сака да му помогне на својот тим да се промовира во Серија А. Сепак тоа беше бурна сезона за чешкиот интернационалец. Со договор од траење од една година, тој посочи дека ќе се пензионира наполно на крајот од сезоната. Тој ја повтори таа закана по казната од 5 натрпевари неиграње поради црвениот картон добиен на 1-ви декември. И покрај тоа, тој остана во клубот до крајот на сезоната. Тој заедно со своите блиски колеги ветерани Давид Трезеге и Алесандро Дел Пиеро постигнаа 47 гола од 83-те гола постигнати во Серија Б каде успеаја да влезат во Серија А уште во првата сезона. Во текот на сезоната 2007-2008, Недвед играше често за црно-белите давајќи придонес како прв избор на Јуве за лево-крилната позиција. Сепак тој беше склон на контроверзности. Недвед поради стартот над португалскиот фудбалер на Интер Луис Фиго, беше негативно оценет бидејќи му нанесе скршеница на фибулата. Недвед одигра добра сезона во враќањето на Јуве на старите патеки, но постигна само два гола. Во текот на сезоната 2007-08 во Серија А, Недвед доби слаб потрес на мозокот што го оттргна од теренот околу еден месец. Го поврзуваа со трансфер во јапонскиот Јубило Ивата во текот на трансфер прозорецот во 2008-09, но гласините брзо беа отфрлени откако тој ја посвети својата иднина на Јувентус за уште една година откако потпиша продолжување на договорот на една година што ќе ги осигураше неговите услуги до јуни 2009-та година.

Недвед го постигна првиот лигашки гол за Јувентус во сезоната 2008-2009 во ремито од 1-1 против Фјорентина. Тој исто така постигна два гола како капитен на Јуве во победа против Болоња од 2-1 .На 26-ти фебруари Недвед најави пензионирање кон крајот на сезоната. Во март 2009-та година, Недвед беше заменет поради повреда на мечот од втората рунда на лигата на шампионите против Челзи, што поради неговото претстојно пензионирање беше негов последен натпревар како играч на Јувентус во Европските натпреварувања(Јувентус загуби со вкупен резултат 3-2). Тој се пензионираше на крајот од сезоната како капитен на последнот натпревар против неговиот поранешен клуб Лацио и му асистира на Винченцо Јаквинта во победа од 2-0. Тој беше сменет пред последниот свиреж и доби стоечки овации од сите навивачи. По крајот на натпреварот другите играчи направија гарда на честа и Недвед истрча круг од чест и благодарност кон навивачите. Потоа капитенот Алесандро Дел Пиеро му го претстави дресот за комеморација.

Пензионирање[уреди | уреди извор]

Недвед го најави своето пензионирање во фебруари 2009-та година што се оствари кон крајот на таа сезона. Недвед изјави дека не се откажал од фудбал поради економски причини, туку за да може повеќе да му се посвети на своето семејство. Моментно Недвед е член на Одборот на директори на Јувентус.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Недвед дебитираше за ново реформираниот чешки национален тим во јуни 1994та година во победа против Република Ирска од 3-1. Неговиот најголем подем стигма во европското првенство во 1996та година каде беше движечка сила зад пласманот на чесите во финалето.Тој продолжи да игра стандардно во средината и стана и продолжи да биде капитен на Чешка од 2000та година натаму.Тој наводно се пензионираше од националниот тим во 2004та година по поразот од Грција на Евро 2004,но по многу убедувања од тренерот Карел Брукнер и неговите соиграчи,одлучи да се откаже од меѓународно пензионирање токму на време за квалификациските плејофи против Норвешка.Првиот натпревар на светското првенство на Чешка и Недвед по распадот на Чехословачка,чесите го добија со импресивна победа над САД од 3-0,но подоцна клучните играчи заработија повреди и со тоа Чешка ги загуби двата следни натпревари од групата против Гана и крајниот победник Италија,завршувајќи трети во нивната група.Недвед имаше неколку обиди кон голот на Италија но сите ги одбрани неговиот колега од Јувентус,Џанлуиџи Буфон.Недвед трајно го најави повлекувањето од фудбалот и одби да ја смени одлуката и покрај повиците од негоиот поранешен тренер Карел Брукнер пред Европското првенство 2008ма година.


Титули[уреди | уреди извор]

Чешка Спарта Прага[уреди | уреди извор]

Италија Лацио[уреди | уреди извор]

Италија Јувентус[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]