Томаш Соучек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томаш Соучек
Лични податоци
Полно име Томаш Соучек[1]
Роден на 27 февруари 1995(1995-02-27)(29 г.)
Роден во Хавличкув Брод, Чешка
Држава Чешка Чешка
Висина &100000000000001920000001,92 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
Број 28
Младинска кариера
Славија Прага Славија Прага
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2014–2020 Славија Прага Славија Прага 114 (31)
2015Викторија Жижков Викторија Жижков 14 (0)
2017Слован Либерец Слован Либерец 12 (0)
2020– Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 51 (13)
Репрезентација
2013-2014 Чешка Чешка 19 9 (0)
2015 Чешка Чешка 20 1 (0)
2015 Чешка Чешка 21 13 (2)
2015- Чешка Чешка 35 (7)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Томаш Соучек (роден на 27 февруари 1995 во Хавличкув Брод) е чешки фудбалер, играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед и на чешката репрезентација.

Техничики одлики[уреди | уреди извор]

Има репутација на енергичен box-to-box играч од средниот ред со одбранбени и напаѓачки квалитети. Тој е познат и по својте физички предиспозиции благодарение на неговата висина од 1,92 м.

Во англиските медиуми често е споредуван со Маруан Фелаини, играч кој своевремено исто така бил откриен и трениран од Дејвид Мојес, поради неговите квалитети во играта во воздухот.[2]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Славија Прага[уреди | уреди извор]

Соучек играјќи за Славија Прага во 2018.

Соучек ја започнал својата кариера во екипата на Славија Прага, приклучувајќи се на академијата на клубот на 10-годишна возраст.[3]

Во сезоната 2014-2015, тој бил позајмен на Викторија Жижков, екипа со која го направил своето професионално деби на 8 март 2015 година, во поразот на домашен терен со 1-2 од екипата на Фастав Злин во втората лига на Чешка. Сезоната ја завршил со 14 настапи без постигнат гол.

По завршувањето на позајмицата во Жижков, Соучек се вратил во Славија Прага каде го постигнал првиот погодок во својата кариера во победата со 4-0 над Височина Јихлава. За време на сезоната 2015-2016, тој го направил својот пробив во првиот тим на Славија играјќи во 29 од 30 првенствени натпревари забележувајќи притоа и два гола.

Сепак, следната сезона тој го загубил своето место во почетната постава како резултат на доаѓањето на Мишел Нгадеу Нгаџуи,[4] поради што настапите на Соучек станале ограничени и тој запишал само 93 минути во период од три месеци поради што бил проследен на заем во Слован Либерец во зимскиот преоден рок.[5]

Пред почетокот на сезоната 2017-2018, Славија го повлекла Соучек назад и тој станал одново редовен член на почетната постава, играјќи 27 натпревари во сезоната и постигнал 3 гола. На 9 мај 2018, тој го одиграл целиот натпревар за Славија Прага во победата со 3-1 над Јаблонец во финалето на Купот на Чешка, освојувајќи го својот прв трофеј во кариерата. Следната сезона, тој го освоил чешкото првенство со Славија и учествувал во одбраната на титулата во купот.

Вест Хем Јунајтед[уреди | уреди извор]

На 29 јануари 2020, Соучек се преселил во англискиот Вест Хем Јунајтед на заем до крајот на сезоната 2019–2020, со опција за откупување на играчот во летниот преоден рок.[6] Своето деби во Премиер лигата го имал на 1 февруари 2020, во ремито 3-3 на домашен терен против Брајтон. Својот прв гол за чеканите го постигнал во победата со 3-2 на домашен терен над Челси на 1 јули 2020. Сезоната ја завршил со 13 настапи и 3 гола (сите постигнати после паузата поради пандемијата на КОВИД-19).

Задоволувајќи ја управата на Вест Хем и менаџерот Дејвид Мојес со своите игри во сезоната 2019-2020, на 24 јули 2020, Соучек бил откупен од Вест Хем за 21 милион евра потпишувајќи четиригодишен договор со лондонската екипа.[7]

Соучек со Вест Хем.

Својот прв првенствен гол за сезоната 2020-2021, Соучек го постигнал на 7 ноември 2020, носејќи им ја победата на чеканите во судиското продолжение од натпреварот против Фулам на домашен терен добиен со 1-0. На 1 јануари 2021, Соучек го постигнал првиот гол во Премиер лигата за календарската 2021 година, погодувајќи ја мрежата на Евертон во успехот на Вест Хем со 0-1 на Гудисон Парк.[8] Сезоната ја завршил со вкупно 41 настап и 10 гола, завршувајќи како најдобар стрелец на Вест Хем Јунајтед во Премиер лигата со 10 постигнати гола, колку што дал и Мајкл Антонио.[9]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Соучек играјќи за чешката репрезентација.

Соучек ја претставувал Чешка во неколку младински репрезентации: под 19, под 20 и под 21 година.

Со репрезентацијата под 21 година играл на Европското првенство под 21 година 2017 во Полска, играјќи во сите три натпревари на Чешка на турнирот.

