Златна топка на ФИФА
Златна топка на ФИФА (француски: FIFA Ballon d‘Or) – поранешна награда која се доделувала во периодот од 2010 до 2015 година за најдобриот фудбалер на светот врз основа на гласовите на селекторите и капитените на државните репрезентации, како и спортски новинари ширум светот.
Наградата била доделувана во почетокот на јануари за успеси во претходната година во склоп на гала вечерата на ФИФА кога биле доделувани и наградите за најдобра фудбалерка, женски и машки тренер, најдобрите единаесетмина, најдобриот гол, фер-плеј трофејот, претседателската награда и наградата за развој. Воспоставена во 2010 година со спојување на наградите Златна топка и Фудбалер на годината на ФИФА.
Златната топка (Ballon d'Or) првпат била доделена во 1957 година од страна на француското фудбалско списание "Франс фудбал". Во изборот гласале новинарите, првично за играчи од Европа во европски клубови, потоа за сите играчи во европските клубови и на крајот, за сите фудбалери на светот. Во 1991 година ФИФА првпат ги доделила наградите за фудбалер и фудбалерска на годината. Гласале селекторите и капитените на репрезентациите. Од 2005 година двете награди ги добивале исти играчи и заради сличната намена дошло до идејата овие две признанија да се спојат во едно. Во текот на 2010 година, претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, објавил дека во соработка со „Франс фудбал“ е создадена нова награда.[1] Последен пат наградата е доделена во 2015 година, после што повторно се доделуваат две различни награди: Златна топка, која ја доделува Франс фудбал и Најдобар фудбалер на ФИФА, награда која ја покренала ФИФА како наследник на наградата Фудбалер на годината на ФИФА.
Список на добитниците[уреди | уреди извор]


- Освојувачи на Златната топка на „Франс фудбал“ (1956-2009)
- Освојувачи на наградата Фудбалер на годината на ФИФА (1991-2009)
Година | Добитник на Златната топка | Второпласиран | Третопласиран |
---|---|---|---|
2010 | ![]() (Барселона) |
![]() (Барселона) |
![]() (Барселона) |
2011 | ![]() (Барселона) |
![]() (Реал Мадрид) |
![]() (Барселона) |
2012 | ![]() (Барселона) |
![]() (Реал Мадрид) |
![]() (Барселона) |
2013 | ![]() (Реал Мадрид) |
![]() (Барселона) |
![]() (Баерн Минхен) |
2014 | ![]() (Реал Мадрид) |
![]() (Барселона) |
![]() (Баерн Минхен) |
2015 | ![]() (Барселона) |
![]() (Реал Мадрид) |
![]() (Барселона) |
Поредок по освоени места[уреди | уреди извор]
- Играчи
Играч | 1. место | 2. место | 3. место | |
![]() |
||||
![]() |
||||
![]() |
||||
![]() |
||||
![]() |
||||
![]() |
||||
![]() |
- Држави
Држава | 1. место | 2. место | 3. место | |
![]() |
||||
![]() |
||||
![]() |
||||
![]() |
||||
![]() |
||||
![]() |
- Клубови
Клуб | 1. место | 2. место | 3. место | |
![]() |
||||
![]() |
||||
![]() |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „The FIFA Ballon d'Or is born - FIFA.com“. Архивирано од изворникот на 2011-01-14. Посетено на 2019-09-24.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Официјална страница на семрежното место на ФИФА Архивирано на 25 март 2015 г.