Своето деби за сениорската репрезентација, Соучек го имал на 15 ноември 2016 година, во пријателски натпревар против Данска. Својот прв гол за чешката репрезентација го постигнал во победата со 2-1 над Исланд во уште еден пријателски натпревар.

На 24 март 2021, Соучек постигнал хет-трик во гостинската победа со 6-2 над Естонија во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022.[10]

Во јуни 2021, Соучек бил повикан во чешката репрезентација за Европското првенство 2020. Тој играл во сите три натпревари од групната фаза, а потоа бил и капитен на својата земја во победата со 2-0 над Холандија во осминафиналето.[11] Чешка го завршила учеството на првенството во четвртфиналето, после поразот од Данска со 1-2.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Чешка
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
15-11-2016 Млада Болеслав Чешка Чешка 1 – 1 Данска Данска Пријателска - влегол во игра 66'
05-06-2017 Брисел Белгија Белгија 2 – 1 Чешка Чешка Пријателска -
10-06-2017 Осло Норвешка Норвешка 1 – 1 Чешка Чешка Квал. за СП 2018 - добил жолт картон во 73-тата минута 73'
01-09-2017 Прага Чешка Чешка 1 – 2 Германија Германија Квал. за СП 2018 -
04-09-2017 Белфаст Северна Ирска Северна Ирска 2 – 0 Чешка Чешка Квал. за СП 2018 -
05-10-2017 Баку Азербејџан Азербејџан 1 – 2 Чешка Чешка Квал. за СП 2018 - влегол во игра 78'
08-11-2017 Доха Исланд Исланд 1 – 2 Чешка Чешка Пријателска 1 добил жолт картон во 82-рата минута 82'
11-11-2017 Доха Катар Катар 0 – 1 Чешка Чешка Пријателска - влегол во игра 74'
23-03-2018 Нанинг Уругвај Уругвај 2 – 0 Чешка Чешка Пријателска - заменет 76'
26-03-2018 Нанинг Кина Кина 1 – 4 Чешка Чешка Пријателска - влегол во игра 79'
06-06-2018 Швехат Нигерија Нигерија 0 – 1 Чешка Чешка Пријателска - заменет 65'
06-09-2018 Ухерске Градиште Чешка Чешка 1 – 2 Украина Украина УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - добил жолт картон во 53-тата минута 53'
10-09-2018 Ростов-на-Дон Русија Русија 5 – 1 Чешка Чешка Пријателска 1 добил жолт картон во 63-тата минута 63'
13-10-2018 Трнава Словачка Словачка 1 – 2 Чешка Чешка УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза - добил жолт картон во 38-мата минута 38'
15-11-2018 Гдањск Полска Полска 0 – 1 Чешка Чешка Пријателска - заменет 46'
19-11-2018 Прага Чешка Чешка 1 – 0 Словачка Словачка УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
22-03-2019 Лондон Англија Англија 5 – 0 Чешка Чешка Квал. за Евро 2020 -
26-03-2019 Прага Чешка Чешка 1 – 3 Бразил Бразил Пријателска -
07-06-2019 Прага Чешка Чешка 2 – 1 Бугарија Бугарија Квал. за Евро 2020 -
10-06-2019 Оломоуц Чешка Чешка 3 – 0 Црна Гора Црна Гора Квал. за Евро 2020 -
07-09-2019 Приштина Косово Косово 2 – 1 Чешка Чешка Квал. за Евро 2020 -
10-09-2019 Подгорица Црна Гора Црна Гора 0 – 3 Чешка Чешка Квал. за Евро 2020 1 добил жолт картон во 82-рата минута 82'
11-10-2019 Прага Чешка Чешка 2 – 1 Англија Англија Квал. за Евро 2020 -
14-11-2019 П'лзењ Чешка Чешка 2 – 1 Косово Косово Квал. за Евро 2020 - добил жолт картон во 55-тата минута 55'
17-11-2019 Софија Бугарија Бугарија 1 – 0 Чешка Чешка Квал. за Евро 2020 -
11-10-2020 Хаифа Израел Израел 1 – 2 Чешка Чешка УЕФА Лига на нации 2020-2021 -
14-10-2020 Глазгов Шкотска Шкотска 1 – 0 Чешка Чешка УЕФА Лига на нации 2020-2021 -
11-11-2020 Лајпциг Германија Германија 1 – 0 Чешка Чешка Пријателска - добил жолт картон во 76-тата минута 76'
15-11-2020 П'лзењ Чешка Чешка 1 – 0 Израел Израел УЕФА Лига на нации 2020-2021 -
18-11-2020 П'лзењ Чешка Чешка 2 – 0 Словачка Словачка УЕФА Лига на нации 2020-2021 1
24-03-2021 Лублин Естонија Естонија 2 – 6 Чешка Чешка Квал. за СП 2022 3
27-03-2021 Прага Чешка Чешка 1 – 1 Белгија Белгија Квал. за СП 2022 - добил жолт картон во 43-тата минута 43'
30-03-2021 Кардиф Велс Велс 1 – 0 Чешка Чешка Квал. за СП 2022 -
04-06-2021 Болоња Италија Италија 4 – 0 Чешка Чешка Пријателска - заменет 46'
08-06-2021 Прага Чешка Чешка 3 – 1 Албанија Албанија Пријателска - добил жолт картон во 55-тата минута 55'
14-06-2021 Глазгов Шкотска Шкотска 0 – 2 Чешка Чешка Евро 2020 - Прва фаза -
18-06-2021 Глазгов Хрватска Хрватска 1 – 1 Чешка Чешка Евро 2020 - Прва фаза -
22-06-2021 Лондон Чешка Чешка 0 – 1 Англија Англија Евро 2020 - Прва фаза -
27-06-2021 Будимпешта Холандија Холандија 0 – 2 Чешка Чешка Евро 2020 - Осминафинале -
Вкупно Настапи 39 Голови 7

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 13 јуни 2021

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2014-јан.2015 Чешка Славија Прага 0 0 КЧ - - - - - - 0 0
јан.-јун.2015 Чешка Викторија Жижков 14 0 КЧ - - - - - - 14 0
2015–2016 Чешка Славија Прага 29 7 КЧ 2 0 - - - - 31 7
2016-јан.2017 7 0 КЧ 1 0 ЛШ 5 0 - - 13 0
јан.-јун. 2017 Чешка Слован Либерец 12 0 КЧ 1 0 - - - - 13 0
2017-2018 Чешка Славија Прага 27 3 КЧ 4 0 ЛШ+ЛЕ 3[12]+5 0+0 - - 39 3
2018-2019 29+5 10+3 КЧ 2 3 ЛШ+ЛЕ 2[12]+11 0+2 - - 49 18
2019-јан.2020 17 8 КЧ - - UCL 8[13] 2 СЧ 1 2 26 12
Вкупно Славија Прага 114 31 9 3 34 4 1 2 158 40
јан.-јун. 2020 Англија Вест Хем Јунајтед ПЛ 13 3 - - - - - - 13 3
2020-2021 ПЛ 38 10 ФАКуп+ЛК 3+0 0 - - - - - - 41 10
Вкупно Вест Хем Јунајтед 51 13 3 0 - - - - 54 13
Вкупно во кариерата 191 44 13 3 34 4 1 2 239 53

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Чешка Славија Прага[уреди | уреди извор]

2018-2019
2017-2018, 2018-2019

Индивидуални[уреди | уреди извор]

2019,[14] 2020[15]
2020[16]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „2020/21 Premier League squads confirmed“. Premier League. 20 October 2020. Посетено на 22 October 2020.
  2. „Jose Mourinho: West Ham lucky to draw; David Moyes has found his 'new Marouane Fellaini' in Tomas Soucek“. Skysports. 19 October 2020. Посетено на 19 October 2020.
  3. 'He just wasn't good enough' - Soucek's rise“ – преку www.bbc.co.uk.
  4. „RENTGEN: Štít Ngadeu? Řešení z nouze, které nyní táhne Slavii“. iSport.cz. Посетено на 8 December 2016.
  5. „Mám se vrátit do Slavie, víc neřeším, říká Souček před odletem na Euro“. iDNES.cz. 14 June 2017. Посетено на 2 July 2017.
  6. „West Ham United complete loan signing of Czech midfielder Tomáš Souček“. West Ham United FC. 29 January 2020. Посетено на 30 January 2020.
  7. „West Ham United complete €21m permanent Tomáš Souček transfer“. West Ham United. 24 July 2020. Посетено на 27 July 2020.
  8. „Soucek scores first goal of 2021, West Ham beats Everton“. SportsNet. 1 January 2021. Посетено на 1 January 2021.
  9. „West Ham United FC Statistics | Premier League“. www.premierleague.com.
  10. „Estonia 2–6 Czech Republic: Tomas Soucek scores hat-trick in comfortable win“. BBC Sport. 24 March 2021. Посетено на 24 March 2021.
  11. „Tomáš Souček: It was a great honour to captain Czech Republic to victory over Netharlands“. Вест Хем Јунајтед. 28 јуни 2021. Посетено на 30 јуни 2021.
  12. 12,0 12,1 во квалификациите
  13. 2 настапи во квалификациите
  14. „Souček jasným KRÁLEM! Záložník se po skvělé sezoně stal Fotbalistou roku“. isport.blesk.cz (чешки). CNC. 22 March 2020. Посетено на 23 March 2020.
  15. „Souček znovu králem českého fotbalu, Trpišovský nejlepším trenérem, Zima největším talentem“. sport.cz (чешки). Právo. 23 March 2021. Посетено на 23 March 2021.
  16. „Záložník Souček poprvé vyhrál anketu Zlatý míč ČR o fotbalistu sezony“. ksn.cz (чешки). KSN. 4 August 2020. Архивирано од изворникот на 2020-10-29. Посетено на 4 August 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]